Вајсенфелс
Вајсенфелс (германски: Weißenfels) — најголемиот град во округот Бургенланд, во јужниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Зале, приближно 30 километри јужно од Хале.
Вајсенфелс | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Бургенланд |
Градоначалник | Роби Риш |
Основни податоци | |
Површина | 114 км2 |
Надм. височина | 100 м |
Население | 39.041 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 342 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BLK |
Пошт. бр. | 06667 |
Повик. бр. | 03443 |
Портал | www.weissenfels.de |
Местоположба на градот Вајсенфелс во рамките на округот Бургенланд | |
Координати | 51°12′N 11°58′E / 51.200° СГШ; 11.967° ИГД |
Историја
уредиНаселбата се појавија околу замокот на преминот на Зале и ги добила градските права во 1185. Во текот на Триесетгодишната војна, градот бил сериозно оштетен и населението се намалило значително, од 2200 на 960. На 7 ноември 1632, телото на кралот Густаф II Адолф од Шведска, најпрвин било доведено во Вајсенфелс, откако бил убиен еден ден претходно во борбата кај Лицен.
Набргу потоа, сепак градот доживеал значаен пораст, кога војводата Августус, потомок од саксонската династија Ветин, го основал војводството Саксонија-Вајсенфелс во 1656 и го одбрал Вајсенфелс како негова резиденција. Од 1638 Августус служел како протестантски администратор на магдебуршката надбискупија, која, според Вестфалскиот мир од 1648 требало да биде конечно секуларизирано кон Бранденбург-Прусија по неговата смрт.
Августус од 1660 го подигнал барокниот замок Ној-Августусбург во Вајсенфелс како седиште на војводските наследници. Завршен во 1680, станал војводски административен како и културен центар, сè до нејзиното распуштање во 1746. Композитори како Јохан Филип Кригер и Георг Филип Телеман работеле овде, глумицата Фридерике Каролина Нојбер го имала својот прв настап во Вајсенфелс. Во 1713 Јохан Себастијан Бах ја посветил неговата кантата Was mir behagt, ist nur die muntre Jagd, BWV 208 на војводата Христијан од Саксонија-Вајсенфелс.
Лутеранскиот теолог Ердман Нојмајстер од 1704 работел како ѓакон во капелата Св. Троица во замокот. Нејзините оргули ги завршил во 1673 и имаат 22 краја. Според Џон Мајнваринг, војводата Јохан Адолф I од Саксо-Вајсенфелс самиот го открил музичкиот талент на Георг Фридрих Хендл, кога го чул синот на неговиот лекар Георг Хендл свирејќи на оргули. Бах ја напишал Toccata and Fugue in F major (BWV 540) за тоа.
Со изумирањето на линијата Ветин во 1746, градот паднал повторно под саксонскиот електорат и по виенскиот конгрес во 1815 на пруската провинција Саксонија. Од 1816 бил главен град на округот Вајсенфелс, сè до неговото распуштање во 2007.
Население
уредиРазвојот на градското население (од 1960 на 31 декември):
|
|
|
- Извори од 1990: Статистички уред на Саксонија-Анхалт
1: 29 октомври
2: 31 август
3: 3 октомври
Припојувања
уредиОд административната реформа на 1 јануари 2010, Вајсенфелс, исто така ги доби поранешните општини Лангендорф, Марквербен и Ујхтериц. На 1 септември 2010, поранешните општини Бургвербен, Гроскорбета, Лајслинг, Рајхартсвербен, Шкортлебен, Шторкау, Тагевербен и Венгелсдорф се приклучија кон градот.
Политика
уредиМестата во градскиот совет (Stadtrat), од изборите во 2009:
- Демохристијански сојуз (ДХС): 13
- Левица: 8
- Граѓани за Вајсенфелс: 6
- Социјалдемократска партија (СДП): 5
- Слободна демократска партија (СлДП) / Слободни гласачи: 3
- Национална демократска партија (НПД): 1
Стопанство
уредиОд 19. век со индустрализацијата, чевларската индустрија била примарната индустрија на Вајсенфелс. Тоа траело сè до 1991, кога и последната фабрика била затворена. Оттогаш, прехранбената индустрија се развила значајно. Главни компании се:
- Фришли за млеко
- Тенис Флајшверк, европската трета најголема групација за месо, во Вајсенфелс работи една од трите преработувачки фабрики
- Мителдојче Ерфришунгсгетренке, третиот најголем производител за минерална вода во Германија го има седиштетот во Вајсенфелс. Неговите брендови се Лајслингер Минералвасер и Саскиа-Квеле.
Градот има пристап до A9 на раскрсницата Вајсенфелс, во близина на пресретнувањето со A38. Станицата во Вајсенфелс е на пат на тириншката железница од Хале до Бебра.
Спортови
уредиКошарката и унихокејот се двата најпопуларни спорта во градот. КК Мителдојчер [1] (MBC) играл во германската национална кошаркарска лига помеѓу 1999 и 2004 и влегол повторно во лигата во 2009. Унихокеј клубот Крајсшпаркасе Вајсенфелс го освоил германското првенство во унихокеј седумпати, од 2003 до 2009. Европскиот куп во унихокеј, организиран секоја година со цел да се прогласи најдобриот тим во Европа, бил одржан во Вајсенфелс и соседните градови Хоенмелзен и Мерзебург во јануари 2004.
Познати граѓани
уреди- Јоаким Вилхелм фон Браве (1738–1758), драматург
- Конрад Даненберг (1912–2009), ракетен научник
- Херман Ајлтс (1922–2006), дипломат и советник на Кисинџер за Средниот Исток
- Луис фон Франсоа (1817–1893), писател
- Хорст П. Хорст (1906–1999), фотограф
- Георг Кикентал (1864–1955), ботаничар
- Вили Кикентал (1861–1922), зоолог
- Новалис, псевдоним за поетот Фридрих фон Харденберг (1772–1801)
- Готфрид Рајхе (1667–1734), тапанар
- Хајнрих Шиц (1585–1672), композитор и оргулар
- Венјамин Халеви (1910–1996), израелски судија и политичар
- Жерард Тихи (1920–1992), глумец
Меѓународни односи
уредиВајсенфелс е збратимен со:
- Корнвестхајм, Германија, од 1990
- Комарно, Словачка, од 1995
Поврзано
уреди- Зале-Унштрут — вински регион
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)