Масакр кај Карпалак

Масакр кај Карпалак — најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.[3]

Масакрот кај Карпалак
Дел од Воен конфликт во Македонија, 2001
Датум 8 август 2001 во околу 9:30 часот
Место Автопат Скопје - Тетово кај месноста Карпалак
Завојувани страни
 Македонија
  • АРМ
  • Резервисти од прилепскиот гарнизон на АРМ
ОНА
  • 112 регионална бригада „Мујдин Алиу“

АНА[1]

Команданти и водачи
Борис Трајковски
Владо Бучковски
Ген. Панде Петровски
Кап. Нане Наумоски
Али Ахмети
Шеваљ Етеми
Сила
Конвој од 120 прилепски резервисти на АРМ 80 терористи
Жртви и загуби
10 војници убиени
тројца ранети
Двајца убиени терористи[2]
10 ранети

Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

Заднина

уреди

Месноста Карпалак пред да се случи масакрот

уреди

Во Карпалак од самиот почеток на воената криза имаше полициски пункт, а без знаење на Министерството за одбрана истиот беше повлечен на два дена пред да се случи „Карпалак“. Повлекувањето на полицискиот пункт беше извршена со нечија наредба, причината за повлекување и кој го наредил од МВР не се познати.[4]

Неколку дена пред тоа, Љубе Бошкоски, вршејќи обиколка на Тетовскиот простор и Гостивар, при враќањето за Скопје, на самото место Карпалак, неговата придружба од оклопни транспортери отворија оган по ридовите од левата и од десната страна на местото Карпалак. Истата вечер медиумите објавија дека „Министерот за внатрешни работи е нападнат на просторот Карпалак“. Чуден факт е што кај месноста Карпалак не се забележани терористи, а просторот беше надвор од зоната која е опфатена со воени дејства. Исто така сообраќајот од Скопје за Тетово и обратно, како Тетово - Гостивар - Маврово се одвиваше без каков било инцидент. Тука беше ОБСЕ, НАТО кои исто така го набљудува целиот простор.

Генералот Панде Петровски се јави до амбасадорот на НАТО, како би реагирал господинот Ајф за проширувањето на Диверзантско терористички групи, надвор од договореното. Ајф му одговори на Петровски кратко со:„Не секирајте се, тоа е мала медиумска пропаганда“.

Во тетовскиот реон беа распоредени единиците од вториот армиски корпус - Битолски од самиот почеток на извидување на воените дејства. Замена на единиците се вршеше: Битола - Кичево - Гостивар - Тетово и Битола - Прилеп - Скопје - Тетово. Протокна воени возила, на овие правци секојдневно имаше. Таа активност беше во надлежност на командантот на корпусот и командантите на бригадите.

Настан

уреди

8 август 2001

уреди

На 8 август 2001 година командантот од Прилеп имал планирано да изврши замена на еден дел од артилериската единица која беше на позиции во Тетовско, со нови војници - како и секогаш што се правело. Единицата тргнала од Прилеп - Скопје - Ѓорче Петров - Тетово. Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската која што била сместена во Тетовско. Чиста случајност беше што единицата од Прилеп во временски раздел од 30 минути излегла пред борбените единици кој во 9 часот тргнаа од Скопје за Еребино, односно автопатот за Тетово.

„Планерот“ кој сакал по секоја цена да ја спречи операцијата во Тетово, според јавно објавената задача преку А1 телевизија, испланирал и организирал заседа и рушење на автопатот за Тетово на местото Карпалак. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати било пукано од клисурата Карпалак, при што бил погоден еден камион од конвојот кој се запалил. Било запалено и едно цивилно возило, а било стрелано од автоматско оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците. Возачот на автобусот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

„Планерот“ мислејќи дека пристигнала колоната од Скопје, односно дека овие возила се како претходницата, во 9:30 часот ја отпочнал заседата - дејството по возилата кои се движеле по автопатот за Тетово. Терористите нанесоа кукавички, тешки и грозоморни загуби на недолжни македонски војници, но не успеаа да го дигнат автопатот во воздух и да го спречат доведувањето на единиците од Скопје иако имаа подготвено и поставено 200 килограми експлозив.

Причината што не успеаа е поради тоа што хеликоптерите беа во воздух за пратење на колоната тенкови и транспортери за планираната операција и за 10 - 15 минути отпочнаа со борбено дејство во реонот каде што беше организирана заседата и не успеаа да го активираат експлозивот. Подоцна, на позициите каде што беа терористите, пронајдени беа жиците за активирање на експлозивот и по нив беше пронајден експлозивот во каналот на автопатот веднаш деминиран, поставен во пропусниот канал под автопатот.

Во извештајот од ВВ и ПВо, покрај другото, стои дека пет минути пред да се случи заседата хеликоптер на КФОР го надлетал просторот на Карпалак, а два џипа од КФОР под дејството на нашите хеликоптери избегале и тоа едниот за Скопје, а другиот се скрил во Ново Село.[5]

По нападот македонските безбедносни сили ги употребиле авионите „Сухои“ за надлетување на теренот, а за цело време надлетувале и хеликопетрите. Автопатот Скопје - Тетово бил затворен за сообраќај. Никој од командната и раководна структура во македонскиот воен и цивилен естаблишмент не ја презел одговорноста за жртвите и направените штети. За време на нападот, министер за одбрана бил господинот Владо Бучковски.

