Один

божество од нордиската митологија

Один (старонордиски: Óðinn) — врховен бог во нордиската митологија. Често се нарекува и Сетатко (Allfodr), а има и многу други имиња: Herran или Herjan (Големоуништувач), Nikar или Hnikar (Подјаривач), Nikuz или Hnikud (Воденбог), Fjolnir (Многузнаечкиот), Oske (Желбоостварител), Omi (Јачиговор), Biflidi или Biflindi (Тресикопје), Svidar (Господар на времињата), Свидрир (Копјебог) ... Один е бог на војната и мудроста, а се чини дека бил и бог на поезијата, ловот и магијата. По него среда го добила името во германските јазици (шведски: onsdag, англиски: Wednesday од Wōden...).

Один

Син е на Бора и Бестле, внук на Бурија кој од лед го извадила кравата Аудхумла на самиот почеток. Брат е на Вили и Ве, сопруг на божицата Фриг со која ги има синовите Балдер, Ход и Хермод. Со Јорд има син Тор, кој е негов најстар син. Со Ринд го има Вали, а со Грид го има Видар.