Бутел (населба)
- За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
Бутел — заедничко име за две населби во северно Скопје. Двете населби се Бутел I и Бутел II.


Историја уреди
На крајот на XIX век Бутел било мало село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бутелъ живееле 84 Македонци христијани.[1][2]
На почетокот на XX век целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. Бутел имал 128 жители, сите Македонци[1].[3]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележлил Бутел како македонско село.[1][4]
Населението нагло пораснало по земјотресот од 1963 г., кога е подигната урбана населба за сместување на обездомените.
Според пописот од 2002 г. Бутел има 14.005 жители,[5] и тоа во следниов етнички состав:
Како најстари фамилии во Бутел (I и II) се паметат. Барџови (најстари во Бутел), Видински (доселени од Кучевиште), Давчеви (доселени од Кожле), Гижарови и Џамбови (доселени од Бродец), Шаторови (доселени од Булачани)и Петковски. Потоа муслимани. Мемедовци (доселени од Елово), Маљовци (доселени од Долно Количани), Алибегови, Идризбегови, Зеќировци и Муртезовци (многу стари во Бутел), Ајвазовци (доселени од Чифлик), Шаќировци (доселени од тетовско), Мустафовци или Бреждани (доселени од Брест), и уште некои други.
Националност | Вкупно |
Македонци | 7.616 |
Албанци | 4.846 |
Турци | 450 |
Роми | 104 |
Власи | 27 |
Срби | 377 |
Бошњаци | 406 |
други | 179 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Бутел има 24.391 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 10.451 |
Албанци | 8.646 |
Турци | 1.229 |
Роми | 258 |
Власи | 56 |
Срби | 353 |
Бошњаци | 1.002 |
Други | 2.396 |
Население низ историјата уреди
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 84 | 128 | 243 | 278 | 492 | — | — | — | — | 6.809 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Верски објекти уреди
- Црква „Св. Јован Крстител“ — соборна црква на населбата. Во изградба од 2012 година.[10]
Личности уреди
- Марјанчо Бошковски (1973–2001) — македонски бранител
- Елиф Елмас — македонски фудбалер
- Јован Попзлатанов — македонски фудбалер
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2017-12-18.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Започна изградбата на црква за Бутелчани“. Дневник. 5 ноември 2012. Посетено на 2012-11-05.[мртва врска]
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |