Заседа Требош (2001)
Заседа Требош (2001) — последен смртоносен настан во Војната 2001 година. Заседата се случила на 11 ноември 2001 година во 19 часот во атарот на тетовското село Требош, каде што загинуваат тројца припадици на Лавовите.[1][2]
Заседа Требош (2001) | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Воен конфликт во Македонија, 2001 | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Македонија | АНА
|
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Борис Трајковски Љубе Бошкоски Ген. Горан Стојков Ком. Г. Георгиевски | Албан Периши Ком. Шќипоња Али Ахмети |
||||||
Сила | |||||||
60 припадници на безбедносните сили | 5 до 20 терористи на АНА | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Тројца убиени Тројца повредени | непознато | ||||||
Киднапирани 70 македонски цивили (после акцијата на МВР сите ослободени) |
Тројцата убиени со останатите припадници на безбедносните сили се упатија кон Џепчиште и требаше да извршат физичко обезбедување на гробницата за каде што постоеја сознанија дека се закопани шестмина од киднапираните и убиени Македонци. Заседата терористите ја поставиле од двете страни на патот, затскриени зад високите тополи засадени покрај патот. Конвојот на полициските сили бил нападнат со минофрлачи и зољи, а акцијата за извлекување на убиените и повредените траела до раните утрински часови.[3]
Ова воедно била и единствена акција на специјалната единица „Лавови“ која беше форимирана во јуни 2001 година од тогашниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
Настан
уредиИнцидентот се случил кога албанските терористи на 11 ноември 2001 година во околу 19 часот, од заседа поставена на двете страни на патот кон селото Требош, отвориле оган врз возила на МВР. Од едниот бункер терористите пукале со автоматски пушки, додека од фортификациското утврдување од спротивната страна стрелале со рачен фрлач за гранати и со „зоља“. Во првото возило од колоната, џип „лада нива“, во кое се наоѓал еден од загинатите полицајци, терористите пукале со автоматско оружје.
Во исто време, од бункерот од другата страна на патот, албанските бандити со по една граната од „зоља“ и од рачен фрлач го погодиле второто возило од колоната, оклопниот транспортер „БТР“. Во транспортерот загинале двајцата полицајци. Полицајците од конвојот жестоко возвратиле на нападот. По пет минути жестоки престрелки, терористите го фрлиле оружјето и избегале кон Требош. Се претпоставува дека најмалку пет албански бандити учествувале во нападот. Албанска национална армија (АНА) вчера ја презеде одговорноста за убиството на тројцата македонски полицајци.
Портпаролот на АНА, Албан Периши, испратил пишана изјава до канцеларијата на германската новинска агенција ДПА во Приштина, во која освен за убиството на тројцата припадници на македонската полиција се презема и одговорност за киднапирањето на македонски цивили во тетовскиот регион. Во текот на акцијата на македонските безбедносни сили се уапсени учесниците од заседата, меѓу кои се Самии Изаир, Нухи Мустафи, Музафер Зеќири, Арбен Јакупи, Јетмир Бејтула и Шкодран Идризи.[4]
Имињата на загинатите припадници на Лавовите се:
- Драго Маневски († 35 г.) од скопско с. Марино
- Оливер Петрушевски († 23 г.) од Куманово
- Бобан Трпков († 33 г.) од скопско с. Драчево
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Загинаа тројца „Лавови"“. А1. 11 ноември 2001. Посетено на 2016-10-06.
- ↑ „Подмолно убиство и заложничка драма во Полог“. Дневник. 11 ноември 2001. Посетено на 2016-10-06.[мртва врска]
- ↑ „Тројца загинаа без потреба“. Вест. 11 ноември 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-10-06.
- ↑ „По 8 дена притвор за уапсените кај тетовското село Требош“. Вест. 14 ноември 2001. Посетено на 2016-10-06.[мртва врска]