51°57′17″N 11°54′50″E / 51.95472° СГШ; 11.91389° ИГД / 51.95472; 11.91389

Зале, исто познат и како Саксонски Зале (германски: Sächsische Saale) и Тирнгиски Зале (германски: Thüringische Saale), е река во Германија и е лева притока на Елба. Не ја мешајте со помалата Франкониска Зале, десна притока на Мајна, или Зале во Долна Саксонија, притока на Лајне.

Зале
германски: Saale
река
Долината Зале во близина на Хоф
Земја Германија
Регион Баварија, Тирингија, Саксонија-Анхалт
Притоки
 - леви Илм, Унштрут, Боде
 - десни Вајсе Елстер
Градови Јена, Хале, Хоф, Залфелд, Рудолштат, Наумбург (Зале), Вајсенфелс, Мерзебург, Бернбург (Зале)
Извор
 - место близу Цел, Германија
 - височина 728 м
 - координати 50°07′14″N 11°49′50″E / 50.12056° СГШ; 11.83056° ИГД / 50.12056; 11.83056
Утока Елба
 - местоположба блиску Барби, Германија
 - височина 49,5 м
 - координати 51°57′17″N 11°54′50″E / 51.95472° СГШ; 11.91389° ИГД / 51.95472; 11.91389
Должина 413 км
Слив 24.100 км2
Истек
 - просечен 115 м3
 
Зале во Бад Кезен

Зале извира од падините на планината Гросер Валдштај, во близина на Цел на Фихтелските Планини во Горна Франконија (Баварија), на надморска височина од 728 метри. Потоа следи пренасочување кон север и минува покрај производствениот град Хоф, влегувајќи во Тирингија. Потоа тече низ шуместите подрачја на ниските планини на Тириншката Шума, додека не стигне во долината кај Залфелд. По Залфелд, Зале стигнува во Рудолштат. Овде ги добива водите на Шварца, во чија долина се наоѓа руинираниот замок Шварцбург, древното седиште на поранешната владејачка династија Шварцбург.

Од Залфелд, Зале влегува во варовничкиот ридски регион северно од Тириншката Шума и се извишува кон неплодните и ниски ридови во близина на универзитетскиот град Јена. Влегува во Саксонија-Анхалт и го минува бањскиот град Бад Кезен, покрај многубројните виски ридови, по што ги добива водите на длабоката и пловна Унштрут кај Наумбург, тече низ Вајсенфелс, Мерзебург, Хале, Бернбург и Калбе. Конечно се придржува на Елба, веднаш по Барби, по поминато растојание од 413 километри (намалена за 14 километри со обиколницатра од нејзината оригинално должина од 427 километри.

Зале е пловна од Наумбург и е поврзана со Вајсе Елстер, во близина на Лајпциг со канал. Почвата во долниот дел на долината е особено плодна и произведува, меѓу другите култури, големи количини на шеќерна репка. Нејзини притоки се Вајсе Елстер, Регниц и Орла на десниот брег и Илм, Унштрут, Залца, Випер и Боде на левиот брег. Нејзиниот горен тек е доста брз. Нејзината долина, од Мерзебург, се состои од многу замоци на блиските височинки.

Географија

уреди

Извира во Цел, Зале тече низ – ШпарнекВајсдорф – Зојлбиц - Фербау – Шварценбах на Зале – Фатигау – ОберкоцауХоф – Брунентал – Заленштајн – Јодиц – покраинската граница Баварија-Тирингија – Хиршберг – Шпарнберг – Рудолфштајн – БланкенбергБланкенштајнХара – Залдорф – Залбург – Перич – Грефенварт – Бургк – Валсбург – Цигенрик – Најденберга – ХоенвартеАјхихтКаулсдорф – Фишерсдорф - Вајшвиц - Решвиц – БретерницЗалфелдШварцаВолкштетРудолштат – Катаринау - Колквиц - Вајсен – Улштет – Рикерсдорф - Цојч - Нидеркросен - ОрламиндеФрајенорлаГросојтерсдорфКлајнојтерсдорфКалаГроспиршиц – Јегерсдорф – Ротенштајн – Мауа – Лобеда – Јена – Цвецен - Порстендорф - ДорнбургДорндорф-ШтојдницВихмарКамбург – Тимплинг – Гросхеринген – Клајнхеринген - покраинската граница Тирингија-Саксонија-Анхалт – Штендорф – Залек – Бад КезенНаумбург – Шелзиц - Шенбург - Ојлау – ГозекЛајслинг – Лобич – Ујхтериц – Марквебен – Вајсенфелс – Делиц – Шкортлебен – Клајнкорбета – ГроскорбетаЕблес-ШлехтевицВенгелсдорфБад Диренберг – Крелвиц – ЛојнаТребницМерзебург – Мојшау - Фрајимфелде - Шкопау – Корбета – Хоенвајден – Рокендорф – Холебен – Хале – Крелвиц - Летин – Брахвиц – Шипцих – Залцминде – Пфицтал – Деблиц – Цашвиц – ВетинКлошвиц – Румпин - Добис – Фридебург – Цикериц – Ротенбург – Нелбен - Гнелбцих - Требниц – Алслебен – Поплиц – Гросвиршлебен – ПлецкауГрена – Нојборна – Бернбург – Дребел – НинбургВедлиц – Дамашке План – Вишпиц – Калбе – Трабиц – Грос Розенбург – Верклајц.

Притоки

уреди

Леви (од изворот до устието):

Десни:

Потекло на поимот

уреди

Името Зале доаѓа од индоевропскиот корен selo 'река', слично на велшкото hêl, heledd 'ливада долж реката', корнското heyl 'речно устие', старогрчки élos 'мочуриште, ливада', санскрит sáras 'езеро, езерце', Sárasvati 'света река', староперсиски Harauvati 'река Самрканд', авестискиот Haraxvati 'река'.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Извори

уреди
  • Ernst-Otto Luthardt, Reinhard Feldrapp: An der Saale. Vom Fichtelgebirge durch Thüringen bis zur Elbe. Würzburg 1990. ISBN 3-8035-1335-9
  • Wolf Thieme, Markus Altmann (Fotos): Mitten ins Herz. Sie entspringt in Bayern, durchquert Thüringen und fließt in Sachsen-Anhalt in die Elbe – die Saale ist ein Fluss, der alles verbindet. Und jedem Spaß macht: dem Sportler, dem Kulturfreund, dem Faulenzer. In: stern Nr. 26 (22. Juni 2006), S. 84-89. (Online-Version)