Милан Младеновиќ (српски: Милан Младеновић; 21 септември 19585 ноември 1994) — југословенски рок музичар, најпознат како пејач и гитарист на белградската рок-група Екатерина Велика.

Милан Младеновиќ
Основни податоци
Роден(а)21 септември 1958
ПотеклоСФРЈ ЗагребЈугославија (денес Хрватска)
Починал(а)5 ноември 1994
Жанр(ови)рок, пост-панк, нов бран
Занимање/њапејач, поет
Инструментивокал, гитара
Години на активност1980–1994
Продукциска куќа/ќиZKP RTLJ
PGP RTB

Животопис

уреди

Милан Младеновиќ е роден на 21 септември 1958 година во Загреб, од татко Спаса (родум од Крушевац) (офицер во ЈНА) и од мајка Даница (родум од Макарска). На шестгодишна возраст, неговото семејство се преселило во Сараево, а во 1970 година, во Белград, каде Младеновиќ матурирал во 11. гимназија. Подоцна за своето детство, тој изјавил:

Сараево веројатно мрачно влијаеше врз мене. Бев сам многу воинствен, вистинољубив, мал, и постојано се тепав со постарите од себе. Тие, секако, ме тепаа и така се враќав дома крвав, плачејќи, и тоа траеше во текот на тие шест, седам година колку што живеев таму... Бев момче со очила и носев танго-гитара под пазува. Одев на часови кај славниот Гари Гаринча. Од него научив неколку акорди. Потоа се преселив во Белград.[1]


Музичка кариера

уреди

Кон крајот на седумдесеттите, заедно со училишниот другар Драгомир Михајловиќ Гаги и со другарот Милан Стефановиќ - Микица, Младеновиќ ја формирал својата прва група - Лимуново дрво. Групата свирела на гитаријадите во Жарково, во Железник, во Блокот 45 (т.н. „Рок блок”), во Домот на младината во Белград, а одржале и три самостојни концерти во Студентскиот културен центар Београд (СКЦ) и во Студио М во Нови Сад. Најпознати песни на „Лимуново дрво“ биле: „Дали се сеќавате?“, „Седмиот круг”, „Околу мојата глава”, „Лимоново дрво”, „Не верувај”, „Измамен” и „Црн леб“.[2]

Во 1980 година, заедно со Михајловиќ, Душан Којиќ - Која и Ивица Вдовиќ, Младеновиќ го формирал својот прв позначаен музички состав - Шарло Акробата. Неколку песни од групата („Никој како јас“, „Таа се буди“, „Околу мојата глава“, „Мал човек“) набрзо биле објавени на култната компилација „Пакет аранжман“, а во 1981 година се појавил првиот и единствениот албум на групата - „Побистар или потап човекот е кога...“ („Бистрији или тупљи човек бива кад...“). Поради меѓусебните несогласувања, Младеновиќ и Којиќ набрзо се разделиле, а потоа, заедно со Драгомир Михајловиќ, Милан Младеновиќ формирал нова група - Катарина II.

Во текот на 1982 година, кон новата група се приклучила клавијатуристката Маргита Стефановиќ Маги, a во 1983 година басистот Бојан Печар и тапанарот Ивица Вдовиќ. Во таа постава, во 1984 година, групата го издала истоимениот албум, а веднаш потоа Вдовиќ и Михајловиќ си заминале од неа. Како носител на правото на името Катарина II, Михајловиќ ја спречил групата понатаму да го користи тоа име, поради што таа продолжила да работи со ново име - „Екатарина Велика“. Во 1985 година излегол истоимениот албум кој добил поволни критики и благодарение на него групата се стекнала со релативно поширока популарност. Пресвртот настапил во 1986 година, кога албумот „Со ветрот во лицето“ („С ветром уз лице“) ги лансирал на самиот врв на југословенската рок сцена, каде што групата се задржала до 1994 година, издавајќи серија успешни албуми.

