Гаел Монфис
Гаел Монфис (1 септември 1986 во Париз) (француски: Gaël Monfils) е француски тенисер.
Гаел Монфис | |
---|---|
Земја | Франција |
Место на живеење | Трелекс, Швајцарија |
Роден на | 1 септември 1986 |
Роден во | Париз |
Спорт | Тенис |
Висина | м | 1,93
Професионалец | 2004 |
Игра со | десна рака (дворачен бекхенд) |
Заработка | $10,878,584 |
Поединечно | |
Победи-порази | 373–210 |
Титули | 6 |
Највисок пласман | No. 7 (18 јули 2011) |
Сегашен пласман | No. 11 (1 август 2016) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | QF (2016) |
Ролан Гарос | SF (2008) |
Вимблдон | 3R (2005, 2007, 2010, 2011, 2015) |
УС Опен | QF (2010, 2014) |
Во двојки | |
Победи-порази | 21–72 |
Титули | 0 |
Највисок пласман | No. 155 (8 август 2011) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | 1R (2006) |
Ролан Гарос | 2R (2007) |
УС Опен | 1R (2005) |
Ажурирано на: 10 април 2013. |
Монфис е роден во Париз. Неговиот таткото Руфин по потекло од Гваделуп, е поранешен фудбалер и сегашен агент во францускиот телеком, додека неговата мајка Силвиет е по потекло од Мартиниг и се преселила во Франција пред многу години. Монфис исто така има помал брат, Дерил. Неговиот прекар е La Monf (што значи маѓионичар).
Монфис е поранешен француски рекет број 1, и некогашен седми тенисер во светот што му е највисокиот ранкинг на АТП листата. Досега има освоено 6 титули на АТП турнирите.
Кариера
уредиПочетокот на кариерата
уредиМонфис својата тениска кариера ја започнал во 2003 година. Таа година Гаел играл во финалето на Оринџ Боул турнирот, турнир број еден по важност за тениските јуниори каде загубил од кипранинот Маркос Багдатис. Истата година тој стигнал и до четвртфиналето на јуниорскиот Австралијан Опен. Сезоната ја завршил на 21-то место на јуниорската ранг-листа.
2004-година на пробивот во светскиот тенис
уредиВо 2004 година Монфис и официјално станува професионалец. Таа година тој бил убедливо најдобриот јуниор победувајќи на 3 од 4-те гренд слем турнири (за јуниори) и завршувајќи ја сезоната како број еден јуниор во светот. Тој победил на Австралијан Опен (каде во финалето го совладал Уана во финалето), Роланд Гарос (бил подобар од Кузнетсов) и Вимблдон (каде го добил Касри), но на патот да ги освои сите четири гренд слем турнири го спречил србинот Виктор Троицки кој го совладал во третото коло на ЈуЕс Опен иако Монфис на турнирот дошол повреден.
Истата година тој го одигра и својот прв турнир во сениорска конкуренција во Мец каде добил вајлд-кард за настап и дошол до четвртфиналето. Тој ги победил Ксавиер Малис и Оливиер Патионс, а загубил од Ришар Гаске. Тој играл уште неколку турнири од челенџер серијата каде имал солидни резултати. Најдобар резултат остварил во Гренобл каде стигнал до четвртфиналето.
Резултати на јуниорските гренд-слеми:
Отворено првенство на Австралија: Победник (2004)
Отворено првенство на Франција: Победник (2004)
Вимблдон: Победник (2004)
Отворено првенство на САД : 3.коло (2003, 2004)
2005
уредиМонфис 2005-тата година ја започнал околу 200-тата позиција. Тој за првпат дебитираше на еден гренд слем, играјќи на Австралијан Опен во Мелбурн. Тој во првото коло бил подобар од Роби Џинепри и со тоа дошол до својата прва гренд слем победа (во второто коло загубил од Оливие Рокус). Добрите резултати во првите три месеци од годината го однеле уште 100 места нагоре. Тој го освоил челенџер турнирот во Бенсакон во февруари и дошол до осминафиналето на многу јакиот турнир од мастер серијата во Мајами каде загубил од Хрбати, но претходно го совладал Николај Давиденко (15 на АТП листата во тој момент). Тој беше првиот играч рангиран во најдобрите 20 кој Монфис успеал да го совлада. Крајот на април Монфис освојува уште еден челенџер турнир овојпат во Тунис кога го победи својот сонародник Фабрис Санторо.Оваа титула му даде доволно бодови за Монфис првпат да влезе во 100-те најдобри светски тенисери.Во меѓувреме тој првпат игра на Гренд слем турнирите Роланд Гарос и Вимблдон.Пред домашната публика Монфис губи во првата рунда но на Вимблдон доаѓа до својата втора гренд слем победа.Ги победи Окун и Хрбати загуби од хрватот Марио Анчиќ во третото коло.После Вимблдон играше неколку турнири на земја а во Сопот , Полска доаѓа до својата прва АТП титула.Таму ги победи Х.А.Марин,Хуан Монако,Виктор Ханеску,Потито Стараче и Флоријан Мајер.Со оваа победа дебитира во 50-те најдобри тенисери.До крајот на годината Монфис игра уште две АТП финалиња.Во Мец е поразен од Иван Љубичиќ,а во Лион од Енди Родик.Ја завршува годината како трет најдобар Французин(Зад Гаске и Грожан).
2006
уредиНа почетокот од оваа година тој нема добри резултати освен во Доха каде го игра своето 4-то АТП финале и губи од Роџер Федерер.Во мај играше полуфинале на мастерс турнирот во Рим(з.Надал). Пред домашната публика на Роланд Гарос го оствари својот најдобар пласман на гренд слем турнирите осминафинале (з. Ѓоковиќ). Потоа разочара на Вимблдон и на ЈуЕс Опен каде загуби во раните рунди а и на другите турнири немаше добри резултати.Сезоната ја заврши на 46-тото место,а најдобро беше пласиран на 21-то место во мај.
