Милош Раониќ

Канадски тенисер
(Пренасочено од Милош Раонич)

Милош Раониќ (српски: Милош Раонић; р. 27 декември 1990канадски професионален тенисер од српско потекло[2] кој живее во Монте Карло, Монако.[1][3]

Милош Раониќ
Милош Раониќ на Вимблдон 2013
Земја Канада[1]
Место на живеењеМонте Карло, Монако[1]
Роден на27 декември 1990(1990-12-27)(33 г.)
Роден воТитоград, СФР Југославија
Спорт Тенис
Висина&100000000000001960000001,96 м
Професионалец2008
Игра со• десна рака
• дворак бекхенд
Заработка$ 2,602,602
Поединечно
Победи-порази100–55
Титули4
Највисок пласманБр. 13 (5 ноември 2012)
Сегашен пласманБр. 15 (8 јули 2013)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен4R (2011, 2013)
Ролан Гарос3R (2012, 2013)
Вимблдон2R (2011, 2012, 2013)
УС Опен4R (2012)
Други турнири
Олимписки игри2R (2012)
Во двојки
Победи-порази16–17
Титули0
Највисок пласманБр. 103 (10 јуни 2013)
Сегашен пласманБр. 105 (8 јули 2013)
Ажурирано на: 8 јули 2013.

Роден во Титоград, СФР Југославија (денес Подгорица, Црна Гора), Раониќ на три годишна возраст со своето семејтво се преселил во Канада.[3] Тој е највисоко пласираниот канадски тенисер на АТП од кога започнало компјутерското рангирање од 1973, со моментален пласман на 15-то место во светот.[4]. Во 2011 тој за еден месец се искачил од 102-то место на 37-то место на АТП листата, откако го достигнал четвртото коло на Отвореното првенство на Австралија и ја освоил својата прва АТП титула на САП Опен 2011. Раониќ, кој претпочитува да игра на тврда подлога,[5] исто така добро се снаоѓа и на останатите тениски подлоги. Од крајот на 2010 сè до мај 2013, негов тренер бил поранешниот шпански професионален тенисер Гало Бланко. Моментално негов тренер е Иван Љубичиќ.

Статистички, неговиот сервис е еден од најдобрите на АТП турата. Во 2012, тој одсервирал најмногу асови по натпревар и освоил највисок процент на реализација на прв сервис од било кој друг играч.

Професионална кариера

уреди

На Раониќ му била дадена вајлд карта за настап на три фјучерс турнири спонзорирани од страна на Тениската федерација на Канада и Банката на Канада одржани во март во провинцијата Квебек. На првиот фјучерс тој ја забележал својата прва победа во својата кариера, над 687-от тенисер во светот Фабрис Мартин со 7–5, 2–6, 6–4. Во второто коло тој бил поразен од 661-от тенисер во светот, австриецот Патрик Шмолцер со 3–6, 3–6. Следната недела на вториот фјучерс, Раониќ бил поразен во првото коло од 2-от носител на турнирот, Џон Пол Фратеро со 6–7, 3–6. Во двојки, на двата турнири, Раониќ настапил заедно со Васек Поспишил но биле поразени уште во првото коло. На третиот фјучерс турнир, Раониќ бил повторно поразен во првото коло, но во игра на двојки заедно со Фредерик Ниемејер стигнал до полуфиналето.

Раониќ повторно добил валјд карта за настап на три фјучерс турнири одржани во март во Квебек, и овојпат забележал многу подобри резултати. На првиот фјучерс, Раониќ заедно со Милан Покрајач успеал да ја освои титулата во игра на двојки, додека во поединечна конкуренција бил поразен од Мајкл Јани во четвртфиналето во три сета. Следната недела, во Монтреал, во игра на двојки Раониќ заедно со Милан Покрајач повторно стигнал до финалето, во кое овојпат биле поразени. На последниот фјучерс турнир во Шербрук, Раониќ стигнал до самото финале кое било прво во неговата кариера, но бил поразен со 5–7, 6–7 од италијанецот Енрико Јануци. .

Кон крајот на април, Раониќ се појавил на ИТФ фјучерс турнирот во Веро Бич, Флорида и откако успешно ги поминал квалификациите влегол во главниот ждреб. Сепак тој во првото коло бил поразен од американецот Маркос Фугејт со 1–6, 4–6. Раониќ исто така бил дел и од главниот ждреб во игра на двојки, но заедно со неговиот партнер Адам ел Мидави бил поразен во првото коло. Следната недела, тој се појавил на фјучерс турнирот во Оринџ Парк, Флорида, но бил поразен во третото квалификациско коло и покрај тоа што бил трети носител. По овој пораз, Раониќ не учествувал на ниту еден турнир сè до јули.

