Цигенрик (германски: Ziegenrück) — мал град во округот Зале-Орла, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Зале, 22 километри источно од окружниот град Залфелд и 35 километри јужно од безокружниот град Јена.

Цигенрик

Ziegenrück

Поглед кон Цигенрик
Поглед кон Цигенрик
Поглед кон Цигенрик
Грб на Цигенрик
Цигенрик во рамките на Германија
Цигенрик
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зале-Орла
Општ. заед. Ранис-Цигенрик
Градоначалник Хорст Машке
Основни податоци
Површина 8,25 км2
Надм. височина 318 м
Население 646 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 78 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SOK
Пошт. бр. 07924
Повик. бр. 036483
Портал www.ziegenrueck.de
Местоположба на градот Цигенрик во рамките на округот Зале-Орла
Карта
Карта
Координати 50°37′0″N 11°39′0″E / 50.61667° СГШ; 11.65000° ИГД / 50.61667; 11.65000

Цигенрик претставува петти најмал град во цела Германија. Над градот се издигнува замокот Цигенрик.

Географија

уреди

Цигенрик се наоѓа на северниот раб од Тириншките Шкрилни Планини на реката Зале, која поминува низ градското подрачје.

Соседни општини

уреди

Соседни општини се Есбах, Кајла, Мокса, Паска, Ремптендорф и Шендорф.

Поголеми градови до Цигенрик се Шлајц на исток (16 км), Песнек на север (13 км), Залфелд на запад (28 км) и Бад Лобенштајн на југ (21 км).

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет на градот Цигенрик се состои од 8 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

Партија / Листа Удел Места
FVV e.V. Сообраќаен сојуз Цигенрик 35,7% 3
FF Ziegenrück Доброволни противпожарникари Цигенрик 35,4% 3
ZKG e.V. Карневалски сојуз 28,9 % 2
Вкупно 100% 8
Излезност: 62,7%

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.

Надворешни врски

уреди