Наумбург (германски: Naumburg (Saale)) — град во Германија, на реката Зале. Се наоѓа во округот Бургенланд во покраината Саксонија-Анхалт. Оддалечен е приближно 60 километри југозападно од Лајпциг, 50 километри југозападно од Хале и 40 километри североисточно од Јена.

Наумбург (Зале)
Грб на Наумбург (Зале)
Наумбург (Зале) во рамките на Германија
Наумбург (Зале)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Бургенланд
Градски единици 18
Градоначалник Бернвард Кипер (ДХС)
Основни податоци
Површина 130 км2
Надм. височина 130 м
Население 32.053 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 247 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BLK
Пошт. бр. 06618, 06628
Повик. бр. 03445, 034466, 034463
Портал www.naumburg.de
Местоположба на градот Наумбург (Зале) во рамките на округот Бургенланд
Карта
Карта
Координати 51°9′N 11°49′E / 51.150° СГШ; 11.817° ИГД / 51.150; 11.817
Бискупија Наумбург-Цајц
Bistum Naumburg-Zeitz
1029–1565
Статусвазален
Главен градНаумбург
Уредувањекнежевство
Историски периодсреден век
• Основана
1029
• секуларизирано во Саксонија
1565
Претходници
Наследници
Грофство Мајсан
Изборно кнежевство Саксонија

Локалната индустрија се состои од производство на храна, облека, машини и играчки.

Наумбург се наоѓа во вински регион, со многубројни лозја во околината. СК Наумбург бил поранешен фудбалски клуб во градот од 1899 до 1908.

Историја

уреди

Првиот пишан доказ за Наумбург потекнува од 1012, кога бил споменат како новиот замок на Екехардингер, гроф од Мајсен. Тој е основан на крстосницата на два трговски патишта. Успешното основање на не долго постоечката црква Пропштај на местото на подоцнежната катедрала Наумбург било споменето на хрониките на бискупот од Мерзебург во 1021. Во 1028 папата Јован XIX ја дал својата согласност за преместување на бискупијата од Цајц во Наумбург. До 1568, во текот на реформацијата, Наумбург бил седиште на бискупите. Последниот католички бискуп бил Јулиус фон Пфлуг. Основањето на католичкото училиште потекнува од 1030. Наумбург познат е како град од 1144.

Наумбург бил важен трговски центар на Вија Регија во средниот век, особени поради трговските саеми во Наумбург, првиот познат се одржал во 1278. Појавата на Лајпциг како трговско-саемски центар од 1500 и Триесетгодишната војна негативно се одрази на економијата на Наумбург.

Црковното подрачје бил секуларизиран во средината на 16 век и се преместил во Војводството на Саксонија, кој го администрирал округот преку владино субвенционирање (Stiftsregierung), а подоцна обезбедило и администратори.

По монашкото натпреварување помеѓу четворицата браќа на изборниот кнез на Саксонија, Јохан Георг I, во 1657 административната површина на Наумбург дошла во сопственост на секундарната површина Саксонија-Цајц, која најмладиот син, Мориц ја наследил.

Пред да биде изграден замокот Морицбург во близината на Цајц, градскиот замок во Наумбург служел како резиденција на оваа династија. Овој период дошол крајот на смртта на последниот протестантски престаник во линијата Саксонија-Цајц во 1718 година. Административната површина на Наумбург била вратена на Војводството Саксонија во Дрезден и станала целосно интегрирана во Албертинска Саксонија. Меѓутоа, остана седиште на свој административен орган до 1815 (Составен округ на Наумбург-Цајц). По Виенскиот конгрес во 1815, Наумбург бил отстапен на кралството Прусија, станувајќи дел од провинцијата Саксонија. Тој добил контрола над катедрлата и нејзината близина во 1832.

Во 1846 градот бил поврзан со железничка линија од Хале до Ерфурт, во 1889 до Артерн и на крајот во 1900 до Тојхерн. На 15 септември 1892 парниот трамвајски систем се отворил во Наумбург. Од 2 јануари 1907 бил електрифициран.