Во јули, Раониќ, како учесник со вајлд карта, бил поразен во првото коло на челенџер турнирите во Гранби и Монктон. Во игра на двојки, заедно со Васек Поспишил, тој стигнал до второто коло во Гранби, а бил поразен во првото коло во Монктон. Следната недела тој добил вајлд карта за учество во квалификациите за Роџерс Купот и бил поразен од 203-от тенисер во светот, Александар Кудравцев со 3–6, 4–6.

Следен турнир за Раониќ бил фјучерс турнирот во јапонскиот град Кашива, каде во првото коло бил поразен од домашниот тенисер Хироки Кондо со 4–6, 2–6. Следната недела, на фјучерс турнирот во Токио, Раониќ забележал победа над 2-от носител Тацума Ито во три сета, а потоа во второто коло бил поразен од тајландскиот дејвис куп играч Перакијат Сирилуетајватана.

Раониќ сезоната ја завршил со челенџер турнирот во канадскиот град Римуски, каде бил поразен во првото коло од венецуелскиот тенисер Хосе де Армас, и покрај тоа што го добил првиот сет. Сепак во двојки, Раониќ заедно со својот партнер Васек Поспишил успеал да стигне до својата прва челенџер титула во двојки. Со вајлд карта, Раониќ и Поспишил во финалето успеале да забележат победа над третите носители Кристијан Плес и Мајкл Ридерштед со 5–7, 6–4, 10–6. Раониќ годината ја завршил на 915-то место на АТП листата во поединечна конкуренција и на 513-то место во игра на двојки.

Раониќ новата сезона ја започнал со фјучерс турнирот во Бока Ратон, Флорида, но како тринаесетти носител бил поразен во квалификациите за турнирот. Една недела подоцна, тој успечно ги минал квалификациите на фјучерс турнирот во Санрајс, Флорида, и влегол во главниот ждреб каде бил поразен од Григор Димитров со 4-6, 2-6.

Во почетокот на февруари, Раониќ успешно ги поминал квалификациите на фјучерс турнирот во Загреб и се нашол во главниот ждреб. Во првото коло од главниот ждреб, тој забележал победа над седмиот носител Јан Мертл, а потоа во второто коло остварил победа над бугарскиот тенисер Ивајло Трајков. Во четвртфиналето тој бил подобар од русинот Денис Мацукевич, но во полуфиналето бил поразен од ирскиот тенисер Лук Соренсен. Во игра на двојки, Раониќ заедно со неговиот партнер Ерик Чивојка стигнал до второто коло. Следната недела, на вториот фјучерс турнир во Загреб, Раониќ и Чивојка стигнале до финалето во игра на двојки во кое биле поразени, а во поединечна конкуренција Раониќ бил поразен во четвртфиналето од турнирот.

По неколку недели пауза, Раониќ успешно се вратил на тениските фјучерс турнири, освојувајќи ја својата прва титула на турнирот во Монтреал.[6] Тој добил вајлд карта за учество на турнирот од страна на Тениската федерација на Канада, и во финалето забележал победа над 594-от тенисер во светот, Грегор Бурке со 6–3, 6–4. Во игра на двојки, тој и Васек Поспишил, и покрај тоа што биле први носители, биле поразени во второто коло.

 
Милош Раониќ сервира на Роџерс Купот 2009

Две недели подоцна, Раониќ повторно успеал да влезе во главниот ждреб на еден фјучерс турнир, овојпат како 4-ти носител на турнирот во Мобил, и стигнал до четвртфиналето. Во игра на двојки, тој и Филип Бестер, како трети носители, успеале да ја освојат титулата победувајќи ги во финалето првите носители, Лестер Кук и Трит Конрад Хуи. Една недела подоцна на фјучерсот во Литл Рок, Раониќ се пласирал во главниот ждреб но бил поразен уште во првото коло.

Следен турнир на кој Раониќ играл бил фјучерс турнирот во Марибор, Словенија. За првпат во својата кариера тој директно влегол во главниот ждреб на еден турнир, благодарение на својот ранкинг. Сепак, тој бил поразен во првото коло, од првиот носител на турнирот, Павол Червенак со 4–6, 2–6. Во двојки, тој и Аљаж Бедене биле поразени во второто коло. Една недела подоцна, на фјучерс турнирот во словенскиот град Литија, Раониќ повторно бил поразен во првото коло, но овојпат од третиот носител, Украинецот Денис Молчанов. Сепак, тој и Молчанов решиле да играат заедно во игра на двојки, и успеале да дојдат до титулата на турнирот, која за Раониќ била 4-та во кариерата во игра на двојки. Следната недела, Раониќ стигнал до четвртфиналето на фјучерсот во Падова, додека во двојки бил запрен во второто коло.

Следен турнир на кој Раониќ играл бил фјучерс турнирот во Питсбург, кој се играл на земјена подлога и на кој Раониќ бил седми носител. И покрај тоа што бил носител, Раониќ бил поразен во второто коло од Рајн Вилијамс. Во двојки, Раониќ и Поспишил, како први носители биле поразени во полуфиналето. Една недела подоцна, на фјучерс турнирот во Пиорија, Раониќ како шести носител бил запрен во четвртфиналето од својот партнер во двојки, Васек Поспишил. Сепак тој и Поспишил, успеале да ја освојат титулата во игра на двојки.

