Заседа Лисец (2001)
Заседа Лисец (2001) — една од најжестоките пешадиски битки во воената 2001-ва. Ова е единствен случај во кој припадниците на безбедносните сили влегоа во заседа и останаа живи. Заседата се случи на 22 мај 2001 година во околу 19:45 часот на патот за тетовското село Лисец кај месноста Сидол. Специјалците и полицајците беа предводени од тогашниот генерал мајор на ЕСЗ Тигар Стојанче Ангелов.[2]
Заседа Лисец (2001) | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Воен конфликт во Македонија, 2001 | |||||||
Тогашниот генерал мајор на ЕСЗ Тигар, Стојанче Ангелов, пред изгорениот џип „Чироки“ во кое се движел, кога е вршен увид од страна на МВР. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Македонија | Ослободителна Народна Армија |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Борис Трајковски Ген. Стојанче Ангелов | Али Ахмети | ||||||
Сила | |||||||
Патрола од 16 припадници на безбедносните сили | 50 до 80 терористи на ОНА | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
неколку повредени | 8 убиени[1] |
Само две недели пред настанот, во идентична заседа терористите ѕверски убија, масакрираа и живи запалија осуммина припадници на безбедносните сили во масакрот кај Вејце. Заседите се речиси идентични извршени од страна на терористите на ОНА, само што овој пат патролата остана жива и успеале да спречат втор Вејце.
Настан
уредиНа 22 мај 2001 во околу 19:45 часот, во близина на полицискиот пункт „Лисец“ кај месноста Сидол, во текот на истиот ден за кратко време од страна на албанска терористичка група со минофрлачи повторно беше извршен напад врз македонските безбедносни сили и целосно уништено моторно возило џип „Чироки“, оштетено теренско возило „хермелин“ и полесно повредени неколку припадници на полицијата.
Генералот Стојанче Ангелов беше заедно со неговиот возач во џип „Чироки“ на чело на колоната. Позади нив се движеше едно теренско возило „хермелин“ и едно возило „лада нива“. Вкупно 16 луѓе броеше патролата, меѓу нив специјалци и полицајци. Како што велат учесниците, патролата возеше претпазливо. Се движеше со поголемо растојание меѓу возилата. Ако едно возило влезеше во заседа, другите две да можат да им помогнат. Ја поминале кривината во која претходно беа нападнати двајца полициски резервисти.
Во истиот миг, генералот Стојанче Ангелов забележи човечка силуета во црна униформа која поднаведнато претрчуваше под патот. Тој наредил на возачот да закочи и скокнале од џипот, по што се фрлија на десната страна од патот и отворија оган. По конфигурацијата на теренот, но и по насоката во која побегна терористот, патролата знаеше дека влегле во заседа. Ангелов точно проценил каде се наоѓаат нивните позиции, ова највероватно им ги спаси животите. Патролата први отворија оган и не им влегоа во линијата на заседата. Со тоа добиле психолошка предност пред терористите.
Сето ова се случуваше за неколку секунди. Настанала жестока престрелка, фрчеа куршуми на сите страни. Штом влегле во заседата, терористите со РПГ го погодија џипот, кое почна да гори. Целата битка траеше неколку часа. Според Ангелов, никој и денес кога ќе разговара со соборците од оваа битка, не знаеле колку навистина се пукало. Полицајците ја немаа неговата визија за местоположбата на терористите. Морале да ги неутрализираат. Ангелов во својата биографија напиша:
„Се исправив на асфалтот и во познатиот „Рамбо стил“ експлодирав! Почнав силно да викам: Сега ќе видите што ќе ви направат македонските лавови! Додека пукав постојано известував по радио врска дека сме во заседа! Нѐ очекуваа дека ќе пружиме жесток отпор! Не земале предвид дека јас сум таму. Полицајците под мојата команда дејствуваа како часовник. Пукаа како да се на тренинг! Сите храбро војуваа! Сите бевме водени од мислата за одбраната на нашата татковина!“
— Стојанче Ангелов во неговата биографската книга за Битката кај Лисец
По неколку часа борба, на припадниците на безбедносните сили им снемуваше муниција, а албанските терористи имаа помош од свежа жива сила. Постојано паѓаа гранати. Патролата од 16 луѓе сè уште не знаеле дали е поголема операција на терористите. Почнало и да се стемнува. Ангелов додадува:
„Една сцена длабока ми се врежа во психата! Невообичаено, паѓаа премногу гранати! Десно од мене паѓаа и проектили од автоматско оружје. Повторно се исправив на коленици. Почнав да пукам од колк. Пред мене се најдоа двајца полицајци... Одеднаш претаа... Гледав кон нив! Срцето ми застана... Ова ми е еден од најсилните стресови од 2001-та! Буквално пукав над нив! Веднаш ја фрлив пушката. Скокнав како лав ... За миг заборавив на пукањето! Заборавив на сѐ што се случуваше. Ги фатив двајцата за грб. Ги свртев кон мене. Полицајците прозбореа: Команданте добро сме! Бев избезумен од радост што се живи! Тогаш колку што ме држи гласот викнав: Па што чекате, ајде да пукаме!“
— Стојанче Ангелов во неговата биографската книга за Битката кај Лисец
Заклучок
уредиЗаседата „Лисец“ ќе се памети како една од најжестоките пешадиски битки во воената 2001-ва и ќе важи за единствен случај, во кој припадниците на безбедносните сили влегоа во заседа и останаа живи.
Две недели пред да се случи заседата Лисец, албанските терористи истата терористичка тактика ја употребија и во масакрот кај Вејце. Во заседа, терористите ѕверски убија и масакрираа осуммина припадници на безбедносните сили кај селото Вејце. Монструозениот напад на македонските безбедносни сили кај Лисец е речиси идентичен на масакрот кај Вејце. Од заседа, подмолно и со вкрстен оган ја нападнаа полициската патрола. И во двете случаи, патролата броела 16 луѓе.
Настанот укажува и на карактерот на албанските терористи. Тие напаѓаа и убиваа само во заседи.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Macedonia rebels die in clashes“. CNN. Посетено на 11 May 2022.
- ↑ „Нападнат полициски конвој, повреден полицаец“. Вест. 22 мај 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-05-31.