Рудолштат
Рудолштат (разговорно: Ролшт; германски: Rudolstadt, Rolscht; Руделштат, тириншки: Rudelstadt) — град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Поранешната кнежевска резиденција Рудолштат е изградена долж реката Зале во широката долина опкружена со шуми.
Рудолштат
Rudolstadt | |
Поглед на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Залфелд-Рудолштат |
Градски единици | 24 |
Градоначалник | Јерг Рајхл (BfR) |
Основни податоци | |
Површина | 135,18 км2 |
Надм. височина | 195 м |
Население | 24.749 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 183 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SLF |
Пошт. бр. | 07407 |
Повик. бр. | 03672 |
Портал | www.rudolstadt.de |
Местоположба на градот Рудолштат во рамките на округот Залфелд-Рудолштат | |
Координати | 50°43′1″N 11°19′39″E / 50.71694° СГШ; 11.32750° ИГД |
Градот бил основан во 776 година, а го стекнал правото на град во 1326 година. Знаменитост на градот е замокот Хајдексбург, кој е поставен на рид над стариот град. Рудолштат станал популарен преку камените блокови на компанијата за играчки Рихтер и фабриките за порцелан, почнувајќи со основањето на Фолкштет во 1762 година. Од 1599 до 1920 година градот бил главен град на Шварцбург-Рудолштат.
Географија
уредиРудолштат се наоѓа во долина на реката Зале. На север и зпаад од градот се наоѓа рамници познати како Илм-Зале, на југ започнуваат Тириншките Шкрилни Планини, а источно од градот се наоѓа Хинтере Хајде, кој со Хаусберг (481 м.) доминира. Додека градското јадро се наоѓа на околу 200 метри, одредени градски единици се наоѓаат помеѓу 300 и 400 метри. Во местото Шварца се влива истоимената река во Зале.
Градски единици
уредиРудолштат е поделен на 24 единици. Покрај градското јадро во него влегуваат следниве села:
|
|
Во заградите е годината на прво споменување.[2]
Фолкштет, Шварца, Мерла и Кумбах образуваат заедно со градското јадро една урбана целина, додека другите места се оддалечени.
Соседни општини
уредиСоседни општини се следниве (почнувајќи од север, надесно): Бланкенхајн, Улштет-Кирххазел, Унтервеленборн, Залфелд, Бад Бланкенбург, Кенигзе, Штатилм, Ритерсдорф и Бад Берка.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на градот Бад Бланкенбург се состои од 30 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[3]
Партија | Места | Разлика |
---|---|---|
BfR* | 8 | ± 0 |
AfD | 7 | + 7 |
CDU | 5 | − 2 |
SPD | 4 | − 1 |
LINKE | 3 | − 2 |
GRÜNE | 1 | − 1 |
FDP | 1 | ± 0 |
Слободни гласачи | 1 | − 1 |
*: Граѓани за Рудолштат
Разлика: во однос на изборите во 2014 година
Збратимени градови
уредиПознати луѓе
уреди- Ханс Фалада — германски писател
- Франц Лист — унгарски композитор
- Рихард Вагнер — германски композитор
- Николо Паганини — италијански композитор
- Филип Хајнрих Ерлебах — германски композитор и хорист
- Ахасверус Фрич — германски поет и композитор
- Принцеза Ана Софи од Шварцбург-Рудолштат — баба на кралот Леополд во Белгија, прабаба на Алберт, принц на Велика Британија
Галерија
уреди-
Градското собрание
-
Замокот Хајдексбург
-
Градската црква
-
Замокот Лудвигсбург
-
Градската библиотека
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ Wolfgang Kahl: Ersterwähnung Thüringer Städte und Dörfer. Ein Handbuch. 5., verbesserte und wesentlich erweiterte Auflage. Rockstuhl, Bad Langensalza 2010, ISBN 978-3-86777-202-0, S. 257, 300, 51, 184, 246, 218, 140, 65, 164, 208, 295.
- ↑ Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.
- ↑ Website Rudolstadt Архивирано на 24 октомври 2018 г., abgerufen am 24. Oktober 2018
Надворешни врски
уреди- Рудолштат на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)