Раониќ повторно добил вајлд карта за учество во квалификациите на Роџерс Купот, и во првото квалификациско коло забележал победа над 77-от тенисер во светот, Тејмураж Габашвили во три сета, а потоа во второто коло бил подобар од Микаел Лодра со 6–4, 7–6.[7] Во првото коло од главниот ждреб, Раониќ бил поразен од 10-от играч во светот Фернандо Гонсалес во три сета. Следната недела, Раониќ стигнал до финалето на фјучерс турнирот во Тајланд во кое бил поразен од Китипонг Вачирамановонг во три сета, додека пак во игра на двојки, заедно со Николус Мозер, успеал да ја освои титулата на турнирот. Една недела подоцна, тој успеал да ја освои титулата на вториот фјучерс турнир во Тајланд, победувајќи го во финалето французинот Лорен Рошет.

Раониќ сезоната ја заокружил играјќи на турнири од АТП Челинџер серијата, но не забележал некој позначаен успех. Тој годината ја завршил на 373-то на место на АТП листата во поединечна конкуренција и на 425-то место во двојки.

Раониќ новата сезона ја започнал со назначувањето на Фредерик Ниемејер за негов тренер.[3] На три од своите први пет фјучерс турнири, во игра на двојки, Раониќ успеал да стигне до полуфиналните натпревари. Тој исто така забележал победа заедно со Даниел Нестор во игра на двојки во Дејвис Куп натпреварот против Колумбија.[8] Сепак, во поединечна конкуренција, тој на двапати бил поразен од колумбиските тенисери.

Во средината на април, Раониќ стигнал до нова титула во својата кариера, победувајќи го Хироки Кондо со 6–1, 6–1 во финалето на фјучерс турнирот во Сеул. Тој до титулата на турнирот стигнал без изгубен сет. Две недели подоцна, тој успеал да освои уште една титула, овојпат на фјучерс турнирот во корејскиот град Чангвон. Потоа следен настапот на челинџер турнирот во Пусан, каде Раониќ бил поразен од осмиот носител Тацума Ито во првото коло. И покрај овој пораз, тој се искачил на 303-то место на АТП листата, кое во тој момент претставувало негово највисоко во кариерата.

 
Раониќ на Отвореното првенство на САД 2010

Кон крајот на јули, Раониќ успеал да стигне до финалето на челинџер турнирот во Гранби во кое бил поразен од првиот носител Тобијас Камке со 3–6, 6–7. Овој резултат на Раониќ му го донел 209-то место на АТП листата, кое повторно претставувало највисоко во кариерата. Следната недела тој добил специјално учество во главниот ждреб на челинџер турнирот во Ванкувер, каде бил поразен од седмиот носител Роберт Кендрик во првото коло со 6–7, 4–6. Тој добил валјд карта за учество на Роџерс Купот но бил поразен уште во првото коло од Виктор Ханеску со 4–6, 4–6. Во игра на двојки, тој и Васек Поспишил во првото коло имале чест да играат против Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и успеале да забележат победа, освојувајќи го третиот сет со 10–8. Сепак, во второто коло, канадските тенисери доживеале пораз.

Раониќ за првпат во својата кариера успеал да се пласира во главниот ждреб на гренд слем турнир, откако успешно ги поминал трите квалификациски кола на Отвореното првенство на САД но бил поразен во првото коло од австралиецот Карстен Бол. Две недели подоцна во рамките на Дејвис Купот, Раониќ остварил победа над Виктор Естреља во пет сета, со што Канадскиот тим обезбедил опстанок во првата американска зона, победувајќи ја Доминиканска Република со вкупни 5–0.

Кон крајот на септември, Раониќ го потврдил учеството на Отвореното првенство на Малезија, и турнирот го започнал од квалификациите. Откако успешно ги поминал квалификациите, тој забележал победи над Игор Куницин и Сергеј Стаховски во првото и второто коло редоследно, но бил запрен во четвртфиналето од Игор Андреев. Една недела подоцна, Раониќ бил дел од Отвореното првенство на Јапонија кое повторно го почнал од квалификациите. Откако остварил две победи во квалификациите, тој влегол во главниот ждреб и во првото коло бил подобар од Флоран Сера. Во второто коло тој бил поразен од првиот играч во светот, Рафаел Надал со 4–6, 4–6.[9]

Следен турнир за Раониќ бил челинџер турнирот во Ташкент кој го започнал од главниот ждреб. Тој во првото и второто коло забележал победи над Евгениј Кирилов и Сомдев Деварман редоследно, но во третото коло бил принуден да го предаде мечот против Карол Бек поради болки во рамото. Истата недела било потврдено дека нов тренер на Раониќ ќе биде поранешниот шпански тенисер Гало Бланко. По неколку неделна пауза од тениските терени, Раониќ заиграл на Отвореното првенство на Валенсија, но бил поразен уште во првото квалификациско коло. Овој турнир бил последен турнир за Раониќ во годината. Тој своето внимание го свртел кон шест неделен тренинг режим под водство на својот тренер во Барселона кој подоцна се претпоставил како клучен за напредокот на Раониќ во почетокот на 2011.[10]

Раониќ годината ја завршил на 156-то место на АТП листата во поединечна конкуренција и на 349-то место во игра на двојки.

Раониќ ја започнал 2011 со поразот во третото квалификациско коло на турнирот во Ченај од французинот Едуард Рожер-Васелин. Потоа тој успешо ги поминал квалификациите за Отвореното првенство на Австралија и успеал да влезе во главниот ждреб на турнирот. Во првото коло, Раониќ забележал победа над германецот Бјорн Фау во три сета, која за него била прва гренд слем победа во главен ждреб.[11] Во второто коло тој успеал да го победи 22-от носител, Микаел Лодра повторно во три сета, со што станал првиот канаѓанец во последните десет години кој успеал да стигне до трето коло на еден гренд слем турнир.[12] Во третото коло, Раониќ бил подобар од 10-от носител, русинот Михаил Јужни во четири сета, со што станал првиот квалификант по 1999 кој успеал да стигне до четвртото коло на гренд слем турнир.[13] Во четвртото коло, Раониќ бил поразен од Давид Ферер и покрај тоа што успеал да го освои првиот сет.[14]

 
Милош Раониќ сервира на Отвореното првенство на Австралија 2011

И покрај тоа што бил поразен, Раониќ добил многу пофалби и позитивни критики за својот настап во Мелбурн, па така Џон Мекинро и Мартина Навратилова го нарекле Раониќ "нова тениска ѕвезда" и дека "само небото е граница" за него.[15][16]

Две недели подоцна, Раониќ го потврдил учеството на турнирот САП Опен кој се одржал во Сан Хосе, Калифорнија. Откако во првото коло забележал победа над 4-от носител Ксавие Малис во два сета, тој во второто коло бил подобар од Џејмс Блејк, повторно во два сета.[17] Во четвртфиналето, Раониќ успеал да забележи победа над Ричардас Беранкис со 6–4, 7–6, и се пласирал во своето прво АТП полуфинале во кариерата. Тој успеал да стигне и до своето прво финале, откако Гаел Монфилс го предал полуфиналниот натпревар поради повреда на зглобот.[18] Во своето прво финале, Милош го победил првиот носител на турнирот, шпанецот Фернандо Вердаско со 7–6, 7–6, и ја освоил својата прва АТП титула во кариерата, со што станал првиот канадски тенисер кој освоил АТП титула во поединечна конкуренција по Грег Руседски, кој тоа го сторил во 1995.[19]

Следен турнир за Раониќ бил турнирот во Мемфис, на кој тој добил вајлд карта за учество во главниот ждреб. Интересно, тој во првото коло за противник го имал Фернандо Вердаско, играчот кој го победил само два дена претходно. Раониќ повторно успеал да слави над Вердаско, но овојпат во три сета, а потоа во второто коло забележал победа над Радек Штепанек, во натпревар во кој одсервирал вкупно 38 неодбранети сервис удари.[20] Во четвртфиналето, Раониќ бил подобар од квалификантот Роберт Кендрик во три сета, со што ја продолжил својата серија на победи. Во полуфиналето, Раониќ успеал да забележи победа над четвртиот носител, Марди Фиш повторно во три сета. Во своето второ финале по ред, Раониќ, бил поразен од Енди Родик во изедначен натпревар со 6–7, 7–6, 5–7.[21] По одличниот настап на турнирот, канаѓанецот се искачил на 37-то место на АТП листата, со што станал највиоско рангираниот канадски тенисер во историјата на канадскиот тенис.[22]

Во првата недела од март, Раониќ забележал победи на двата натпревари од Дејвис Купот против Мексико на Земјина подлога како и во игра на двојки заедно со Васек Поспишил со што Канада се пласирала во второто коло од првата американска зона.[23]

Нему му била дадена вајлд карта за учество во главниот ждреб на Мастерсот во Индијан Велс[24] каде бил поразен од Рајан Харисон во третото коло, откако претходно отстварил победи над Марсел Илхан и Марди Фиш во првите две кола.

Раониќ ја започнал сезоната на Земјина подлога со Мастерсот во Монте Карло победувајќи ги Микаел Лодра и Ернест Гулбис пред да биде поразен од 4-от носител и финалист Давид Ферер во третото коло.[25] По турнирот, Раониќ се искачил на 28-то место на АТП листата, за првпат во најдобрите 30. Една недела подоцна, тој стигнал до третото коло на Отвореното првенство на Барселона каде бил поразен од Иван Додиг во три сета. Следен турнир за Раониќ бил Отвореното првенство на Португалија, каде како петти носител успеал да стигне во полуфиналето, победувајќи ги Игор Андреев, Жоао Соуза и Жил Симон редоследно во првите три кола. Во полуфиналниот натпревар против Фернандо Вердаско, Раониќ бил принуден да се повлече по првиот сет, поради повреда на грбот. На Отвореното првенство на Франција, Раониќ бил поразен од германецот Михаел Берер во првото коло.

