Кула Пирго (Мокриево)
„Кула Пирго“
| |
Кула Пирго | |
Местоположба | 41°22′30″N 22°50′18″E / 41.37500° СГШ; 22.83833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Мокриево |
Општина | Ново Село |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кула Пирго — средновековна кула која се наоѓа во селото Мокриево, Општина Ново Село. Оваа разурната кула се смета дека потекнува од времето на Цар Самоил и Беласичката битка од 29 јули 1014 година. Сепак според најновите истражувања е утврдено дека делови од кулата потекнуваат од доцноантичкиот период во периодот од 4 до 6 век[1].
Историја
уредиСпоред начинот на градење, оваа кула најверојатно била изградена во доцната антика, еден вид фрурион, т.е. набљудувачница која го обезбедувала патот. Знаејќи дека голем број од тврдините кои ги користел самиот Самоил претставуваат доцноантички тврдини кои биле делумно обновувани, постои мислење дека оваа кула била употребувана од страна на Самоил како и тврдината Мацукион, која била освоена во 1014 година од страна на Василиј II и веднаш потоа разурната. Според историските извори, Василиј ја освоил тврдината Мацукион, додека тврдината Термица и самата Струмица одолеале на ромејските напади. Фактот што оваа кула е осамена, без други придружни дефанзивни елементи, како и нејзината положба на доста благ терен, сето тоа придонело таа многу лесно да падне во оваа офанзива. Додека другите тврдини кои се наоѓале на патот на Василиј, одолеале на неговите напади[2].
Археолозите сметаат дека ма пва место постоеле повеќе кули кои во време на Отоманското Царство биле срамнети со земја за да се оневозможи да се укрепат комитите кои во тој период буквално вирееле на секој чекор на планината Беласица.
Секоја година на 10 август (29 јули според стариот календар), сите жители на населеното место се искачуваат на Пирго, каде што се наоѓаат и трите стари јавори од времето на битката.
Опис
уредиКулата е со квадратна основа со димензии 10,65.м на 10,65.м. Ѕидовите се ѕидани во масивен емплектон, со огромни камења кои ги формираат самите лица на ѕидот и со полнеж со поситни камења и малтер. Дебелината на ѕидот е приближно 3 метри. Дел од основата на кулата била поставена на самата карпа, а нејзината најголема сегашна височинска зачуваност е околу 6 м. Таа до неодамна била многу позачувана од состојбата што ја има денеска, доколку се има предвид и податокот од самите селани, кои тврдат дека оваа кула била извор за камења, на еден начин каменолом од кој тие собирале камења со кои ги граделе нивните куќи и штали. Според должините на основата на кулата, се смета дека височината била најмалку двапати поголема од основата, некаде над 20 метри, а самиот влез на самата кула се наоѓа на 5-6 м од подното ниво[2].
Функција
уредиПричината за овие димензии на кулата е пристапниот терен. Оваа кула имала офанзивна функција, односно брзо да дејствува според потребите на самиот Подгорски пат, кој е на околу 400 м од кулата, а меѓу другото и да одолее на напади, но не и во конкретниот случај кога Василиј нападнал со огромна војска. Имало одлична прегледност на патните комуникации, а и одлична видливост кон наоѓалиштето Цареви кули. Во времето на Беласичката битка оваа кула одиграла одредена улога бидејќи се наоѓа во непосредна близина на Клучката клисура, место каде се одвила борбата меѓу Византија и силите на Самоил[2].
Галерија
уреди-
Натпис за Беласичката битка
-
Стариот јавор на Пирго
-
Поглед кон месноста
-
Остатоци од кулата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пронајдени остатоци од античка кула“. Нова Македонија. Посетено на 2013-04-19.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Душко Цветанов, Воено - стратегиското значење на струмичката област за време на Цар Самуил (X - XI), 2015.
Надворешни врски
уреди„Кула Пирго (Мокриево)“ на Ризницата ? |