Иако индустријата била само малку развиена, социјалистичкиот клуб бил основан во 1848. Во текот на 1920, каповскиот пуч, пет работници биле убиени. Основањето на локалната Комунистичка партија се случила во декември 1920. Под Германската демократска република, Наумбург бил центар на машинската, фармацевтската, металната и чевларската индустрија. Исто така, бил и гарнизонски град на советските воздушни сили. Неофицијалните проценки велат дека бројот на советскиот воен персонал бил приближно ист на месното население. Падот на комунизмот во 1989 бил придружен со демонстрации и собири во црквите низ градот.

Населението':

  • 1300 - околу 3000
  • 1755 - 6.987
  • 1840 - 12.674
  • 1875 - 16.258
  • 1880 - 17.868
  • 1890 - 19.807
  • 1925 - 29.337
  • 1933 - 31.427
  • 1939 - 36.940
  • 1946 - 41.379 1
  • 1950 - 40.595 2
  • 1960 - 37.377
  • 1981 - 33.585
  • 1984 - 32.610
  • 1995 - 30.867
  • 1997 - 30.530
  • 2000 - 30.399
  • 2001 - 30.388
  • 2002 - 30.279
  • 2003 - 29.933
  • 2004 - 29.927
  • 2006 - 29.521 3

1 29 октомври
2 31 август
3 30 јуни

Главни знаменитости

уреди
 
Катедрала Свети Петар и Павле

Најважната архитектонска знаменитост на градот е катедралата Свети Петар и Павле (позната на германски и како Naumburger Dom), импресивна доцна романска и готска катедрала, изградена помеѓу 13. и 15 век.

Рано готскиот западен ѕид е изграден во 1250 година. Источниот ѕид е додаден во висок готски стил во првата половина на 14-от век. Романската крипта под источната галерија била основана околу 1170 и била дел од претходната градба. Двете кули на источниот крај на црквата се октагонални и имаат барокни сводови. Југозападната купула била завршена дури во 1884; двете западни куполи се тесно обликувани како катедралите во Лан и Бамберг. Проведалницата потекнува од 1466.

Нејзината внатрешност вклучува прозорци од средниот век, како и познатите статуи од 13-от век на основачите на катедрлата, грофот Екехард и неговата жена Ута, заедно со други познати месни жители.

Западната кула била отворена за јавноста од Велигден 2007, откако долго време била затворена поради реновирање.

Други знаменитости се:

  • Доцната готска градска куќа (Rathaus).
  • Доцната ренесансна резиденција на војводата Мориц од Саксонија-Цајц.
  • Готската Црква Свети Венцеслас, која прикажува слики од Лукас Кранах Постариот и Хилдебрант, кои го прикажуваат како свири Јохан Себастијан Бах.
  • Поранешниот епископски замок Шенбург, кој дава поглед на градот и реката Зале.

Некои делови од средновековното градско утврдување преживеале, вклучувајќи ја и една од старите градски порти, Marientor.

Германскиот филозоф Фридрих Ниче го поминал неговото детство и неговите повозрасни години во Наумбург во домот на семејството на неговата мајка. Куќата, позната како Ниче-Хаус, сега е музеј.

Фестивал на црешата

уреди

Секоја година во последната недела во јуни, кога црешите се зрели, градот Наумбург го прославува фестивалот на црешата Хусит. Овој фестивал има долга традиција и датира најмалку од 16-от век. Од 17-от век прославите биле поврзувани со претпоставуваната (но всушност фиктивната) опсада на Наумбург од Хуситите во 1432 година. Професорот вели дека ги довел своите ученици надвор од портите на измачениот град да го молат командантот на Хусите Андреас Прокоп за милост. Нивното барање било одобрено и децата добиле цреши. Легендата се празнува со песната „Die Hussiten zogen vor Naumburg“ (Хуситите маршираат во Наумбург) напишана од Карл Фридрих Зејферт во 1832.

Луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски

уреди