Шварца (Зале)
Шварца (германски: Schwarza) — лева притока на Зале, во Тирингија, Германија и е 53 километри долга. Нејзиниот извор е во Тириншката Шума, близу Нојхаус на Ренвег. Се влева во Зале во Рудолштат. Други градови на Шварца се Шварцбург и Бад Бланкенбург. Има 50 притоки, од кои најголемите од нив е Лихте, Зорбиц, Вере и Рине. Нејзиното име означува „црна река“, што доаѓа од нејзината темна боја во нејзиниот горен тек и дебелата шума, која ја затемнува тесната долина.
Шварца кај Шварцбург | |
Место | Тирингија, Германија |
---|---|
Должина | 53 км |
Извор | кај Шајбе-Алсбах |
Висина на изворот | околу 717 м над м.н. |
Утока | кај Рудолштат во Зале |
Висина на утоката | околу 211 м над м.н. |
Спуст | ~ 506 м |
Слив | Елба |
Одлив | Зале → Елба → Северно Море |
Слив | 507,0 км² [1] |
Помали градови | Рудолштат |
Реката Шварца е најбогата со злато во Германија и нејзината долина е позната по нејзините резерви на задоволителни количини на злато од 12 век. Во 1442, правата на овие резерви на злато биле доделени на грофовите од Шварцбург.[2] Повремено одредени аматери во потрага по злато наоѓаат одредени златни грутки во Шварца и денес.[3]
Наводи
уреди- ↑ Thüringer Landesanstalt für Umwelt (Hrsg.): Gebiets- und Gewässerkennzahlen (Verzeichnis und Karte). Jena 1998. 26S.
- ↑ Peter Stieler, Beginn der Goldsuche im Schwarzatal (германски)
- ↑ Rich. Christian Kreibich, Goldwäscherei (германски)