Егзосфера е највисокиот слој на атмосферата на Земјата. Се наоѓа над термосферата, од која го дели термопаузата и се наоѓа на надморска височина од 800 до 3.000 километри. Во егзосферата има малку гасови како: водород и хелиум, и претставува контакт помеѓу Земјата и вселената. Температурата достигнува до +1500°. Воздухот е исклучително редок, а неговите честички се движат со брзина од 11, а се наоѓаат на растојание од неколку стотици метри една од друга. Како резултат на тоа, јоните на азот и кислород одат во меѓупланетарниот простор.

Над егзосферата може да се издвои уште еден слој - геокорона, кој се наоѓа на висина од околу 20.000 километри. Геокороната главно се состои од водородни јони.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Мастило, Наталија (2005): Речник на современата српска географска терминологија, Географски факултет, Белград
  • Дукиќ, Душан (2006): Климатологија, Географски факултет, Белград