Беласичка битка

(Пренасочено од Беласичката битка)

Беласичка битка (Битка кај Клуч) — воен судир што се случил на 29 јули 1014 г. помеѓу војските на царот Самоил и византискиот цар Василиј II. Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото Царство: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството. По овој пораз, Самоил не можел да се опорави и имал срцев удар од кој починал истата година.

Беласичка битка

Смртта на Самоил, Манасиева хроника од XIV в.
Датум 29 јули 1014
Место Беласица
Исход византиска победа
Завојувани страни
Самуилова империја Византиско Царство
Команданти и водачи
Самоил
Гаврило Радомир
Василиј II
Никифор Ксифиј
Теофилакт Вотанијат
Сила
~ 20.000 непознато
Жртви и загуби
најмалку 15.000 light

До 1014 година, византискиот цар Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото Царство и напаѓал. Самоил сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат од сите страни, па решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион,[1] ги обградил и затворил со кули.

Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самоил храбро нападнале. При тоа Самоил решил да стави сè на коцка и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Теофилакт Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица.[2] Вотанијат, всушност, гонејќи ги Самоиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.[3][4][5]

Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Гавраил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината Прилеп.[6] Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната македонска држава.Битката се одиграла на 29 јули 1014 г.Завршила со пораз на македонската војска и со заробување на 14000 до 15000 македонски војници кои биле ослепени по наредба на византискиот цар Василиј II.Откако царот Самоил ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 г. и е позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по смртта на неговите браќа Давид,Мојсеј и Арон.Центар на самоиловата држава била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна.Самуил бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 г. од страна на папата Григориј V.Наскоро византискиот цар Василиј II започнал офанзива за ликвидирање на самоиловата држава.Во 1000 година била заземена Сердика односно Софија.„Ова што е стечено за тоа царството беше од неизмерна вредност,зошто Црно Море сега беше ослободено од бугарските заседи и е повратено општењето меѓу Цариград и Подунавјето, а Тракија беше обезбедена од страна на балканот“. Во периодот од 1001 до 1004 г. биле заземени:Колидрон,Сервија,Воден,Бер и Видин, .„Со тоа беше завршен четиригодишниот поход на Василиј против Самуил,кој избегал пред византискиот цар и овој завладеал со многубројните тврдини,од кои некои разурнал, а некои задржал за себе“. Во 1005 год. и Драч му ја откажал својата лојалност на Самоил.Така територијата на самуиловата држава многу се намалила.Сепак решавачката битка се одиграла како што споменавме на 29 јули 1014 г. кај Беласица.

Подготовки за битката

уреди

Византискиот цар Василиј II секоја година навлегувал на територијата на самоиловата држава.Самуил видел дека не може да му се спротивстави на Василиј во отворена битка и затоа решил да го спречи неговото навлегување поставувајќи ровови и оклопи.„Бидејќи знаеше дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимбланогу и Клидион,тој со широк оклоп ги утврди и ги затвори со кули обезбедувајќи ги со јака и одбрана поседа“. Оваа клисура се наоѓала во селото Макриево кое се наоѓало на запад од селото Клуч на патот од Сер до клучката клисура и било стратешко место.Тоа било Серското долго поле кое се простирало меѓу езерата Бутково и Тахинос а било заградено од планините:Шарлија,Беласица и Крушта. Клисурата се наоѓа на место каде што се доближуваат Беласица и Огражден односно северно под село Клуч.Името Кимбалдон се однесува на широката област помеѓу Струмица и Петрич на долината на реката Струма меѓу Огражден и Беласица, и тоа најнапред личело на долго поле околу 40 км кое поради неговиот специфичен облик го добила тоа име.Името Клидион ја означува Клисурата Клуч и тоа се однесува само на нејтесниот дел на Долго поле.На ова место тече реката Струма која ја дели Македонија од Тракија.Царот Самуил на тоа место подигнал утврдување на голема широчина и поставил стражари и на тој на чин му го затворил влезот на царот Василиј.„Кога царот Василиј стигна до тие клисури и сакаше да мине низ нив,Самуиловите војници го спречија во тоа од блиските висови,бранејќи се храбро уништувајќи ги одозгора напаѓачите,убивајќи ги и ранувајќи ги“. Тогаш во логорот на Василиј пристигнал стратегот Вотанијат.Кога за ова дознал царот Самуил тој решил да отвори два фронта со цел со цел да ја раздели и ослабне византиската војска.Тој го испратил својот војсководец Несторица со неговата војска кај Солун.Тука била сконцентрирана византиската војска која ја предводел Вотанијат со неговиот син Михајло.Византиската војска ја поразила самуиловата војска кај Солун. Исто така византијците заробиле голем број на војници и земале голем плен. Во ова битка посебно се истакнал Михајло Вотанијат. Неговиот татко Теофилакт Вотанијат 40 години војувал против самуиловата војска.„Штом стигна на бојното поле,тој почна да ги гоно Самуиловите војници во клисурата наречена Клидион“. На ова место царот Самуил ја утврдил државната граница.„Самуил ја утврдил државната граница во оние теснини во родопското подрачје што се наоѓале кај Места и Струма, а планината Беласица доаѓала на југ од овие теснини“. Царот Самуил знаел дека Василиј се спрема за нов поход па заедно со неговиот син Гаврило Радомир и поголемиот дел од војската се распоредил во Клучката клисура меѓу Беласица и Огражден.Византискиот цар се двоумел дали војската ќе може да навлезе во клисурата, но војсководецот Никифор Ксифијас кој бил стратег на Филипополисго убедил тој да остане на местото кај што се наоѓал и да ја напаѓа самуиловата војска од ѕидот а тој да се префрли на друго место и отаму да напаѓа. Тој земал со себе војска и ја обиколил планината Беласица.