Други активности

уреди

Уште во текот на работата со Екатерина Велика, Младеновиќ бил продуцент на албумите на групите „Густаф и његови добри духови“ и „Фит“. Во 1985 година, заедно со останатите членови на Екатарина Велика, тој се појавил во филмот на Горан Марковиќ, „Тајванска канаста“, а следната година ја играл главната улога во филмот на Дарко Бајиќ, „Црна Марија“ и ја напишал нумерата „Bus Station“. На крајот на 1980-тите, Младеновиќ ја компонирал музиката за една театарска претстава на која работеле и Влатко Стефановски, Ѓорѓе Ериќ, Зоран Петровиќ и други. Во 1992 година, заедно со членовите на групите „Партибрејкерс“ и „Електрични оргазам“, Младеновиќ го формирал составот Римтутитуки, чија музичка активност била концентрирана на антивоената пропаганда. Групата го снимила синглот „Слушај ваму“ (Слушај 'вамо!) кој го објавило белградското радио „Б-92“, а бил промовиран со концерт на камион кој кружел низ улиците на Белград. Кога требало со Римтутитуки да гостува во Бања Лука, на почетокот на војната, Милан го откажал настапот во знак на протест поради уривањето на најстарата и најпозната џамија, Ферхадија од 1579 година.

Во летото 1994 година, Младеновиќ заминал во Бразил, каде со својот долгогодишен пријател Митар Суботиќ - Суба (алијас „Rex Ilusivii“) и со неколку бразилски музичари, го снимил албумот „Ангелски здив“ („Angel’s Breath“). Во август 1994, по настапот на Екатерина Велика на Фестивалот во Будва, Младеновиќ бил префрлен во една болница во Белград, каде што му бил дијагностициран рак на панкреасот. Милан Младеновиќ починал на 5 ноември 1994 во Белград, каде бил погребан во Алеата на великаните на Новите гробишта.[3]

Дискографија

уреди

Шарло акробата

уреди

Катарина II

уреди

Екатарина Велика

уреди

Римтутитуки

уреди

Angel's Breath (Милан Младеновиќ и Митар Суботиќ - Суба

уреди

Значење и влијание

уреди

Три улици во главните градови на бившите југословенски републики го носат името на Милан Младеновиќ. Имено, една улица во Земун во 2004 година го добила името Милан Младеновиќ; на почетокот на декември 2007 година и во Забјело, предградие на Подгорица, на една улица ѝ е дадено неговото име;[4], а од октомври 2012 година една улица во населбата Јакушевац во Загреб го носи неговото име.[5]

Во март 2011 година, Либерално-демократската партија започнала иницијатива за именување на плоштадот пред Домот на младината во Белград по Милан Младеновиќ.[6] За 12 дена иницијативата ја потпишале 15 000 луѓе[7], а на 14 јуни истата година, градското собрание ја потврдил оваа одлука.[8] Врз основа на одлуката на Собранието на Градот Белград од 14 јули 2011 година, платото пред Домот на младината официјално го носи името „Плато на Милан Младеновиќ“, а плочата со неговото име ја открил последниот менаџер на ЕКВ, Душан Ерцеговац.[9]

Во 2019 година била основана Фондацијата „Милан Младеновиќ“ (Задужбина Милана Младеновића).[10]

Наводи

уреди
  1. Milan Mladenovic biografija (пристапено на 2 февруари 2009.)
  2. Milan Mladenović na last.fm (пристапено на 2 февруари 2009.)
  3. „Знаменити личности на Белградските гробишта“. Архивирано од изворникот на 2006-10-06. Посетено на 2008-06-10.
  4. „Веста за именувањето на улицата на мрежното место StartUpMontenegro, 5 декември 2007“. Архивирано од изворникот на 2008-04-03. Посетено на 2008-06-10.
  5. Водачот на ЕКВ доби улица во Загреб Архивирано на 27 октомври 2012 г., пристапено на 12 април 2013.
  6. „Мрежно место ЛДП-а: Плоштад Милан Младеновиќ во Белграду. 18. март 2011“. Beograd.ldp.rs. Архивирано од изворникот на 2011-03-20. Посетено на 1 октомври 2011.[мртва врска]
  7. „Б92: Поддршка за Плоштадот Милан Младеновиќ. 14. април 2011“. B92.net. 14 април 2011. Посетено на 1 октомври 2011.
  8. „РТС:Трг песника. 14. јун 2011“ (српски). Rts.rs. 14 јуни 2011. Посетено на 1 октомври 2011.
  9. „Kultura - Vesti - Otvoren "Plato Milana Mladenovića". B92. Посетено на 1 октомври 2011.
  10. Основана Задужбина Милана Младеновића (Б92, 8. април 2019)

Библиографија

уреди
  • Ригонат, Флавио Ур. Дечак из воде: Милан Младеновић. (Белград: Л.О.М., 1997)
  • Жикић, Александар. Место у мећави. (Белград: Матица Српска, 1999)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди