Екатарина Велика

(Пренасочено од ЕКВ)

Екатарина Велика (скратено ЕКВ) била рок група од Белград и еден од најуспешните и највлијателни бендови на просторот на поранешна Југославија.

Екатарина Велика
ЕКВ во 1986: Милан, Иван, Бојан, Маргита
ЕКВ во 1986: Милан, Иван, Бојан, Маргита
Основни податоци
ПотеклоСФРЈ БелградЈугославија (денес Србија)
Жанр(ови)Рок
Пост-панк
Нов бран
Години на активност1982–1994
Продукциска куќа/ќиZKP RTLJ
PGP RTB
ЧленовиМилан Младеновиќ (вокал, гитара)
Маргита Стефановиќ (клавијатури)
Бојан Печар (бас)
Поранешни членовиИвица Вдовиќ - Вд (тапани)
Срѓан Тодоровиќ - Жика (Тапани)
Драгомир Михаловиќ - Гаги (гитара)
Зоран Радимировиќ (бас гитара)
Иван Феце - Фирчи (тапани)
Иван Ранковиќ - Рака (тапани)
Марко Миливојевиќ (тапани)

Сржта на бендот ја сочинувале гитаристот и пејач Милан Младеновиќ, клавијатуристката Маргита Стефановиќ и басистот Бојан Печар.

Почетоци

уреди

Оваа група на почетокот се викала Катaрина II и била создадена во 1982 година во Белград по распадот на бендот Шарло Акробата, од страна на пејачот Милан Младеновиќ, гитаристот Драгомир “Гаги“ Михајловиќ, басистот Зоран Радомировиќ-Шваба и тапанарот Душан Дејановиќ. Групата е именувана по Гагиевата девојка, катарина. Во текот на 1982 на бендот и се придружува и Маргита “Маги“ Стефановиќ. Радомировиќ набрзо потоа преминува во бендот Ду Ду А, а Душан Дејановиќ во Дисциплина кичме, додека едно време тапанар бил Бранко "Манго" Куштрин. На почетокот на 1983 година на местото тапанар доаѓа Ивица “Вд“ Вдовиќ, бившиот тапанар на Шарло Акробата, а басист станува Бојан Печар, со што е формирана конечната ритам секција на бендот. Дефинитивната и последна постава на катарина II - Младеновиќ, Михајловиќ, Стефановиќ, Печар и Вдовиќ - започнуваат во 1983 со работата на нивниот деби албум.

Осумдесетти години (1983-1989)

уреди

Катарина II

уреди

Во пролетта 1983 Катaрина II учествува на Загрепското биенале и добива солидни критики. Материјалот за првиот албум го снимаат набрзо после тоа, а на него како гостин се појавува глумецот Светислав “Буле“ Гонциќ. Материјалот е сниман во студиото "Друга маца" чиј сопственик бил Енцо Лесиќ кого што Милан Младеновиќ го познавал од работата со групата Шарло Акробата. За жал, поради лошите услови на снимање материјалот пропаѓа, а групата е принудена повторно да го сними севкупниот албум. На повик на колегата музичар Срѓан Марјановиќ, тоа го направиле следната година во студиото ZKP RTLJ во Љубљана.

Деби албумот насловен како Катaрина II конечно излегува во 1984 година. Поголемиот дел од текстовите ги напишал Милан Младеновиќ, со исклучок на текстовите за песните "Врт"(мак.Градина) и "Платформе"(мак. Платформи) кои ги напишал Михајловиќ, за песната "Кад кренем ка..."(мак.Кога ќе тргнам кон...) чиј текст го напишала Маргита Стефановиќ како и за песната "Треба да се чисти" чиј текст е групно потпишан. Во повеќето песни групата успешно го поврзува Милановиот дескриптивен поетски сензибилитет со енергичнот звук на таканаречениот “Нови талас” (мак.Нов бран). Често сметан за звучно "најчисто" издание на бендот, албумот не постигнал комерцијален успех, воглавно поради уметничкиот концепт на кој му недостасувала комерцијална прифатливост.

