Унштрут
Унштрут (германски: Unstrut) — река во Германија и е лева притока на Зале. Потекнува од северна Тирингија близу Дингелштет (западно од Кеферхаузен во областа Ајхсфелд) и неговото сливно подрачје е во тириншката долина. Излегува од долината низ Тириншката Врата западно од Хелдрунген и во нејзиниот долен тек, тече низ Саксонија-Анхалт пред да се влее во Зале близу Наумбург. Вкупната должина на Унштрут е 192 километри. Градови долж Унштрут се Милхаузен, Земерда, Бад Франкенхаузен, Артерн, Рослебен и Фрајбург. Притоки на Унштрут се Гера, Випер, Хелме и Лоса.
Мост над Унштрут во Вајшиц | |
Место | Тирингија, Саксонија-Анхалт; Германија |
---|---|
Должина | 192 км |
Извор | Кај Кеферхаузен во Ајхсфелд 51°18′58″N 10°16′35″E / 51.31623° СГШ; 10.2763° ИГД |
Висина на изворот | 400 м |
Утока | Гросјена кај Наумбург во Зале 51°10′33″N 11°48′07″E / 51.175838° СГШ; 11.80192° ИГД |
Висина на утоката | околу 102 |
Слив | Елба |
Одлив | Зале → Елба → Северно Море |
Слив | 6.364,2 км² [1] |
Истек со Лауха мерило[2] |
Рекордно низок: 4,6 м³/С (во 29.06.1960) Просечен низок: 10,7 м³/с Просечен среден: 30,4 м³/с Просечен висок: 105 м³/с Рекордно висок: 363 м³/с (во 12.02.1946) |
Десни притоки | Луне, Фелхтаер Бах, Зебах, Зутбах, Орлбах, Залца, Тона, Гера, Граме, Лоса, Унштрут-Лоса, Бибербах, Хаселбах[1] |
Леви притоки | Нотер, Шамбах, Зексише Хелбе, Хелбе, Шварцбургер Хелбе, Випер, Флутграбен, Золграбен, Клајне Хелме, Хелме, Шмонер Бах[1] |
Помали градови | Милхаузен, Земерда, Наумбург |
Паланки | Дингелштет, Бад Лангензалца, Артерн, Рослебен, Небра, Фрајбург |
Пловност | Наумбург-Фрајбург |
Заедно со Зале, Уншрут го формира винскиот регион Зале-Унштрут. Добро познатиот бренд на пенливо вино, „Rotkäppchen“ („Црвенкапа“) се произведува во подрумите на Фрајбург.
Име
уредиШтреду на старогорногермански означува мочуришна шума, un- е претставка за интензивирање на значењето, така областа Унштрут е многу мочуришна област. Во 575, реката била наречена Onestrudis, во 7-от век Unestrude, во 994 Vnstruod.
Историја
уредиВо 531, според Decem Libri на Григориј Турски, решавачката битка помеѓу Франконија и Тирингија се одиграла долж Унштрут, што довело до уништување и анектирање на раното средновековнот тириншко кралство од Франкија. Во 933, германскиот крал Хајнрих I се борел, по десет години примирје, против унгарската армија во Битката кај Ријаде, место близу Унштрут, но кое сега е непознато. Неговата победа довела до период на мир, додека Унгарците не се вратиле во 955 и не биле поразени повторно. Едно од неговите омилени места бил Мемлебен на Унштрут, каде т.н. Пфалц, palatium или villa regia бил изграден. Умрел таму во 936 и неговиот син Ото I, во 973. Манастирот бил изграден таму во следните години, станувајќи еден од важните во Германското Царство за кратко време. Остатоците сè уште може да се видат; точната локација на palatium не е повеќе позната.
Поради неговиот мочуриштен карактер, Унштрут не бил пловен за бродови долго време. Конечно, во годините 1790-1794, реката била направена пловна по наредба на изборниот кнез на Саксонија. Станала важна врска за испорека; особено биле пренесувани песок и вар. Од 1889, кога долж реката била изградена железничката пруга, Unstrutbahn, важноста на речната рута била многу намалена. Регионот Унштрут е област од 300 хектари, една од најмалите вински областа, но сосема добро позната.
Знаменитости
уреди- историскиот град Милхаузен
- руинираниот замок Венделштајн
- руинираниот манастир Мемлебен
- замокот Нојенбург кај Фрајбург
Извори
уреди- Херман Греслер: Führer durch das Unstruttal von Artern bis Naumburg für Vergangenheit und Gegenwart, bearbeitete Ausgabe des Originaldrucks von 1904, Dingsda-Verlag Freyburg, 2. Auflage 1995, ISBN 3-928498-04-5
- Christel Foerster, Christian Kupfer: Unteres Unstruttal, Greifenverlag 1992, ISBN 3-7352-0295-0
- Fritz Kühnlenz: Städte und Burgen an der Unstrut, Greifenverlag, 1. Auflage 1962 oder Sondereinband - Verlagshaus Thüringen 1999, ISBN 3896831216
- Christian Kupfer, Michael Pantenius: Die Weinstraße an Saale und Unstrut - Kulturlandschaft in Mitteldeutschland, Mitteldeutscher Verlag 1997, ISBN 3932776011
- novum castrum. Schriftenreihe des Vereins zur Rettung und Erhaltung der Neuenburg e.V.
- Saale-Unstrut-Jahrbuch des Saale-Unstrutvereins für Kulturgeschichte und naturkunde e. V. Druckhaus Naumburg. Erscheint jährlich seit 1996
- Andreas Schmölling, Klaus Schmölling: 200 Jahre Schiffbare Unstrut 1795-1995, Heimatverein Artern 1995
- Th. Sommer, G. Hesse: Hydrogeologie einer anthropogen überprägten Flusslandschaft - das Unstruttal zwischen Quelle und Sömmerda (Thüringer Becken) in: Jber. Mitt. Oberrhein. Geol. Ver., Neue Folge 84, Stuttgart 2002
- Sagen der Unstrut-Finne-Region. Bearbeitet von Frank Boblenz (Sömmerdaer Heimatheft; Sonderheft 1). Sömmerda 1999.
- Unstrut Sagenbuch. Die schönsten Sagen von der Quelle bis zur Mündung. Herausgegeben von Harald Rockstuhl. Bad Langensalza 2007. ISBN 978-3-938997-81-9
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Thüringer Landesanstalt für Umwelt (Hrsg.): Gebiets- und Gewässerkennzahlen (Verzeichnis und Karte). Jena 1998.
- ↑ Pegel: Laucha Auf: hochwasservorhersage.sachsen-anhalt.de