Отвори го главното мени

Тенисот бил на програмата на Летните олимписки игри од првите игри во 1896, но бил исфрлен од програмата по игрите во 1924 поради спор меѓу Меѓународната тениска федерација и Меѓународниот олимписки комитет во врска со аматерскиот статус на натпреварувачите.[1][2] Тенисот се вратил на програмата како показен спорт во 1968 и 1984,[3] а од игрите во 1988 станал редовен спорт и се играл на сите следни изданија на игрите.[4]

Тенис на Летните олимписки игри
Tennis pictogram.svg
Раководен орган ITF
Дисциплини 5 (мажи: 2; жени: 2; мешано: 1)
Игри
1896 1900 1904 1908 1912 1920
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1996 2000
2004 2008 2012 2016
Белешка: Со закосени се напишани годините кога бил показен спорт
Освојувачи на медали

Во 1896, 1900, 1904, 1988, and 1992, губитниците во полуфиналните дуели добивале бронзен медал. Во сите други изданија бил одржан натпревар за бронзен медал.

Почнувајќи од игрите во 2004, резултатите од игрите се сметаат на АТП и ВТА листите во поединечно за календарската година. И покрај тоа што бодовите кои се добиваат се пониски од бодовите кои се добиваат на Гренд слем турнирите, олимписките турнири добиле на важност од нивното повторното воведување, и многу играчи, критичари и спортски експерти сметаат дека освојувањето на златниот медал на Олимписките игри е исто толку престижно, или попрестижно од освојување на Гренд слем титула.[5][6] За играчите кои имаат освоено Олимписки златен медал и сите четири Гренд слем титули се вели дека имаат освоено Златен слем.

ПодлогаУреди

Подлогата на терените за играње е различна кај различни Олимписки игри. Од 1984, сите олимписки турнири биле одиграни на тврда подлога освен игрите во 1992 (каде се играло на земјина подлога) и игрите во 2012 (каде се играло на тревна подлога). Менувањето на подлогата на одредени играчи им дава различни предности и слабости кои не се видени во другите олимписки спортови.

НатпревариУреди

(п) = показен спорт

Event 96 00 04 08 12 20 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 96 00 04 08 12 Години
Мажи поединечно (п) (п) 14
Мажи поединечно (во сала) 2
Машки двојки (п) 14
Машки двојки (во сала) 2
Жени поединечно (п) (п) 12
Жени поединечно (во сала) 2
Женски двојки (п) 9
Мешани двојки (п) 5
Мешани двојки (во сала) 1
Вкупно натпревари 2 4 2 6 8 5 5 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 4 4 4 4 4 4 5 61

Табела на медалиУреди

 
Медалистките во поединечна конкуренција од 2012, Серена Вилијамс (средина), Марија Шарапова (десно) и Викторија Азаренка (лево).

Сите изданија (1896–1924, 1988–2012)Уреди

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД (USA) 20 5 11 36
2   Велика Британија (GBR) 17 15 12 44
3   Франција (FRA) 5 6 8 19
4   ЈАР (RSA) 3 2 1 6
5   Германија (GER) 2 5 2 9
6   Русија (RUS) 2 3 2 7
7   Швајцарија (SUI) 2 2 0 4
8   Чиле (CHI) 2 1 1 4
9   Шпанија (ESP) 1 7 3 11
10   Мешовита екипа (ZZX) 1 3 3 7
11   Австралија (AUS) 1 1 3 5
12   Чехословачка (TCH) 1 1 2 4
13   Белорусија (BLR) 1 0 1 2
  Белгија (BEL) 1 0 1 2
  Кина (CHN) 1 0 1 2
  Западна Германија (FRG) 1 0 1 2
17   Канада (CAN) 1 0 0 1
18   Шведска (SWE) 0 3 5 8
19   Чешка (CZE) 0 3 1 2
20   Јапонија (JPN) 0 2 0 2
21   Аргентина (ARG) 0 1 4 5
22   Грција (GRE) 0 1 1 2
  Холандија (NED) 0 1 1 2
24   Австрија (AUT) 0 1 0 1
  Данска (DEN) 0 1 0 1
26   Хрватска (CRO) 0 0 3 3
27   Обединета екипа (EUN) 0 0 2 2
28   Австралазија (ANZ) 0 0 1 1
  Бохемија (BOH) 0 0 1 1
  Бугарија (BUL) 0 0 1 1
  Унгарија (HUN) 0 0 1 1
  Индија (IND) 0 0 1 1
  Италија (ITA) 0 0 1 1
  Норвешка (NOR) 0 0 1 1
  Србија (SRB) 0 0 1 1

