Операција МХ
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Операцијата МХ беше првата голема офанзива на здружените сили на македонската армија и полициските сили во бунтот во 2001 година во Македонија. Тетово и ридовите и селата во неговата околина
Операција МХ | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Воен конфликт во Македонија, 2001 | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Армија на Република Македонија | Ослободителна Народна Армија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Панде Петровски | Г’зим Острени Самидин Ѓезаири Рахим Беќири Хамди Ндрецај |
||||||
Сила | |||||||
200 војници | 300 милитанти | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Не познато | 23 убиени 7 повредени 80 заробени |
Заднина
уредиНеколку недели претходно албанските бунтовници ја презедоа контролата врз тетовската тврдина и неколку села во општина Тетово каде што се случија спорадични борби меѓу македонските безбедносни сили и албанските бунтовници. Владата спроведе таканаречени „операции за пребарување и чистење“ кои доведоа до неколку приведувања[1]
Извршување на Операција МХ
уредиОперацијата започна во 7 часот наутро на 25 март со едночасовен артилериски бараж, проследен со единици на македонската армија кои влегоа да ги опколат селата што ги држат бунтовниците. Хеликоптери ги покриваа маршрутите за повлекување и засилување кои водат кон Косово, во првата фаза од битката наиде на силен отпор во селото Гајре и Шипковица кој беше совладан со помош на полициски специјалци и свежи резерви. Падот на Шипковица и Гајре го отвори патот за заземање на тетовската тврдина што го направија македонските специјалци.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ „Macedonia police move into hills to fight rebels“. Deseret News (англиски). 2001-03-22. Посетено на 2023-09-02.
- ↑ „MACEDONIA ARMY TAKES REBEL ZONE“. Chicago Tribune. 2001-03-26. Посетено на 2023-09-02.
- ↑ Press, Danica Kirka, Associated. „Macedonia troops launch offensive against ethnic Albanian rebels“. Portsmouth Herald (англиски). Посетено на 2023-09-02.