Набрзо по излегувањето на албумот, бендот претрпува повторна измена на составот. Како и во времето на бендовите Лимуново дрво и Шарло Акробата, несогласувањето меѓу Младеновиќ и Михајловиќ и понатаму постои. Михајловиќ набрзо доаѓа и во судир со законот и заминува во затвор, а веднаш по излегувањето му е соопштено дека веќе не е член на бендот. Како што тој тврдел дека има авторски права на името Катарина II, бендот бил принуден да избере ново име. Останатите чланови го бираат новото име Екатарина Велика (по Екатарина Велика, руската царица), подоцна скратено на ЕКВ и под тоа име работаат до крајот на кариерата. Набрзо, поради проблеми се дрогата и болести, и тапанарот Вдовиќ заминува од бендот и завршува во Ду Ду А. Негова замена е Иван “Фирчи” Феце (претходно член на Луна, Џакарта).

Екатарина Велика

уреди

Благодарение на постојаните концертни настапи низ поранешна Југославија (со посебно честите концерти во Загреб, Љубљана и Белград)и емитувањето на спотовите на телевизија, Екатарина Велика полека стекнува сè поголем број поклоници. Во 1985 година групата го издава својот втор албум Екатарина Велика. Албумот е снимен во загрепското студио СИМ со продуцентот Владимир Смолец, а на него како гости се појавуваат Масимо Савиќ, во тоа време пејач на хрватскиот бенд Доријан Греј, како и Томо Ин Дер Мулен, гитаристот на составот Карлови Вари. Новиот материјал донел извесни промени во звукот со оглед на тоа дека во однос на претходниот албум бил со забележително побрз ритам и поенергичен. Сепак, и на него се присутни препознатливите обележја на бендот: длабоко суптилни тонови како и Милановите херметични, интроспективни и метафорични текстови. Албумот со својот омот кој го осмислил и дизајнирал Душан Герзиќ покажувал и одредени уметнички амбиции, бидејќи ги прикажувал членовите на бендот насликани во манир на индијанските обредни тетоважи.

Второто издание му ги донело на бендот првите вистински хитови, песните "Очи боје меда", "Tattoo" и "Модро и зелено". На 22 март 1985 за првпат свират надвор од Југославија, на манифестацијата "Денови на културата" во Торино, Италија и оставаат позитивен впечаток. Друг забележителен настап остваруваат на концертот во Загреб кој бил дел од таканареченаата "Боље вас нашли" традиционална размена на бендови меѓу Загреб и Белград. Кон крајот на 1985 година Фирчи заминува на задолжително отслужување на војниот рок, а негова замена на тапаните е Иван “Рака“ Ранковиќ (претходно во Тврдо срце и Велике уши).

С' ветром уз лице

уреди

Во 1986 година под името С'ветром уз лице, излегува третиот албум на бендот со кој се пробиваат до пошироката публика, и кој од нив прави ѕвезди. Продуциран од страна на Милан Младеновиќ, Маргита Стефановиќ и Драган Чачиновиќ, албумот имал мошне "исполиран" звук заснован на нагласените клавијатури и на употребата на "E-mu Emulator II" 8-битен семплер. Хитовите од овој албум ги вклучувале песните "Буди сам на улици", "Као да је било некад", "Ти си сав мој бол" и "Новац у рукама". С' ветром уз лице заедно со својот комерцијален успех добил и прилично равнодушен прием од страна на критиката која се жалела дека звукот на албумот и премногу потсетува на британската група Симпл Мајндс.

Во тоа време бендот има и доста жива концертна активност, настапувајќи по градовите ширум Југославија. На концертот одржан на 2 ноември 1986 година во загрепскиот клуб "Кulušić" снимен е првиот албум во живо на бендот кој е издаден накнадно во почетокот на 1987 година како албум EKV 19LIVE!86. Истата година бендот се враќа од турнејата и во Белград триумфално ја завршува концертната сезона со серија од шест распродадени концерти во београдскиот Младински дом (срп. Дом омладине).

