Григор Димитров

Бугарски тенисер

Григор Димитров Димитров (роден на 16 мај 1991 г. во Хасково) е бугарски професионален тенисер. Негово највиско место на АТП листата е 3. место кое го достигнал во декември 2017, непосредно после освојувањето на АТП Мастерс Куп титулата во Лондон.

Григор Димитров
Земја Бугарија
Место на живеењеМонте Карло, Монако
Роден на16 мај 1991(1991-05-16)(33 г.)
Роден воХасково, Бугарија
Спорт Тенис
Висина1.90 м
Професионалец2008
Игра со• десна рака
• еднорачен бекхенд
Заработка$13,103,976
Поединечно
Победи-порази257-161
Титули8
Највисок пласманБр. 3 (20 ноември 2017)
Сегашен пласманБр. 3 (20 ноември 2017)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенSF (2017)
Ролан Гарос3R (2013)
ВимблдонSF (2014)
УС Опен4R (2014)
Други турнири
Мастерс купW (2017)
Олимписки игри2R (2012)
Во двојки
Победи-порази32-39
Титули0
Највисок пласманБр. 66 (26 август 2013)
Сегашен пласманБр. 209 (10 август 2015)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен3R (2013)
Ролан Гарос2R (2013)
Вимблдон2R (2011, 2013)
УС Опен1R (2011)
Ажурирано на: 10 август 2015.

Димитров е најуспешниот бугарски тенисер - единствен кој бил рангиран во првите 10 играчи на АТП листата. Тој исто така е единствениот бугарски тенисер кој стигнал до вкупна заработка од 1 милион долари[1] а подоцна и до 5 милиони долари.[2]

Димитров е исто така првиот (и единствен) бугарски тенисер кој освоил АТП титула во поединечна конкуренција, како и единствениот бугарски тенисер кој стигнал до трето коло и подалеку на Гренд слем турнир. Тој во кариерата има освоено 4 АТП титули.[3] Пред да стане професионален тенисер, Димитров бил одличен јуниор и бил прворангиран на јуниорската листа, притоа освојувајќи ги јуниорските титули на Вимблдон и Отвореното првенство на САД во 2008 година.

Детство и почетоци

уреди

Григор е роден во Хасково, Бугарија како единствено дете на Димитар, тениски тренер, и Марија, професорка по спорт и поранешна одбојкарка.[4] Тој за првпат фатил рекет на тригодишна возраст, а веќе од својата петта година започнал да игра секојдневно.[4] Во почетоците тренер бил неговиот татко, но откако младиот бугарин го покажал својот талент во јуниорските турнири, било јасно дека тој ќе мора да се развива под други околности. Во 2007, Димитров се приклучил на академијата "Санчес-Касал", каде бил понатамошно трениран од страна на Емилио Санчес и Пато Алварез. Една година подоцна, Димитров се преселил во Париз и се приклучил на тениската академија на Патрик Муратоглу во која поминал четири години.

Личен живот

уреди

Постоеле гласини дека Димитров е во врска со руската тенисерка Марија Шарапова во втората половина на 2012 година, но двајцата својата врска ја потврдиле по Мастерсот во Мадрид во 2013, каде Димитров ја забележал својата прва победа против својот добар пријател, светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ.[5][6] Покрај мајчиниот јазик, Григор го зборува и англискиот јазик, а вели дека го интересираат спортот, автомобили, комјутери и часовници.[4] Тој го добил прекарот "Baby Fed" поради неговиот стил на игра и тенискиот талент сличен на Роџер Федерер.[7]

Јуниорска кариера

уреди

Својата прва голема титула Григор ја освоил на 14 години, освојувајќи го Европското првенство за тенисери до 14 години. Во 2006 тој бил победник на престижниот Оринџ Бол за тенисери до 16 години[8] а следната година бил прогласен за ѕвезда во подем на турнирот Eddie Herr International.[9]

Во 2007, Димитров бил финалист на Оринџ Бол за тенисери до 18 години, и бил поразен од литванецот Ричардас Беранкис. Заедно со Васек Поспишил, тој стигнал до финалето во двојки на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД, но парот доживеал пораз од Жонатан Ејсерик и Жером Инзерило.

 
Григор Димитров со титулата на јуниорскиот Вимблдон 2008

Следната сезона, Димитров стигнал до четвртфиналето на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на Франција, во кое бил поразен од Јежи Јанович во три сета. Сепак, тој успеал да го освои јуниорскиот Вимблдон победувајќи го во финалето финецот Хенри Континен. Тој стигнал до титулата без изгубен сет и покрај тоа што играл со повреда на рамото низ целиот турнир. Одличните игри Димитров ги продолжил на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД, каде стигнал до својата втора јуниорска гренд слем титула, победувајќи го во финалето американскиот квалификант Девин Бритон во два сета.[10] По турнирот, Димитров објавил дека тој ја завршува својата јуниорска кариера и во иднина ќе се фокусира на својот АТП ранк. На 8 септември тој станал прв јуниор во светот, прескокнувајќи го тајванецот Цунг-хуа Јанг.[11] Тој ја завршил 2008 година како трет јуниор во светот.