2007
уредиОваа година Монфис дојде до 3-тото коло на Австралијан Опен(з.Гаске).Во второто коло го совлада финалистот од претходната година на турнирот Маркос Багдатис со 7–6 (7–5) 6–2 2–6 6–0.Потоа тој продолжи со една серија лоши резултати со исклучок на 3-тата челенџер титула во Санраис,Флорида.На крајот на мај тој дојде до своето 5-то АТП финале во Австријски,Першчак каде загуби од Хуан Монако.Тоа му помогна колку толку да ја подобри формата успеа да стигне до 3-тата рунда во Роланд Гарос и Вимблдон.Во јули беше полуфиналист во Вашингтон(з.Иснер) и во Букурешт исто така (з.Ханеску).Тој не играше на ЈуЕс Опен поради повреда.
2008
уредиМонфис 2008 година ја започна во март месец поради повреда го пропушти Австралијан Опен и цел месец февруари.Во мај освои уште една челенџер титула во Маракеш во Мароко. Негов најдобар резултат во годината бил полуфиналето на Роланд Гарос. Таму ги совладал Клеман, Хорна, Мелцер, Љубичиќ и Ферер, а загубил од светскиот рекет број еден Роџер Федерер. Тоа беше најдобриот резултат за него на гренд слем турнирите. Поради повреда пропушти неколку турнири меѓу кој и Вимблдон но се врати за Олимписките игри во Пекинг. Дојде до четвртфиналето каде загуби од Ѓоковиќ.Неколку недели подоцна на ЈуЕс Опен го направи својот најдобар резултат на овој турнир. Дојде до осминафиналето со победи над Пабло Куевас,Евгениј Корољов и Давид Налбандијан загуби од домашниот тенисер Марди Фиш. Во октомври играше финале во Виена загуби од Петчнер.Сезоната ја заврши во најдобрите 20. Од турнирот во Торонто тој ја започна соработката со Роџер Рашид кој и ден денеска е негов тренер.
2009
уредиКако 13-ти играч Монфис ја започна годината во Доха како 5-ти носител го совлада светскиот рекет број еден Рафаел Надал во четвртфиналето.Во полуфиналето загуби од Енди Родик.На Австралијан Опен тој го оствари својот најдобар резултат на овој турнир дојде до осминафиналето.Во февруари продолжува да игра одлично дојде до полуфиналето во Ротердам и финалето во Акапулко.На почетокот од март тој го има својот најдобар ранкинг 9-то место.На Роланд Гарос дојде до четвртфиналето и повторно подобар од него беше Роџер Федерер.Поради повреда втора година по ред тој го пропушти Вимблдон но играше на ЈуЕс Опен стигна до осминафиналето каде загуби од Рафаел Надал.Во октомври тој доаѓа до својата втора АТП титула откако во финалето во Мец го победи Филип Колшрајбер од Германија.Во финишот од годината во Ноември стигна за првпат на еден АТП Мастерс турнир до финале.Беше тоа во Париз-Берси загуби од Ѓоковиќ со 6-2 5-7 7-6 (3).
2010
уредиЈа започна со полуфинале во Бризбејн и трето коло на Австралијан Опен.Во февруари Монфис игра полуфинале во Јоханесбург и четвртфинале во Ротердам и Марсеј поразен е од Фелисиано Лопес,Михаел Јужни и Жулиен Бенето. Во Мадрид дојде до четвртфиналето поразен е од Рафаел Надал и во Ница исто така тука загуби од Потито Стараче.На Роланд Гарос во еден прекрасен меч што траеше два дена(прекинат поради мрак) тој загуби од италијанецот Фабио Фоњини во пет сета.По две години Монфис повторно игра на Вимблдон.Поставен за 21 носител тој лесно ги совлада Леонардо Мајер и Карол Бек,a во третото коло го чекаше поранешниот шампион на овој турнир Лејтон Хјуит.Мечот се играше на централниот терен во All England клубот но и покрај добрата игра Монфис е поразен во три сета 6-3 7-6 6-4.Во месец Јули Монфис е прв рекет на Францускиот Дејвис куп тим кој го совлада актуелниот шампион Шпанија со 5-0.Монфис на својата земја и го донесе првиот бод со победа во пет сета над Давид Ферер 7-6 6-2 4-6 5-7 6-4.Следната недела тој стигнува до своето прво АТП финале во сезоната во Штутгарт на земја.Тој ги победи Пабло Андухар,Флоријан Мајер и Даниел Химено Травер сите во три сета,но во финалето поради повреда на десната рака тој го предаде мечот на шпанецот Алберт Монтанес.Поради оваа повреда мораше да откаже неколку турнири,но тој се опорави навреме за американската турнеја турнири на тврда подлога.Во Торонто стигна до осминафиналето каде загуби од Енди Мареј,а во Синсинати загуби уште во првата рунда.Овие резултати многу не ветуваа,но Монфис направи извондреден резултат на ЈуЕс Опен.Таму тој стигна до четвртфиналето совладувајќи ги Роберт Кендрик,Игор Андреев,Јанко Типсаревиќ и Ришар Гаске пред да загуби од третиот носител Новак Ѓоковиќ.Со овој резултат тој освои 360 бода и се врати во најдобрите 15 на АТП листата.
Надворешни врски
уреди„Гаел Монфис“ на Ризницата ? |
- Gaël Monfils at Davis Cup Profile
- Official website (француски)и
- Гаел Монфис на ATP World Tour