Отвори го главното мени

Милано-Санремо 2017

издание 2017 на италијанската велосипедска трка Милано-Санремо
(Пренасочено од Милано-Сан Ремо 2017)
Милано-Санремо 2017 Cycling (road) pictogram.svg
Finishing line 2017 Milan-Sanremo.jpg
Детали за трката
Издание108. Милано-Санремо
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2017 1.UWT
Датум18 март 2017
Растојание291 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеМилано
ОдредиштеСанремо
Екипи25
Возачи на почеток200
Возачи на крај195
Просечна брзина40,733 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникPOL Михал Квјатковски (Тим Скај) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранSVK Петер Саган (Бора-хансгрое) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранFRA Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс) Wikidata-logo S.svg
◀ 20162018 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Милано-Санремо 2017 — 108. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 18 март како осми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Откако се одвоиле на завршното искачување на трката — Поџо ди Санремо — возачот на Тим Скај, Михал Квјатковски, ја освоил трката во спринт од тројца пред светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) и возачот на Квик-Степ Флорс, Жилијан Алафилип.[3]

ЕкипиУреди

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[5][6]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1.   AG2R La Mondiale
  2.   Астана
  3.   Бахреин-Мерида
  4.   БМЦ Рејсинг Тим
  5.   Бора-хансгрое
  6.   Cannondale-Drapac
  7.   Дименжн Дата
  8.   ФДЖ
  9.   Катјуша-Алпесин
  10.   Лото НЛ-Џамбо
  11.   Лото-Судал
  12.   Мовистар
  13.   Орика-Скот
  14.   Квик-Степ Флорс
  15.   Тим Скај
  16.   Sunweb
  17.   Трек-Сегафредо
  18.   ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (7)
  1.   Андрони Џокатоли
  2.   Бардијани ЦСФ
  3.   Кофидис
  4.   Газпром-РусВело
  5.   Нипо-Вини Фантини
  6.   Ново Нордиск
  7.   Вилиер Триестина-Селе Италија
 

РутаУреди

Како еден од велосипедските монументи, Милано-Санремо — општо сметана за спринтерски класик — е меѓу најценетите трки во професионалниот велосипедизам.[7]

Рутата за 2017 била долга 291 километар, започнувајќи од Милано до традиционалната завршница во Санремо.[8] Завршниот дел на трката ги вклучувала искачувањата на Чипреса и на Поџо ди Санремо, кои обично се покажувале одлучувачки за исходот на трката. Исто така, на рутата возачите морале да го совладаат 35-километарското искачување на Пасо дело Туркино, иако не се сметало за клучна точка на трката. По Туркино, рутата го следела брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри до целта, започнувале првите искачувања, пред да дојдат двете завршни искачувања до целта.[9]

ПоредокУреди

НаводиУреди

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. конс. 2 октомври 2016. 
  3. Робертшо, Хенри. „Brilliant Michal Kwiatkowski edges out Peter Sagan to win Milan-San Remo 2017“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 18 март 2017 (посет. 18 март 2017 г).
  4. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  5. 25 teams to Milano Sanremo 2017“, „Милано-Санремо“, RCS MediaGroup, 18 јануари 2017 (посет. 6 март 2017 г).
  6. Garibaldi 2017, стр. 12.
  7. Вестбај, Мет. „Spring classics: A beginner's guide to Paris-Roubaix, Milan-San Remo and the other one-day races“, „Sky Sports“, Sky UK, 9 април 2015 (посет. 18 март 2017 г).
  8. Garibaldi 2017, стр. 23.
  9. Рајан, Бери. „Preview: Sagan and Gaviria the favourites but anything goes at Milan-San Remo“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 16 март 2017 (посет. 18 март 2017 г).
  10. „Милано-Санремо 2017“. ProCycling. 
  11. Kwiatkowski wins Milan-San Remo“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 март 2017 (посет. 18 март 2017 г).

ИзвориУреди

Надворешни врскиУреди