Текот на битката

уреди

На 29 јули 1014 г. царот Василиј II од врвот на планината Беласица ги нападнал Самуиловите војници од зад грб.Тие биле изненадени и започнале да бегаат.Царот Василиј влегол низ напуштената тврдина и ја урнал преградата која била поставена од страна на самуиловите војници и започнал да ги гони Самуиловите војници.Голем дел од војниците загинале а голем дел биле и заробени.Самуил успеал да побегне со помош на неговиот син Гаврило Радомир.„Самиот пак Самуил одвај ја обегна опасноста да биде заробен и единствено благодарение на неговиот син, кој храбро ги одбиваше нападите на византискиот напаѓач,го качи на коњ и го одведе до тврдината Прилеп“. Во оваа битка царот Самуил доживеал пораз.Тоа означува почеток на крајот на неговата држава.

Ослепување на војниците и смртта на Самоил

уреди

По победата над Самуил византискиот цар Василиј II наредил 14000 војници кои биле заробени да бидат ослепени. На секој стоти војник му било оставено по едно око за да ги води војниците кај царот. Царот Василиј префрлајќи се преку теснини се упатил кон Струмица. Притоа му наредил на солунскиот војвода Теофилакт Вотанијат да ги премине ридовите околу Струмица и да ги запали ѕидовите за да му ги очисти сите пречки кон патот што води кон Солун. Но на враќање попаднал во заседа која била направена во долгнаместите процепии. Бил нападнат од самуиловите војници кои го гаѓале со камења и стрели. Четата на Теофилакт Вотанијат била натерана во тесно и тој не можел да се брани и загинал заедно со голем број од неговите војници. Кога царот дознал за поразот на Теофилакт Вотанијат му паднало многу жал. Тој не се осмелувал да оди понатаму и се вратил назад во Загорје каде што се наоѓала јаката тврдина Мелник. Кога Царот Самуил ги видел неговите ослепени војници како идат на кај него не можел да ја издржи таа глетка и паднал во несвест. Оние што биле присутни околу него успеале да го освсестат и да му го вратат дишењето. Откако се освестил побарал да се напие вода. Но штом се напил од водата добил срцев удар и по два дена умрел.

Битката кај Беласица како тема во уметноста

уреди

Користена литература

уреди
  • „Средновековна Македоноија“, том 1, Стјепан Антојак, Скопје. 1985.
  • „Средновековна македонија“, том 3, Бранко Панов,Скопје. 1985.
  • „Одбрани текстови од историјата на македонскиот народ“, Љубен Лапе, Скопје. 1959.

Наводи

уреди
  1. Според мислењето на Ј. Иванов, Кимба Лонга е влашки топоним и се наоѓала во Струмичко подрачје, а Клидион би било селото Клуч, што лежело меѓу Беласица и Огражден.
  2. Грчки извори, VI, 285.
  3. Vindob. hist. 74 (13-14).
  4. Византиски извори, III, 106.
  5. Грчки извори, VI, 284.
  6. Michaelis Glykas, Corpus, t. 16, 578.
  7. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 19-20.
  8. Блаже Конески, Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 69.
  9. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 161.