На тревна подлога, Раониќ стигнал до четвртфиналето на Отвореното првенство на Хале победувајќи ги Пабло Андухар и Тобијас Камке во два сета пред да биде поразен од Филип Печнер во три сета. Во игра на двојки, заедно со Робин Хасе, тој стигнал до своето прво АТП финале во игра на двојки во својата кариера. Сепак канадско-холандскиот пар бил поразен од Рохан Бопана и Ајсам-ул-Хак Куреши со 9–11 во третиот одлучувачки сет. На Вимблдон, Раониќ бил принуден да го предаде натпреварот во второто коло против Жил Милер поради повреда.

Раониќ бил принуден да подлежи на операција на колкот и на тениските терени се вратил по три месеци. Негов прв турнир по тримесечната пауза бил Отвореното првенство на Јапонија на кој во второто коло бил поразен од Рафаел Надал со 5–7, 3–6. Потоа следен настапот на Мастерсот во Шангај, каде бил поразен во второто коло од Давид Ферер. Една недела подоцна, Раониќ заиграл на Отвореното првенство на Шведска и стигнал до полуфиналето во кое бил поразен од Гаел Монфилс. На патот до полуфиналето, Раониќ успеал да отствари победи над Маркос Багдатис, Филип Печнер и Григор Димитров. Раониќ сезоната ја завршил со Мастерсот во Париз каде доживеал пораз уште во првото коло од домашниот тенисер Жулијен Бенето.

На 17 ноември 2011, Раониќ играл егзибициски натпревар против Пит Сампрас и натпреварот го добил со 7–6, 6–1 во сетови. Канаѓанецот годината ја завршил на 31-то место на АТП листата со резултат од 31 победа и 19 победи.

 
Милош Раониќ сервира на Дејвис Куп натпревар во Ванкувер

Раониќ новата сезона ја започнал со турнирот во Ченај, на кој бил поставен како четврти носител. Тој бил слободен во првото коло, а во второто коло бил подобар од романецот Виктор Ханеску. Раониќ во четвртфиналето забележал победа над Дуди Села, a потоа со победата над Николас Алмагро во полуфиналето, си обезбедил место во финалниот натпревар. Таму, Раониќ успеал да го победи првиот носител на турнирот, Јанко Типсаревиќ во изедначен натпревар со 6–7(4–7), 7–6(7–4), 7–6(7–4) за прва титула во новата сезона. На Отвореното првенство на Австралија, Раониќ не успеал да го повтори четвртото коло од минатата година и бил поразен во третото коло од домашниот тенисер Лејтон Хјуит со 6–4, 3–6, 6–7(5–7), 3–6 во сетови.

Следен турнир за Раониќ бил турнирот во Сан Хосе, Калифорнија, каде што тој имал задача да ја одбрани титулата освоена минатата година. Тој турнирот го започнал во второто коло во кое бил подобар од Тобијас Камке, а два дена подоцна го победил и јужноафриканецот Кевин Андерсон со 7–5, 7–6(7–3). Во полуфиналето, Раониќ забележал победа над Рајан Харисон за втора година по ред да се најде во финалето на турнирот. Во финалниот натпревар, Раониќ успеал да ја одбрани титулата освоена минатата година, победувајќи го Денис Истомин со 7–6(7–3), 6–2.[26]

Следната недела, на турнирот во Мемфис, Раониќ го повторил успехот од минатата сезона и повторно стигнал до финалниот натпревар, но како и минатата годината повторно бил поразен, овојпат од Јирген Мелцер со 5–7, 6–7(4–7).[26]

 
Милош Раониќ на Мастерсот во Индијан Велс 2012

На Мастерсот во Индијан Велс, Раониќ во второто коло бил подобар од Карлос Берлок, но во третото коло бил поразен од победникот на турнирот, Рожер Федерер со 7–6(7–4), 2–6, 4–6. Тој бил еден од двајцата тенисери на турнирот кој успеале да му одземат сет на Федерер.

Сезоната на земјена подлога, Раониќ ја започнал со поразот од Алберт Монтањес во првото коло на Мастерсот во Монте Карло. Една недела подоцна, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Барселона, победувајќи го Енди Мареј во четвртфиналето во два сета. Во полуфиналето тој тесно бил поразен од Давид Ферер во два тајбрејк сета. Потоа Раониќ заиграл на Мастерсот во Монте Карло и во првото коло бил подобар од Давид Налбандијан. Сепак, во второто коло, канаѓанецот бил поразен од Рожер Федерер со 6–4, 5–7, 6–7(4–7).

На Отвореното првенство на Франција, Раониќ бил поставен за 19-ти носител и во првото и второто коло забележал победи над Рубен Рамирес Идалго и над Џеси Левин редоследно. Во третото коло, во натпревар кој траел 4 часа и 33 минути, Раониќ бил поразен од Хуан Монако во пет сета со 7–6(7–5), 3–6, 7–6(7–5), 3–6, 4–6.[27]

Потоа следел настапот на турнирот во Хале на тревна подлога, каде Раониќ доживеал пораз во четвртфиналето од Рожер Федерер. На Вимблдон, Раониќ бил поразен во второто коло од Сем Квери, откако во првото коло бил подобар од Сантјаго Гиралдо.

Како домашен фаворит, Раониќ стигнал до четвртфиналето на Мастерсот во Монтреал, победувајќи го Виктор Троицки во второто коло, а потоа без игра го поминал и третото коло бидејќи Енди Мареј го предал натпреварот поради повреда на коленото. Во четвртфиналето, Раониќ бил поразен од американецот Џон Иснер со 6–7(9–11), 4–6. Поради пласманот во четвртфиналето, канаѓанецот се искачил на 19-то место на АТП листата и за првпат во најдобрите 20 во светот.

Една недела подоцна, Раониќ го потврдил учеството на Мастерсот во Синсинати. Тој во првото коло отстварил победа над Ришар Гаске, а два дена подоцна во второто коло забележал победа над Маркос Багдатис. Во третото коло, Раониќ го победил петтиот носител, Томаш Бердих во три сета, и стигнал до четвртфиналето во кое бил поразен од Станислас Вавринка повторно во три сета. На последниот гренд слем во годината, на Отвореното првенство на САД, Раониќ бил елиминиран во четвртото коло од Енди Мареј, кој подоцна успеал да ја освои својата прва гренд слем титула.[28]

На Отвореното првенство на Јапонија, Раониќ стигнал до своето петто АТП финале во кариерата. Тој во првото коло забележал победа над Радек Штепанек со 6–4, 6–4, а потоа во второто коло го елиминирал Виктор Троицки, кој го предал натпреварот поради повреда. Во четвртфиналето, Раониќ му се реванширал на Јанко Типсаревиќ за поразот на турнирот во Ченај, победувајќи го со 6–7(5–7), 6–2, 7–6(9–7), а потоа во полуфиналето, бил подобар од Енди Мареј со 6–3, 6–7(5–7), 7–6(7–4). Во финалниот натпревар на турнирот во Токио, Раониќ бил поразен од домашниот тенисер, Кеј Нишикори со 6–7(5–7), 6–3, 0–6.

Раониќ сезоната ја заокружил со Мастерсот во Париз, каде бил 14-ти носител. Тој во второто коло го елиминирал домашниот тенисер Жереми Шарди, но во третото коло бил поразен од Сем Квери во два сета.

Раониќ годината ја завршил на 13-то место на АТП листата со резултат од 45 победи и 20 порази.

Дејвис Куп

уреди

Во првото коло од Дејвис Купот 2013, Раониќ забележал две победи над Алберт Рамос и Гуљелмо Гарсија-Лопес со што Канада успеала да ја елиминира Шпанија, која била финалист во 2012.

Олимписки рекорди

уреди

На 31 јули 2012, Раониќ соборил два олимписки тениски рекорди во второто коло од тенискиот турнир на Летните олимписки игри 2012 играјќи го најдолгиот натпревар кој траел речиси четири часа и кој содржел вкупно 66 гема (претходниот рекорд бил 61 гем) и играјќи го најдолгиот сет со вкупно 48 гема (претходниот рекорд бил 30 гема поставен на игрите во Атина 2004).

Раониќ натпреварот го загубил од Жо-Вилфрид Цонга со 23–25 во одлучувачкиот трет сет, откако првите два сета завршиле 3–6, 6–3.[29]

Три дена подоцна, Рожер Федерер го победил Хуан Мартин дел Потро со 3–6, 7–6(7–5), 19–17, во полуфиналниот натпревар кој траел четири часа и 26 минути, половина час подолго од натпреварот Раониќ-Цонга, поставувајќи нов олимписки тениски рекорд за најдолг натпревар; одлучувачкиот сет се играл 2 часа 43 минути.[30]

АТП финалиња во кариерата

уреди

Поединечно: 7 (4-3)

