Јужна патека (филм)

филм

Јужна патекамакедонски филм од 1982 година, во режија на Стево Црвенковски, кој е и автор на сценариото, заедно со Гојко Шкариќ. Главните улоги ги толкуваат: Коле Ангеловски, Неда Арнериќ, Петар Арсовски, Александар Берчек, Маја Оџаклиевска и Милица Стојанова.[1]

„Јужна патека“
120
Плакат за филмот
РежисерСтево Црвенковски
СценаристСтево Црвенковски
Гојко Шкариќ
Главни улогиКоле Ангеловски
Неда Арнериќ
Петар Арсовски
Марин Бабиќ
Александар Берчек
Маја Оџаклиевска
Милица Стојанова
Александар Ѓорѓиев
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаЧемчев Вангел-Лаки
ДистрибутерВардар филм
Премиера1982
Времетраење108 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Синопсис

уреди

Во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување, тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга, која го известува дека нивниот брак се распаѓа...[2]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Јужна патека на МИФЦ.