Ослободителна народна армија
Ослободителната народна армија (ОНА) (албански: Ushtria Çlirimtare Kombëtare, UÇK), позната и како македонската УЧК[б 1] — сепаратистичка, терористичка организација[1] која во текот на 2001 година го започнала вооружениот конфликт на територијата на Македонија. ОНА била создадена од структурите на расформираната ОВК.[2].
Вооружениот конфликт во Македонија завршил со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, според кој македонските Албанци добиле поголема автономија и права во земјата.
Создавање
уредиСпоред некои извори, ОНА се јавила како продолжение и трансформација на ОВК на просторот на Република Македонија, а нејзините членови биле поранешни припадници на ОВК кои учествувале во борбите на Косово. Со распуштањето на ОВПМБ, поголем дел од нив преминале на територијата на Македонија во редовите на ОНА.
Според голем број на извори, крајната цел на ОНА и ОВПМБ била Косово да добие независност, кое би претставувало основно територијално јадро кон кое треба да се приклучат Јужна Србија, Урошевац, Генерал Јанковиќ, Гнилане, Приштина, селата Стачиќ, Руште и Станевце.
Со главниот штаб на ОНА во Призрен раководеле Ермуш Џемаил, Али Ахмети како политички претставник, Фазли Велиу како одговорен за дијаспората и Г’зим Острени како главен воен командант.
ОНА добивала континуирана логистичка поддршка во финансии, оружје, доброволци, храна и лекови од Косово, Република Албанија, албанската дијаспора во западноевропските земји, како и од локалното албанско население во Македонија. Голем дел од припадниците на ОНА, пред да стапат во воени битки, претходно биле припремани на воена обука во Северна Албанија.
Формирање
уредиОНА своите единици ги нарекувала бригади и ги разликувала во трицифрен број. Најпрвин била формирана т.н. 112 бригада во близина на Куманово, и 113 бригада во близина на Тетово.
ОНА била формирана во есента 1999 година, а била предводена од страна на поранешниот командант на ОВК, Али Ахмети, внук на Фазли Велиу, кој до тогаш бил надвор од јавноста на настаните. Барањата во преден план биле засновани на конфедерација на Македонија.[3]. Според подоцнешните извори, високи команданти на ОНА изјавувале дека истите не сакале да ја загрозат стабилноста и територијалниот интегритет на Македонија, и дека преку герилска војна ги барале своите права во Македонија, како народ рамноправен на македонскиот [4]. македонската влада во почетокот тврдела дека станува збор за терористичка, екстремистичка и сепаратистичка организација чија цел била отцепување на деловите на Македонија каде етничките Албанци претставуваат мнозинство, и нивно припојување кон Косово или кон создавање на една Голема Албанија.
На почетокот, на 22 јануари, ОНА своите напади врз македонските безбедносни сили започнала да ги врши со лесно оружје[5]. Но, конфликтот многу бргу ескалирал и од почетокот на март 2001 година, припадниците на ОНА воспоставиле контрола на голем дел од северна и западна Македонија, за да на крајот дојдат до само неколку километри од престолнината Скопје, заземајќи го селото Арачиново[6].
Во текот на март 2001 година, припадниците на ОНА не успеале да го заземат градот Тетово, во отворен вооружен напад, контролирајќи ги ридовите и планинските предели меѓу Тетово и Косово. На 3 мај 2001 година, македонската влада презела голема контраофанзива во кумановскиот регион[6]. Од 8 јуни, припадниците на ОНА го зазеле селото Арачиново. На 16 август 2001 година, двете страни потпишале мировен договор, познат како Охридски договор, со кое навидум бил завршен конфликтот во земјата.
Состав и воени способности
уредиСе проценува дека бројот на припадниците на ОНА бил околу 5.000[7][8]. Дел од членовите на ОНА биле обучувани британските сили. Исто како во случајот со ОВК, тие во почетокот биле во своите битки, користеле лесно пешадиско оружје од германско, американско, кинеско, албанско и југословенско потекло. Тие биле опремени со автоматски и полуавтоматски пушки, рачни минофрлачи, противтенковски и противпешадиски мини, рачни бомби, противавионски митралези, снајперски пушки со голем дострел. Како што војната напредувала, така и бунтовниците успевале да се снабдат со тешко оружје, вклучувајќи Т-55 тенкови и оклопни возила, кои ги заплениле во битките со македонските безбедносни сили[9][10].
Воени злосторства
уредиИ покрај тоа што конфликтот во Македонија бил краток, тој не бил миновен за воените злосторства. Припадниците на ОНА се служиле и со други осетливи дејства, како на пример убивањето на осумте припадници на безбедносните сили кај Вејце каде по смртта ги масакрирале нивните трупови. Некои очевидци велат дека од вкупно осум полицајци, само еден бил убиен од огнено оружје, додека другите биле малтретирани со најразлични ладни оружја[11]. Други злосторства од страна на ОНА е и сопирањето на Липковската брана, со кое градот Куманово со околината останале без вода за пиење, оштетување на столбот од далновод за напојување со електрична енергија во месноста Попова Шапка, каде околината останала без електрична енергија. Во текот на кризата во Македонија имало и повеќе случаи на киднапирање на цивилно население. Така, на 18 јули во село Отушиште биле киднапирани тројца Македонци по потекло цивили, и биле брутално малтретитирани. Исто така, веќе на 7 август, албанската војска грабнала пет работници на градежната компанија „Маврово“, кои биле физички малтретирани и сексуално злоупотребени. Како за крај, на сите пет работници со нож на телото им биле напишани по една буква, која се претпоставува дека се иницијалите на злосторниците[12]. Исто така, од страна на албанската војска бил разрушен и манастирот во Лешок[13].
