Кала (Германија)
Кала (германски: Kahla) — мал град во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Зале, 14 километри јужно од безокружниот град Јена.
Кала (Германија)
Kahla | |
Кала во зима | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Зале-Холцланд |
Градоначалник | Јан Шенфелд |
Основни податоци | |
Површина | 7,89 км2 |
Надм. височина | 177 м |
Население | 6.806 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 863 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SHK |
Пошт. бр. | 07764–07768 |
Повик. бр. | 036424 |
Портал | www.kahla.de |
Местоположба на градот Кала (Германија) во рамките на округот Зале-Холцланд | |
Координати | 50°48′3″N 11°35′15″E / 50.80083° СГШ; 11.58750° ИГД |
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Зидлихес Залетал, иако самиот град не е член на заедницата.
Географија
уредиКала се протега на височина помеѓу 160 и 180 метри.
Соседни општини
уредиСоседни општини се Алтенберга, Бибра, Гросојтерсдорф, Гроспиршиц, Клајнојтерсдорф, Линдиг, Шепс и Зајтенрода.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на градот Кала се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
Партија / Лита | Места | Удел |
Die Linke | 5 | 24,1 % |
CDU | 3 | 15,2 % |
SPD | 2 | 11,7 % |
Слободни гласачи Кала | 9 | 43,5 % |
BIG* | 1 | 5,6 % |
* Граѓанска иницијатива Холцланд
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Кала од април 2018 година е Јан Шенфелд.
Десен екстремизам
уредиКала важи за упориште на крајната десница и неонацизмот во Тирингија. Неонацистите поседуваат повеќе објекти во градот.[3][4][5]
Збратимени градови
уредиКала е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Поглед на градот
-
Градскиот музеј
-
Железничката станица
-
Градското собрание
-
Градската црква
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.
- ↑ Claus Peter Müller (2013-05-14). „Die Drehbücher der Rechtsextremen“. FAZ.net. Посетено на 2017-04-20.
- ↑ „Neue Nazihochburg Kahla“. planet-wissen.de. 1981-10-08. Архивирано од изворникот на 2017-04-21. Посетено на 2017-04-20.
- ↑ „Auf Achse entlang der „Heil-Hitler-Straße"“. vice.com. Посетено на 2017-04-20.
Надворешни врски
уреди- Кала (Германија) на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 27 ноември 2011 г. (германски)