Жртви

уреди

Која е вистината за масакрот кај Карпалак

уреди

Местенка за Рамковниот договор?

уреди
 
Автопатот „Мајка Тереза“ делница Скопје - Тетово во теснината-клисура Карпалак, каде се случи заседата на македонските бранители

Во почетокот на јули 2001 година, четириесетина дена пред масакрот кај Карпалак, во македонската Служба за државна безбедност постоеја два службени документа со податоци врз основа на кои се знаеше дека на ридот од каде се пукаше врз конвојот се наоѓа вооружена група од 10 - 15 лица. Тие преку ден биле присутни во ископаните ровови, а ноќта се повлекуваа кај свои јатаци во едно соседно село со целосно албанско население.

Државната безбедност добро го работела овој случај и успеала дури да уфрли свој човек - соработник во терористичката група. При едно нивно вообичаено ноќно повлекување кај јатаците, комбиниран тим на припадници на државната и на јавната безбедност при МВР, дури и го посетиле ова место и извршиле снимање и увид на локацијата.

Преку соработникот се извршила дури и идентификација на терористичката група, по што од оперативните евиденции на МВР можело да се види дека овие лица се всушност поранешни криминалци и наркозависници, претходно добро познати на македонската полиција.[6]

На пет дена пред потпишувањето на Рамковниот договор, а на ден пред масакрот кај Карпалак сите спорни прашања од Рамковниот договор беа усогласени. Историската вистина за недолжно загинатите борци, кои загинаа надвор од зоните на воените дејства, оврска е да се каже, бидејќи восите изведени боени операции што АРМ ги изведе на просторот загинаа само три борци - сите други останати загинаа на кукавички начин во заседи. Ако некој планирал да убие припадници на АРМ без повод можел да го направи и на некое друго место на јавните патишта каде секојдневно се движеа армиските припадници.

Некому му требала „конструкција“ пред потпишувањето на Рамковниот договор. Тој „некој“ дали тоа му требало за да се одложи потпишувањето на Рамковниот договор или да се забрза ќе покаже времето. Масакрот кај Карпалак немаше да се случи доколку врховниот командант не ги слушаше „советниците“ пред потпишувањето на Рамковниот договор.

Сè уште не е јасно кој наредил на 6 август 2001 година, два дена пред масакрот, да се повлече полицискиот пункт од месноста Карпалак а Министерството за одбрана и Генералштабот за не бидат за тоа информирани.

Сите хронолошки постапки преку „Карпалак“ наведуваат на заклучок дека некој тоа го испланирал со одредена цел, сличко како со Арачиново; но со Арачиново беше постигната целта: прекинати беа воените дејства на АРМ и отпочна да се решава проблемот преговарачки, со директно учество на меѓународната заеднца. Со „Карпалак“ целта можеше да биде: или да се одложи потпишувањето на Охридскиот договор, доколку „режисерот“ на тој настан е домашен, или да се забрза потпишувањето, доколку „режисерот“ не е домашен или барем не е од македонскиот блок.[7]

По масакрот кај Карпалак

уреди

Во заштитниот средиштен бедем на автопатот има поставено метална табла која потсетува на овој настан.[8] Во чест на паданатите жртви, во Прилеп со одлука на локалните власти се преименувани неколку улици кои ги носат имињата на загинатите. Во дворот на касарната Мирче Ацев е подигнато спомен обележје пред кое секоја година се оддава почит на жртвите.

После толку години ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на бранителите кај Карпалак.[9]

Стихови за масакрот

уреди
Оваа земја раѓала херои и предавници, јунаци и проклетници, македонски. Куршум по куршум те убивал, камен на камен те налегнал, душман по душман те изодел, па се изгорел... Карпалак, Вејце, Љуботен, народе не ги заборавај, јунаци таму загинаа за Македонија. Тој што те предал и проколнал колнат ќе биде до века, пак сонце ќе нè огрее откај планините...

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Новая албанская банда ответит за 10 убитых Македонцев“. rbc.ru. 2001-08-08. Архивирано од изворникот на 2012-08-31. Посетено на 2016-07-10.
  2. „Пилоти со невооружени хеликоптери спасиле тројца војници“. Дневник. 2001-08-09. Посетено на 2016-07-13.
  3. „Кој ги предаде бранителите кај Карпалак?“. Нова Македонија. 8 август 2009. Посетено на 2015-02-03.[мртва врска]
  4. „Пунктот кај Групчин отстранет“. Вест. 12 јули 2012. Посетено на 2017-01-31.[мртва врска]
  5. „Сведоштва 2001“. Генерал Панде Петровски. 2006. Посетено на 2015-02-03.
  6. „Масакрот кај Карпалак беше местенка за рамковниот договор“. Јанко Бачев за mkd.mk. 9 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 2015-02-03.
  7. „Сведоштва 2001“. Генерал Панде Петровски. 2006. Посетено на 2015-02-03.
  8. „Карпалак десет години подоцна“. Вечер. 8 август 2011. Посетено на 2015-02-03.[мртва врска]
  9. „Зошто никој не покренува истрага за Карпалак?“. ndm.org.mk. 9 август 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-03.