По „стабилизирањето“ на државата и воспоставувањето на ред и мир, во Република Македонија биле закажани парламентарни избори кои се одржале во 2002 година. Рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ бил опаднат, а од друга страна оној на СДСМ доживувал раст. Пред само три месеци од одржувањето на изборите, од страна на веќе поранешните членови на ОНА била формирана политичка партија, а за нејзин водач бил избран Али Ахмети. На изборите победила СДСМ, а кај албанскиот блог, новата партија освоила дури 70% од вкупното албанско гласачко тело. Со ова била создадена коалиција меѓу овие две партии.
Во 2004 година, бил одржан Референдум со цел изјаснување околу ново-усвоениот закон за нова територијална поделба на Република Македонија. Референдумот главно бил одржан во корист на етничките Албанци во Македонија. Според истиот, многу градови и општини, каде Македонците биле мнозинство, со новата територијална организација тие станале „малцинство“. Така, во Општина Гостивар која според старaта поделба имаше 26,54% Македонци, со припојување на нови општини бројот на Македонците се намалил на 19,77%. Во Општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци со припојување на нови општини бројот на Македонците се намалил на 23,16%. Во Општина Струга според старата поделба имаше 47,94% Македонци со припојување на нови општини бројот на Македонците се намалил на 32,09%. Во Општина Чашка според старата поделба имаше 7,47% етнички Албанци со припојување на нови општини бројот на Албанците се зголемил на 33,06%.
Последните случувања
уредиВо текот на ноември 2007 година, во селото Бродец по неколку месечните закани, од страна на македонските безбедносни сили била спроведена акција наречена Планинска бура. Во полициската акција „Планинска бура“ биле убиени 7 албански екстремисти, а биле уапсени се 12 екстремисти и запленето е големо количество на огнено и тешко оружје, кое според полициските извори било доволно за вооружување на 150 лица и за водење на повеќе месечни вооружени борби.
Во април 2010 година, во близина на границата со Србија, било запленето големо количество на оружје, кое било наменето за УЧК[14].
На 11 мај 2010 година, во близина на македонско-косовската граница се случила престелка. Таа започнала откако четворица вооружени луѓе отвориле оган над македонските безбедносни сили. По ова, тие биле ликвидирани, и притоа било најдено огромно количество на оружје, кое се проценува дека било наменето за незадоволните членови на ОНА.
На 28 Октомври 2014 беше стрелано према Владата на Република Македонија со ракетен фрлач. Одговорноста за нападот го презеде ОНА.
На 21 Април 2015 околу 3 часот наутро вооружена група од околу 40 луѓе со униформи на УЧК ја нападнала караулата кај с.Гошинце. При што четворицата гранични полицајци ги држела во залошништво неколку часа по што ги пуштила и им порачала "...Сакаме своја држава и не признаваме никакви Охридски договори...".
Во почетокот на Мај 2015 група од најмалку 44 терористи се стационирала во градот Куманово. На 9 мај полицијата започнала акција за разбивање на групата. Акцијата траела 28 часа и завршила со 8 загинати полицајци и 14 загинати терористи.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Ослободителната војска на Косово (ОВК) (албански: Ushtria Çlirimtare e Kosovës) и ОНА го имаат истиот акроним на албански јазик
Наводи
уреди- ↑ The United Nations & regional security: Europe and beyond by Michael Charles Pugh,Waheguru Pal Singh Sidhu,2003,ISBN 1588262324,page 126
- ↑ The Fight Against Terrorism and Crisis Management in the Western Balkans by Iztok Prezelj,2008,ISBN 1586038230,page 49-50
- ↑ Guardian article,Macedonia timeline,Key dates in the crisis
- ↑ BBC,Who are the rebels?
- ↑ "Three Serb policemen killed by Kosovar extremists", The Scotsman, 19 February 2001
- ↑ 6,0 6,1 Guardian article
- ↑ „Friends of Bosnia article,Albanian rebels , trained by the SAS are gaining ground in Macedonia, aiming for the key city of Tetovo“. Архивирано од изворникот на 2006-12-23. Посетено на 2011-02-22.
- ↑ "How many groups, how many guns?", The Economist, 25 August 2001
- ↑ BBC article,Macedonia sets new peace conditions
- ↑ "Macedonia on brink of war", Sunday Times, 10 June 2001
- ↑ Veritas[мртва врска] Utrinski vesnik, Sonya Kramarska, 2006
- ↑ A1 coverage Архивирано на 17 декември 2005 г. Reality Macedonia, August 08, 2001
- ↑ The Guardian, Macedonia blast hits monastery, 21.08.2001
- ↑ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122617