Во пролетта истата година Иван Ранковиќ одлучува да го напушти бендот за да може со пријателите од својот стар бенд Тврдо срце и Велике уши да ја формира групата Улица од месеца. Нов тапанар станува Срѓан "Жика" Тодоровиќ (претходно: Радничка контрола, Безобразно зелено, Дисциплина кичме) кој својот прв концерт со групата го има во парискиот клуб "La Locomotive". Тодоровиќ во групата доаѓа од Дисциплина кичме, која од самиот почеток важела за своевиден соперник, прво на групата Катарина II, а потоа и на Екатарина Велика.

Љубав

уреди

После измената на составот, бендот го снима својот четврт студиски албум насловен како Љубав кој излегува во втората половина на 1987 година. Албумот најчесто се смета за најдобро издание на бендот а воедно и за едно од најдобрите рок изданија на територијата на бивша Југославија. Ова издание се одликува со повеќе гитарски ориентиран и исполиран звук кој го донела соработката со новиот продуцент, австралискиот музичар Теодор Јани (англ.Theodore Yanni). Високо стилизираниот омот заедно го осмислиле и дизајнирале Маргита Стефановиќ и уметникот Вук Видор. Како хитови од албумот се издвојуваат песните "Земља", "Поред мене", "Љубав", "7 дана" и "Људи из градова", а се смета дека повеќето песни ги покажуваат првите траги на депресија во Милановите текстови, што најчесто се аргументита со текстот на нумерата "Тонемо".

Бендот во овој период има статус на концертна атракција кој го потврдува тоа со два последователни распродадени концерти во белградската хала "Пионир". На почеткот на 1988 година започнуваат нова турнеја на која им се придружува пејачот и гитарист на белградскиот состав Ван Гог - Звонимир Ѓукиќ "Ѓуле" и поранешната пејачка на групата Октобар 1864, Тања Јовиќевиќ. Во тоа време Фирчи се враќа од отслужување на војниот рок и повторно се приклучува кон бендот заменувајќи го Срѓан Тодоровиќ. Во бендот останува сè на сè неколку месеци, а потоа во мај 1988 се преселува во Њујорк. По заминувањето на Фирчи, Тодоровиќ се враќа во групата.

Само пар година за нас

уреди

Во 1989 година бендот го објавува албумот Само пар година за нас, петто студиско издание. Критиката смета дека овој албум е чиста концептуална копија на албумот Љубав. Меѓутоа, за разлика од воглавно брзото ритмично темпо комбинирано со благо темниот звук на албумот Љубав, Само пар година за нас има многу звучно "поматни" мелодии и побавен ритам кои заедно го носат претчувството на претстоечките политички и социјални трагедии кои ќе ја зафатат Југославија на почеткот на 90-те години.

Неколкуте хитови од албумот ги опфаќаат и песните "Круг", "Срце" и "Пар година за нас".

Во ноември 2006 година песната "Пар година за нас" е изгласана за најдобра југословенска песна на сите времиња од страна на слушателите на белградското радио Б92. Милан Младеновиќ во своето интервју за емисијата на РТС ТВБ "ТВ Постер" од 1992 година изјавил дека "Пар година за нас" е најдобрата песна која Екатарина Велика ја направила.

Деведесетти години (1991-1994)

уреди

Дум дум

уреди

По албумот Само пар година за нас следувала најтешката промена на составот која групата мошне тешко ја поднесла. Тодоровиќ го напуштил бендот концентрирајќи се на својата глумечка каријера, а Бојан Печар се сели во Лондон. Додека заминувањето на Тодоровиќ од групата претставувал повеќе или помалку уште една смена на тапаните, Печаровото заминување било огромна загуба за бендот кој на тој начин останува без еден од своите клучни членови. Милан Младеновиќ и Маргита Стефановиќ продолжуваат и понатаму наоѓајќи нов тапанар - Марко Миливојевиќ (претходно: У шкрипцу, Партибрејкерс), а како басист во тоа време на концертите свири Мишко Плави. Албумот Дум дум излегува во пролетта 1991 година, а како басисити на албумот свират Бата Божаниќ и Душан Петровиќ.

Албумот Дум дум се смета за најмрачен албум на групата. Неговата мрачност и трагична атмосфера ја отсликуваат општата состојба во Југославија која во тоа време, на почетокот на 90-те години полека се распаѓа и се приближува кон граѓанска војна.