Повеќекратни медалисти (1896–2012)Уреди

Место Играч Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Серена Вилијамс 4 0 0 4
  Венус Вилијамс 4 0 0 4
3   Реџиналд Доерти 3 0 1 4
4   Винсент Ричардс 2 1 0 3
5   Лоренс Доерти 2 0 1 3
  Мери Џо Фернандез 2 0 1 3
  Сузан Ленглен 2 0 1 3
  Чарлс Винслоу 2 0 1 3
9   Џон Пајус Боланд 2 0 0 2
  Шарлота Купер 2 0 0 2
  Џиџи Фернандез 2 0 0 2
  Андре Гобер 2 0 0 2
  Артур Гор 2 0 0 2
  Едит Ханам 2 0 0 2
  Николас Масу 2 0 0 2
  Хејзел Вајтмен 2 0 0 2
  Хелен Вилс Муди 2 0 0 2
  Билс Рајт 2 0 0 2
19   Кетлин Меккејн Годфри 1 2 2 5
20   Чарлс Диксон 1 1 2 4
21   Макс Декужи 1 1 1 3
  Фернандо Гонзалез 1 1 1 3
  Штефи Граф 1 1 1 3
  Џозаја Риџи 1 1 1 3
25   Херберт Барет 1 1 0 2
  Елена Дементиева 1 1 0 2
  Роџер Федерер 1 1 0 2
  Харолд Китсон 1 1 0 2
  Доротеа Керинг 1 1 0 2
  Енди Мари 1 1 0 2
  Тод Вудбриџ 1 1 0 2
  Марк Вудфорд 1 1 0 2
  Макс Вуснам 1 1 0 2
34   Мајк Брајан 1 0 2 3
35   Викторија Азаренка 1 0 1 2
  Маргарет Брокди 1 0 1 2
  Боб Брајан 1 0 1 2
  Зина Гарисон 1 0 1 2
  Едгар Леонард 1 0 1 2
  Мирослав Мечир 1 0 1 2
41   Аранча Санчез Викарио 0 2 2 4
  Гунар Сетервол 0 2 2 4
43   Харолд Махони 0 2 1 3
  Кончита Мартинез 0 2 1 3
  Јана Новотна 0 2 1 3
46   Џорџ Каридија 0 2 0 2
  Анри Коше 0 2 0 2
  Дороти Холман 0 2 0 2
  Дионисиос Касдаглис 0 2 0 2
  Ичија Кумагае 0 2 0 2
  Роберт Лирој 0 2 0 2
  Хелен Прево 0 2 0 2
  Вирџинија Руано Пасквал 0 2 0 2
  Хелена Сукова 0 2 0 2
55   Алфонсо Бел 0 1 1 2
  Сигрид Фик 0 1 1 2
57   Алберт Кане 0 0 2 2
  Стефан Едберг 0 0 2 2
  Горан Иванишевиќ 0 0 2 2
  Мерион Џонс 0 0 2 2
  Артур Норис 0 0 2 2
  Хедвига Розенбаумова 0 0 2 2

Распределба на бодовиУреди

Асоцијацијата на тениските професионалци и Женската тениска асоцијација доделуваат бодови во поединечна конкуренција за играчите кои се натпреваруваат на Олимписките игри.[7][8] Тие поени се сметаат само за време на соодветната календарска година.

Фаза Златен медал Сребрен медал Бронзен медал Четврто место Четвртфинале 3. коло 2. коло 1. коло
Мажи поединечно 750 450 340 270 135 70 35 5
Жени поединечно 685 470 340 260 175 95 55 1

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Soltis, Greg (July 27, 2012). „Olympic Events Through History“. LiveScience. конс. 2012-08-01. 
  2. Williams, Wythe. „SOCCER AND TENNIS BARRED IN OLYMPICS“, The New York Times, 27 јули 1928 (посет. 1 август 2012 г).
  3. „Olympic Tennis Event - History: Overview“. Меѓународна тениска федерација. конс. 2012-08-01. 
  4. „2 More Olympic Games“. The New York Times. October 2, 1981. конс. 2012-08-01. 
  5. Olympics or Slams - What's More Important For Tennis Players?“, Let, Second Serve, 12 јули 2012 (посет. 5 април 2015 г).
  6. Paul Fein. „How Important Is an Olympic Gold Medal in Tennis?“, World Tennis Magazine, 20 септември 2012 (посет. 29 октомври 2013 г).
  7. „ITF and ATP announce Olympic agreement“. itftennis.com. конс. 1 February 2015. 
  8. „Ranking Points“. itftennis.com. конс. 16 September 2014. 

Надворешни врскиУреди