Торонто Репторс (англиски: Toronto Raptors) е единствениот канадски тим во Националната Кошаркарска Асоцијација, сместн во Торонто, Онтарио, во југоисточна Канада. Тимот е формиран во 1994 од стопанственикот Џон Битов Помладиот, Македонец со потекло од Габреш, Костурско. како дел од проширувањето на НБА во Канадските градови Торонто и Ванкувер. Во 2001, Ванкувер Гризлис се преселија во Мемфис, Тенеси, оставајќи го Торонто единствен канадски тим во НБА. Најголемо достигнување на тимот беше стигнувањето во полуфиналето на Источната конференција во 2001. Прва звезда на тимот беше Винс Картер, познат за неговите воздишнувачки забивања. Во сезоната 2006-2007 главен тренер беше Сем Мичел, а најголема ѕвезда во екипата беше Крис Бош.

Торонто Репторс
Торонто Репторс лого
Торонто Репторс лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Атлантска дивизија
Основан 1995
Историја Торонто Репторс (1995-сѐ уште)
Арена Ер Кенада Центар
Град Торонто, Канада
Тимски бои                    
Сопственик/ци Maple Leaf Sports & Entertainment
Генерален менаџер Брајан Коланџело
Тренер Двејн Кејси
Шампиони Никогаш
Конференциски титули 0
Дивизиски титули 1 (2007)
Мрежно место raptors.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Рапторси играат против Филаделфија Севентисиксерс во 2005та.
Меч меѓу Торонто Рапторс и Денвер Нагетс на 10 март 2006.
Рапторси се загреваат пред меч против Јута Џез во 2006/2007 сезона.

Сезона 2006/2007 уреди

Сезоната 2006/2007 беше стандардна бајка-сезона, започнувајки со слаби играчи во пред-сезоната, земање на многу нови играчи од страна на менаџерот Брајан Коланџело, кој го драфтува и младиот Италијанец Андреа Барњани.[1] „Репторси“ во оваа сезона го изедначија победничкиот рекорд на тимот на сите времиња со 47 победи и 35 порази. На чело со Крис Бош, поддржан од Т.Џ. Форд, Хорхе Гарбахоса, Ентони Паркер и Андреа Барњани.[2] За првпат во 5 години, Рапторс го освоија 3. место во Источната конференција, а играа во разигрувањето на НБА, каде што беа поразени од Њу Џерси Нетс 4-2 во серија до 4 добиени, во првата рунда на разигрувањето.

Сезона 2007/2008 уреди

„Рапторси“ во оваа сезона станаа послаби наместо подобри, и собраа биланс на 41 победа и 41 пораз. Ова се атрибуираше на неиграњето на Хорхе Гарбахоза и слабата сезона на првиот пик на драфтот Андреа Барњани. Сепак, се изборија за 6то место во истокот, и играа во разигрувањето на НБА, каде што пак беа поразени во првата рунда на разигрувањето, од Орландо Меџик со 4-1 во серија до 4 добиени.

Составот во 2007/2008 уреди

Име Роден Држава Височина Позиција
Андреа Барњани 1985   Италија 213 cm крило/центар
Масео Бастон 1975   САД 208 cm крило
Крис Бош 1984   САД 208 cm крило/центар
Примож Брезец 1979   Словенија 216 cm бек
Хорхе Гарбахоса 1977   Шпанија 206 cm крило
Џои Грахам 1982   САД 201 cm крило
Карлос Делфино 1982   Аргентина 198 cm крило
Хосе Калдерон 1981   Шпанија 191 cm бек
Џејсон Капоно 1981   САД 203 cm крило
Дерек Мартин 1971   САД 180 cm бек
Џамарио Мун 1980   САД 203 cm крило
Радослав Нестеровиќ 1976   Словенија 213 cm центар
Ентони Паркер 1975   САД 198 cm крило
Т.Џ. Форд 1983   САД 177 cm бек
Крис Хамфрис 1985   САД 206 cm крило/центар

Сезона 2008/2009 уреди

Летото 2008, така-наречена оф-сезона, започна со голема размена со Индијана Пејсерс. Торонто ги доби Џермејн О'Нил и младиот Австралијанец Нејтан Џовеј, а ги даде Т.Џ. Форд, Рашо Нестеровиќ, Матео Бастон и младиот Рој Хиберт. Карлос Делфино го напушти тимот како слободен агент, и покрај многу гласини дека се сели во Грција, Ентони Перкер остана во Торонто. Исто така, Примож Брезец и Дерик Мартин заминаа како „слободни агенти“.

Составот во 2008/2009 уреди

Име Роден Држава Височина Позиција
Хасан Адамс 1984   САД 193 cm бек/крило
Андреа Барњани 1985   Италија 213 cm крилен центар
Крис Бош 1984   САД 208 cm крилен центар
Џои Греам 1982   САД 201 cm крило
Хосе Калдерон 1981   Шпанија 191 cm бек
Џејсон Капоно 1981   САД 203 cm крило
Џамарио Мун 1980   САД 203 cm крило
Џермејн О'Нил 1978   САД 211 cm центар
Антони Паркер 1975   САД 198 cm крило
Вил Соломон 1978   САД 188 cm бек
Роко Укиќ 1985   Хрватска 198 cm плејмејкер
Крис Хамфрис 1985   САД 206 cm крилен центар
Нејтан Џовеј 1986   Австралија 208 cm центар

Наводи уреди

  1. „Raptors re-sign star forward Chris Bosh to contract extension“, nba.com, 14 јули 2006, проверено на 9 мај 2011.
  2. „Raptors Name Gherardini To Basketball Staff“, nba.com/raptors, 22 јуни 2006, проверено на 17 јуни 2007.

Надворешни врски уреди