Дуфска Река

река во Македонија

Дуфска Река — река во Македонија, сместена на планината Шар Планина.

Дуфска Река
Реката во маалото Чајане кај селото Дуф
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
Општина Маврово и Ростуша
 Гостивар
СелаДуф, Орќуше, Речане, Вруток
Физички особености
Извор 
 • местоШар Планина
Устие 
 • место
Вардар
 • координати
41°46′11.6″N 20°50′48.5″E / 41.769889° СГШ; 20.846806° ИГД / 41.769889; 20.846806
Должина10,2 км
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море

Реката често пати е именувана како Вардарна Дуфска Река, која воедно претставува изворишна притока на реката Вардар.[1]

Именување

уреди

Реката понекогаш е именувана и како Мелце или Мелца по еден од изворите.

Извор

уреди

Реката всушност настанува со спојување на трите извори Куленти Камен, Вода на Балаклија и Мелца во маалото Чајане во селото Дуф.[2]

Реката поминува низ селото Дуф, а потоа и низ селата Орќуше, Речане и Вруток, пред да се влее од десната страна во реката Вардар.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Колку навистина е долга реката Вардар?“. fakulteti.mk. Посетено на 2023-02-13.
  2. „Студија за валоризација на Шар Планина“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. 2020. Посетено на 13 февруари 2023.

Надворешни врски

уреди