Масимо Савиќ (Пула, 6 јуни 1962 - 23 декември 2022)[1] — хрватски поп-рок музичар и пејач.

Масимо Савиќ

Биографија уреди

Поголемиот дел од своето детство го поминал во Истра, иако неговите животни околности го однеле најпрво во Италија, а потоа во Австралија. Средното училиште го завршил во Загреб, каде ја започнал музичката кариера.

Музичка кариера уреди

Во 1983 година, како водач на музичката група Доријан Греј, Савиќ го објавил првиот албум - „Сјај во темнината“, а две години подоцна и вториот албум „За твоите очи“. Групата Доријан Греј станала славна благодарение на обработката на песната на групата Вокер брадерс, „Сонцето повеќе нема да блесне“, каде дошол до израз впечатливиот глас на Масимо Савиќ. За жал, во тоа време, членовите на групата експериментирале со дрогата „како поттик за создавањето музика“. Групата се распаднала во 1986 година поради финансиски проблеми. Имено, нејзините членови во Шведска потрошиле два и пол пати повеќе време за снимањето отколку што била подготвена да плати издавачката куќа Југотон и таа побарала од групата самата да ги плати останатите часови потрошени во студиото. Менаџерот Маријан Црнариќ успеал да организира 42 концерти во поранешната Југославија, од кои на членовите на Доријан Греј им припаднале само дневните надоместоци, додека останатиот дел од приходите биле наменети за покривање на долгот кон Југотон. На крајот, групата се распаднала поради немање приходи и поради меѓусебните обвинувања. Потоа, Савиќ започнал успешна независна кариера и објавил четири музички албуми во соработка со Зринко Тутиќ. Исто така, тој учестувал во неколку уметнички поп и рок проекти, како Елементи или вокалите на англиски јазик за групата Метал Гуру, а во 1995 година го објавил и петтиот албум во соработка со Тутиќ. По петгодишна пауза, тој објавил нов албум со едноставен наслов „Масимо“, проследен со албумите „Вештина“ и „Вештина 2“, кои го вратиле во врвот на хрватската поп-рок-музика. По неколку номинации, во 2004 година конечно ја добил наградата Порин во категоријата најдобра вокална изведба. Подоцна, оваа награда ја освоил уште неколкупати.

Дискографија уреди

  • Доријан Греј - Сјај во темнина (Југотон, 1983)
  • Дориан Греј - За твоите очи (Југотон, 1985)
  • Странец во ноќта (Југотон, 1987)
  • Волшебни зборови (Југотон, 1988)
  • Музика за тебе (Југотон, 1989)
  • Земја на танцот (Југотон, 1990)
  • Елементи (Хелидон, 1992)
  • Метал Гуру - Тело, енергија и емоции (Лабин Арт Експрес, 1993)
  • Бензин (Хрватски рекорди / Тутико, 1995)
  • Метал Гуру - Херој во 21 век (Лабин Арт Експрес, 1998)
  • Масимо (Водолија / Мултимедија Рекорди, 2003)
  • Вештина (Водолија / Мултимедија Рекорди, 2004)
  • Масимо - Златна колекција (Хрватски рекорди, 2004)
  • Апсолутно во живо - во живо од Водолија клуб (Водолија, 2005)
  • Вештина 2 (Водолија, 2006)
  • Сонцето е повторно родено (Водолија, 2008)
  • Допри ме случајно (Водолија, 2011)
  • Еден ден на љубовта (Водолија, 2015)


Награди „Порин“ за најдобра машка вокална изведба уреди

  • 2004 за изведба („Знам зошто те чувствувам“)
  • 2005 за изведба („Се фрлила во реката“)
  • 2006 за изведба („Не плачи“ (во живо))
  • 2007 за изведба („Да можам“)
  • 2012 за изведба („Од еден поглед“)

Наводи уреди

  1. G.S (2022-12-23). „Preminuo Masimo Savić“. Glas Srpske (српски). Посетено на 2022-12-23.