Како јуниор, Димитров имал вкупен биланс од 66 победи и 25 порази во поединечна конкуренција (и 42 победи и 20 порази во двојки).

Финалиња на јуниорски Гренд слемови: 3 (2–1)

уреди

Поединечно: 2 (2 титули)

уреди
Исход Бр. Датум Гренд слем Подлога Противник во финалето Резултат
Победник 1. 6 јули 2008 Вимблдон Трева   Хенри Континен 7–5, 6–3
Победник 2. 8 септември 2008 Отворено првенство на САД Тврда   Девин Бритон 6–4, 6–3

Во двојки: 1 (1 финалист)

уреди
Исход Бр. Датум Гренд слем Подлога Партнер Противници во финалето Резултат
Финалист 1. 9 септември 2007 Отворено првенство на САД Тврда   Васек Поспишил   Жонатан Ејсерик
  Жером Инзерило
2–6, 4–6

АТП финалиња во кариерата

уреди

Поединечно: 6 (4-2)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (1–0)
АТП 250 серија (3–2)
Титули по подлога
Тврда (2–2)
Земја (1–0)
Трева (1–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 6 јануари 2013 Бризбејн, Австралија Тврда   Енди Мари 6–7(0–7), 4–6
Победник 1. 20 октомври 2013 Стокхолм, Шведска Тврда   Давид Ферер 2–6, 6–3, 6–4
Победник 2. 1 март 2014 Акапулко, Мексико Тврда   Кевин Андерсон 7–6(7–1), 3–6, 7–6(7–5)
Победник 3. 27 април 2014 Букурешт, Романија Земја   Лукаш Росол 7–6(7–2), 6–1
Победник 4. 15 јуни 2014 Лондон (Квинс), Обединето Кралство Трева   Фелисијано Лопес 6–7(8–10), 7–6(7–1), 7–6(8–6)
Финалист 2. 19 октомври 2014 Стокхолм, Шведска Тврда   Томаш Бердих 7–5, 4–6, 4–6

Во двојки: 1 (1 финалист)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (0–1)
Титули по подлога
Тврда (0–0)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Финалист 1. 16 јуни 2011 Истбурн, Обединето Кралство Трева   Андреас Сепи   Џонатан Ерлих
  Енди Рам
3–6, 3–6

Признанија

уреди
  • Најдобар млад тенисер во Бугарија - 2005 [12]
  • Бугарски спортист на годината - 2014

Наводи

уреди
  1. „Гришо се изкачи до рекордното №41 и мина границата от 1 милион от наградни фондове, Цвети се завърна в Топ 40“. Архивирано од изворникот на 2013-01-09. Посетено на January 7, 2013.
  2. „Гришо стигна $2 милиона“. Посетено на October 22, 2013.
  3. „Grigor Dimitrov Stats, News, Pictures, Bio, Videos - EPSN“. Посетено на February 6, 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Tennis – ATP World Tour – Tennis Players – Grigor Dimitrov. ATP World Tour (May 16, 1991). Посетено на October 11, 2011.
  5. „Sharapova, Dimitrov linked again“. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на January 7, 2013.
  6. Oala, Irving (May 9, 2013). „His lucky charm! Maria Sharapova embraces rising tennis star Grigor Dimitrov as they celebrate his biggest win yet“. Daily Mail. London.
  7. Snyder, Benjamin (June 25, 2013). „Grigor Dimitrov attempts to live up to his nickname“. Wimbledon.com. Посетено на July 9, 2014.
  8. Will Captures Orange Bowl 16s Singles Title Архивирано на 11 август 2016 г.. United States Tennis Association. May 25, 2008
  9. Eddie Herr International Junior Tennis Championships Архивирано на 16 ноември 2011 г.. Eddieherr.com. Посетено на October 11, 2011.
  10. „Блестящ Григор Димитров спечели и US Open“ (бугарски). sportal.bg. September 7, 2008. Посетено на September 7, 2008.
  11. „ITF Junior Rankings“. www.itftennis.com/juniors/. September 8, 2008. Посетено на September 8, 2008.
  12. „Годишни награди на Българска Федерация по Тенис - 2005“ (PDF). bgtennis.bg. 2005. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-16.

Надворешни врски

уреди