уреди
Легенда
Гренд Слем (0–0)
АТП World Tour Finals (0–0)
АТП World Tour Masters 1000 (0–0)
АТП World Tour 500 Series (0–3)
АТП World Tour 250 Series (4–0)
Титули по подлога
Тврда (4–3)
Земја (0–0)
Трева (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 13 февруари 2011 Сан Хосе, САД Тврда   Фернандо Вердаско 7–6(8–6), 7–6(7–5)
Финалист 1. 20 февруари 2011 Мемфис, САД Тврда   Енди Родик 6–7(7–9), 7–6(13–11), 5–7
Победник 2. 8 јануари 2012 Ченај, Индија Тврда   Јанко Типсаревиќ 6–7(4–7), 7–6(7–4), 7–6(7–4)
Победник 3. 19 февруари 2012 Сан Хосе, САД (2) Тврда   Денис Истомин 7–6(7–3), 6–2
Финалист 2. 26 февруари 2012 Мемфис, САД (2) Тврда   Јирген Мелцер 5–7, 6–7(4–7)
Финалист 3. 7 октомври 2012 Токио, Јапонија Тврда   Кеј Нишикори 6–7(5–7), 6–3, 0–6
Победник 4. 17 февруари 2013 Сан Хосе,САД (3) Тврда   Томи Хас 6–4, 6–3

Во двојки: 1 (0-1)

уреди
Легенда
Гренд Слем (0–0)
АТП World Tour Finals (0–0)
АТП World Tour Masters 1000 (0–0)
АТП World Tour 500 Series (0–0)
ATP World Tour 250 Series (0–1)
Титули по подлога
Тврда (0–0)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
Исход Бр. Датум Турнир подлога Партнер Противници Резултат
Финале 1. 12 јуни 2011 Хале, Германија Трева   Робин Хасе   Рохан Бопана
  Ајсам-ул-Хак Куреши
6–7(8–10), 6–3, [9–11]

Награди

уреди

2011 – АТП Нов играч на годината
2011 - Канадски тенисер на годината[31]
2012 - Канадски тенисер на годината[32]

Личен живот

уреди

Раониќ се преселил со своето семејство во Канада на три годишна возраст од Титоград, Југославија.[3] Раониќ започнал да игра тенис на осум годишна возраст во тенискиот клуб Блекмор во Ричмонд Хил, Онтарио, со тренерот Кејси Куртис.[33]

Растејќи во предградијата на Торонто, Онтарио, Раониќ изјавил дека тенисот не е толку популарен во Канада колку што е популарен хокејот на мразот. Тој го избрал тенисот поради индивидуалноста и поради тоа што можел да тренира сам и со машината за топчиња со неговиот татко.[34] Неговите брат и сестра, Момир и Јелена, се вратиле назад во Црна Гора, и Раониќ таму многу често ги посетува.[3]

Чичкото на Раониќ, Бранимир Гроздановиќ е поранешен Министер за урбанизам и заштита на природата во Владата на Црна Гора.[35] Неговите родители живеат во Канада и двајцата се инженери, неговиот татко Душан има докторат по инженерство, а неговата мајка Весна е магистер во истата професија.[3] Раониќ течно зборува српски и англиски јазик.[1] Негови омилени спортски клубови се ФК Барселона, Торонто Репторс, безбол клубот Торонто Блу Џејс и хокеарскиот клуб Торонто Мејлп Лифс.[1][36]

Во интервју после победата во третото коло на Отвореното првенство на Австралија во 2011, тој бил запрашан дали ќе ги следи стапките на Грег Руседски, последниот голем канадски тенисер кој земал британско државјанство и заиграл за Обединетото Кралство. На прашањето дали повторно ќе игра за Канада, тој одговорил, "Да".[3] Раониќ покажал љубов кон Канада и кон тенисот во државата. Тој во октомври 2010 година, на прашањето за неговата држава изјавил "Јас сакам да направам богата кариера, уживам сè повеќе и сакам да направам придонес во Канада со тоа. Чувствувам дека доколку ги исполнам моите цели, тоа би направило голем придонес кон поголем развој на тенисот во Канада и би помогнало да излезат повеќе квалитетни тенисери во иднина."[37]

Моментално, тој живее во Монте Карло во стан од 50 m2 близу до неговите тениски колеги Новак Ѓоковиќ и Каролина Возњацки.[38]

Во 2012, Раониќ ја основал добротворната организација, Фондација Милош Раониќ, која има за цел да им помогне на децата кои имаат потреба од протетички екстремитети за да играат спорт.[39]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Milos Raonic ATP Profile“. ATP World Tour. Посетено на 2011–01–22. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Milos Raonic: ‘Pete Sampras was my idol and I’d love to win Wimbledon’ theguardian.com
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „AO: Milos Raonic Third-Round Press Conference“. Tennis Connected. 22 јануари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-04. Посетено на 2011–01–22. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Tennis - ATP World Tour - Tennis Players – Milos Raonic“. ATP World Tour. Посетено на 2013-03-18.
  5. Eric Duhatschek. „Raonic through to fourth round at Indian Wells with victory over Cilic“. The Globe and Mail. Посетено на 2013-03-18.
  6. „Raonic wins Montreal Futures event“. The Gazette. 15 March 2009. Архивирано од изворникот на 2013-07-23. Посетено на 7 March 2011.
  7. „The Milos Raonic Story (Part 2)“. Montreal Gazette. 20 February 2011. Архивирано од изворникот на 2013-07-23. Посетено на 7 March 2011.
  8. „Canada keeps Davis Cup hopes alive“. Sportsnet. 6 March 2010. Посетено на 2011–01–24. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]
  9. „2–0 (Sets) Nadal Beats Raonic“. TennisEarth.com. Архивирано од изворникот на 2013-07-23. Посетено на 2011–01–25. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. Raonic credits training in Barcelona for success USA Today
  11. „Canada's Raonic Pleased with Results Down Under“. TSN. 24 January 2011. Посетено на 2011–01–25. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „Canadian Raonic pulls Aussie Open upset“. CBC. January 19, 2011. Посетено на 2011–01–19. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. „Canadian Raonic stuns Youzhny at Aussie Open“. CBC Sports. January 22, 2011. Посетено на 2011–01–22. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  14. „Raonic's improbable run ends at Australian Open“. CBC. 24 January 2011. Посетено на 2011–01–24. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. Mark Zwolinski (22 јануари 2011). „Raonic family cheers for 'the real deal' from afar“. Toronto Star. Посетено на 2011–01–24. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  16. „Australian Observations“. Tennis Prose. 20 јануари 2011. Посетено на 2011–01–24. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  17. „Raonic powers past Blake at SAP Open“. CBC News. 9 февруари 2011. Посетено на 2011–02–10. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  18. „Canada's Raonic advances to SAP Open final after Monfils forced to withdraw“. Canadian Press. 12 февруари 2011. Посетено на 2011–02–12. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. „Canada's Raonic wins 1st ATP title“. CBC Sports. 13 February 2011. Посетено на 13 февруари 2011.
  20. „Rising star Raonic hammers 38 aces to advance“. AsiaOne News. 18 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 19 февруари 2011.
  21. Kelli DeMario (21 February 2011). „Roddick wins 30th career title in Memphis“. Tennistalk. Архивирано од изворникот на 2013-07-23. Посетено на 24 февруари 2011.
  22. Andrew Wallace (22 февруари 2011). „Milos Raonic becomes top-ranked Canadian men's singles player ever“. Toronto Life. Посетено на 21 март 2011.
  23. „Raonic clinches Canadian Davis Cup victory“. National Post. 6 март 2011. Посетено на 6 март 2011.
  24. „Canadian phenom has spot in BNP Paribas Open“. The Desert Sun. 28 February 2011. Посетено на 28 February 2011. Text "head" ignored (help)
  25. „Raonic learns about clay in loss to Ferrer at Monte Carlo“. Toronto. The Canadian Press. 14 април 2011. Посетено на 14 април 2011.
  26. 26,0 26,1 „Milos Raonic rides big serve to SAP Open title“. The San Francisco Chronicle.
  27. „Milos Raonic“. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2012-06-04.
  28. „Canadian Milos Raonic advances to U.S. Open fourth round“. Архивирано од изворникот на 2012-09-05. Посетено на Sep 02 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  29. „Tsonga beats Raonic in longest ever Olympics tennis match“. Посетено на 2012-07-31.
  30. Kevin Mitchell (August 3, 2012). „Roger Federer beats Juan Martín del Potro to reach Olympic final“. The Guardian. London. Посетено на August 3, 2012.
  31. „Tennis Canada RAONIC NAMED 2012 TENNIS CANADA MALE PLAYER OF THE YEAR“. Tenniscanada.com. 2012-12-12. Посетено на 2013-03-18.
  32. Canada (2012-12-12). „Milos Raonic repeats as Tennis Canada's male player of the year“. The Globe and Mail. Посетено на 2013-03-18.
  33. Morgan, Campbell (21 January 2011). „Serving up Aces: Milos Ranoic's explosive serve“. Toronto Star. Посетено на 2011–01–21. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  34. Nick Fishpool (18 May 2010). „ITF Pro Circuits meets... Milos Raonic“. ITF Tennis. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 2011–01–23. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  35. Mark Zwolinski (22 јануари 2011). „Thornhill's Raonic piling up aces and upsets in Melbourne“. Toronto Star. Посетено на 2011–01–23. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  36. Stephanie Myles (14 февруари 2011). „Canada's Raonic wins first ATP title“. Montreal Gazette. Посетено на 24 февруари 2011.[мртва врска]
  37. Nima Naderi (14 October 2010). „Q&A With Milos Raonic“. TennisConnected.com. Посетено на 2011–01–24. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  38. Stephanie Myles (31 May 2012). „Milos Raonic has come a long way“. National Post. Посетено на 3 September 2012.
  39. Daniel Girard (8 September 2012). „Canada's Milos Raonic out to avenge 2011 loss in exhibition against Andy Roddick“. thestar.com. Посетено на 9 September 2012.

Надворешни врски

уреди
Награди
Претходник
  Тобијас Камке
АТП Нов играч на годината
2011
Наследник
  Мартин Клижан