Неко нас посматра

уреди

Во текот на 1992 године ЕКВ настапува со басистот Драгиша Ускоковиќ. Во мај 1993 година новата постава го објавува албумот Неко нас посматра кој, како спротивност на претходниот албум, се одликува со потопол и попристапен звук и со покомуникативни и поотворени теми особено препознатливи во песните "Заједно", "Just let me play some modern RNR music", "Јадранско Море" , "Понос". Ова е исто така првиот и едниствен албум на бендот кој содржи обработена песна, а тоа е нумерата "Истина машина" на југословенскиот рок бенд Тајм.

Поради своите едноставни музички аранжмани и текстуални концепти, албумот е сметан за најслабо ЕКВ издание. Времето сепак ги промени погледите на албумот и неговите вредности станаа поценети со текот на годините.

Крај и распад

уреди

На почетокот на 1994 година Екатарина Велика е неактивна. Милан Младеновиќ истата пролет заминува во Бразил каде заедно со пријателот и музичар Митар Суботиќ и со група бразилски музичари работи на албумот Angel's Breath. По неговото враќање во Белград бендот продолжува со концертните активности и отпочнува со работа на новиот албум чиј работен наслов е Поново заједно. Работата на албумот сепак набрзо е прекината поради здравствените проблеми на Милан. Во август 1994 година бендот свири на фестивалот во Будва и тоа е нивен последен концертен настап. Следниот ден Милан Младеновиќ е префрлен во болница каде што е откриено дека има рак на панкреасот.

Неколку месеци подоцна, на 5 ноември 1994 година, Милан Младеновиќ умира во Белград на 36 годишна возраст. Со неговата смрт Екатарина Велика престанува да постои.

Бојан Печар умира во Лондон од срцев удар на 13 октомври 1998 во 37 година од животот.

Маргита Стефановиќ починала на 18 септември 2002 година во Белград на 43 годишна возраст. Причината за смртта не е официјално потврдена, но се смета дека најверојатно умрела од последица на долгогодишното интравенозно користење на дрога.

Останатите членови на бендот кои починале се Ивица Вдовиќ (во 1992 како прва регистрирана жртва на СИДА) и Душан Дејановиќ (умрел од СИДА на 16 ноември 2000 година во Белград).

Влијание и статус

уреди

Екатарина Велика е меѓу највлијателните, ако не и највлијателниот бенд на просторот на бивша Југославија, а исто така се смета и за еден од најважните бендови на југословенската рок сцена воопшто. Многу бендови во текот на годините ги обработувале нивните хитови, но она што е карактеристично е тоа дека сите тие се имитации на темите со кои Милан Младеновиќ се занимавал како и на неговиот единствен поетски стил кои постојано се појавуваат во музиката на многу нови млади бендови.

Меѓу бендовите за кои се тврди дека се под огромно влијание на Екатарина Велика е и бендот Ван Гог кој се издигнал до статусот на еден од најпопуларните рок бендови во Србија во втората половина на 90-те години, но кој исто така е често критикуван поради претераната склоност кон имитација на ЕКВ, а посебно кога станува збор за текстовите на песните. Друг бенд на кој Екатарина Велика значајно влијаела е Block Out, кој ја обработил нивната песна "Соба" (трибјут издание "Као да је било некад") и кој често ги изведува нивните песни на своите концерти.

Белешки

уреди
  • "EKV" (Каменко, Белград 1990.) - (книга со фотографии)
  • Ригонат, Флавио Ур. : "Дечак из воде: Милан Младеновић". (Белград: Л.О.М., 1997.)
  • Жикић, Александар: "Место у мећави". (Белград: Матица Српска, 1999.)
  • Милодановић, Перица: "Као да је било некад: приручник о београдској рок групи Екатарина Велика" (Суботица, 2000.)
  • Зорица Бајин-Ђукановић: "Memento: EKV: fotografije :Galerija Grafički kolektiv" (Белград, Галерија Графички колектив, 2004.)

Надворешни врски

уреди