Дејан Недев
Дејан Недев (роден на 28 јануари 1980 година во Скопје) — македонски каратист.[1]
Дејан Недев | ||
Роден | 28 јануари 1980 Скопје, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | каратист | |
Татко | Венцислав Недев | |
Роднини | Алјоша (брат) |
Животопис
уредиРани години
уредиДејан Недев е роден на 28 јануари 1980 година во Скопје. Основно образование завршил во „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, а средно училиште во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје. Дипломирал на Факултетот за Физичка култура во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ со што се здобил со звање дипломиран професор по физичка култура. На истиот Факултет во 2011 година успешно магистрирал и официјално станал Магистер по кинезиологија, по кое се стекнал и со докторски степен на образование. Има објавено повеќе од 20 научно стручни трудови во престижни научни списанија.
Успеси
уредиВо септември 1985 година во Скопје започнал да тренира карате во Работнички под водство на неговиот тренер и татко Венцислав Недев. Како пионер од 1986 до 1991 година успешно се натпреварувал на републичките првенства во Македонија како и на државните првенства на СФРЈ каде неколкупати по ред станал републички и државен шампион во кати. Првиот мајсторски црн појас (1.дан) го положил во 1990 година на летниот карате семинар во Приморско, Бугарија пред Проф. д-р. Илија Јорга, а две години подоцна во 1992 година во Скопје положил за црн појас (2.дан) исто така пред Проф. д-р. Илија Јорга.
Од 1992 година е активен државен репрезентативец на Македонија во традиционално карате и има учествувано на преку 100 меѓународни балкански, средоземни, европски и светски првенства, купови и семинари со врвни светски напреварувачи и карате инструктори. Во 1993 година во Торино, Италија за прв пат настапил на Европското првенство за сениори и како кадет го стекнал правото за настап во сениорската карате репрезентација. По тој повод Дејан Недев и Македонската репрезентација била примена од страна на Претседателот на РМ, Киро Глигоров и Премиерот Бранко Црвенковски. Потоа следувале повеќе настапи на официјалните светски и европски првенства и купови во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција каде има освоено над 150 медали и тоа во следните градови и држави: Пасау - Германија, Миделтон - Англија, Тревизо - Италија, Саун Пауло - Бразил, Букурешт - Романија, Каорле -Италија, Варшава - Полска, Лоѓ - Полска, Атина – Грција, Каиро – Египет, Болоња - Италија, Киев - Украина, Истанбул – Турција, Порто - Португалија, Москва - Русија, Белград - СЦГ, Вилнус - Литванија, Скопје - Македонија, Давос - Швајцарија, Лимасол – Кипар, Прага – Чешка, Ла Велета - Малта, Копар -Словенија, Куритиба - Бразил, Ерусалим, Израел и др.
Во ноември 1995 година на ЕП за јуниори и кадети во Скопје го постигнал својот прв позначаен резултат каде за прв пат станал европски шампион во дисциплината фукуго во кадетска конкуренција. Во јули 1995 година за прв пат учествувал на ИТКФ светскиот карате семинар во Сан Диего, Калифорнија каде успешно положил за црн појас (3.дан) пред Сенсеи Хидетака Нишијама, Претседател на ИТКФ со што станал и најмладиот каратист на светот со такво високо звање. Во 1997 година на ЕП во Будва и 1998 година на ЕП во Скопје освоил неколку златни и сребрени медали и повторно станал шампион на Европа во јуниорска конкуренција. На СП за сениори во 1998 година во Варшава, Полска за прв пат во историјата освоил прв бронзен медал за Македонија во сениорска конкуренција. На Балканското првенство во 1999 година во Атина, Грција освоил 3 златни и 2 сребрени медали. Во декември 1999 година од страна на МТКФ бил прогласен за каратист на векот во Македонија. Во 2000 година на СП во Болоња, Италија заедно со екипата освоил бронзен медал во борби екипно и енбу. Во 2001 година на ЕП во Порто, Португалија успешно ја завршил својата јуниорска натпреварувачка кариера освојувајќи 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Од 2002 година продолжил да се натпреварува само во сениорска конкуренција па така на ЕП за сениори во Москва, Русија освоил сребрен медал. Истата 2002 година на СП во Белград заедно со екипата во борби екипно за прв пат го освоил сребрениот медал со што Македонија станала светски вице шампион. Во јули 2002 година учествувал на ИТКФ светскиот карате семинар во Сан Диего, Калифорнија каде успешно положил за црн појас (4. дан) пред Сенсеи Хидетака Нишијама, Претседател на ИТКФ. Две години подоцна во 2004 година на ЕП во Скопје освоил два сребрени медали во дисциплините фукуго и борби екипно. Следната 2005 година на ЕП во Ла Валета, Малта освоил трето место и бронзен медал во фукуго. На СП во Саскатун, Канада во 2006 година во поединечна конкуренција во дисциплината фукуго освоил сребрен медал со што за прв пат станал светски вице шампион во поединечна конкренција.
На ЕП во Ерусалим, Израел во ноември 2011 година го постига најголемиот резултат во кариерата освојувајќи златен медал во борби поединечно со што за прв пат стана Европски шампион во сениорска конкуренција. Овој резултат му го донело и Националното спортско признание – (спортска пензија) кое официјално му било доделено од Владата на РМ и Агенцијата за Млади и Спорт на РМ на 20 април 2012 година во Скопје. На истото ЕП во Ерусалим, Израел освоил и сребрен медал во борби екипно со што Македонската репрезентација станала европски вице шампион. На 26 мај 2012 година во Плок, Полска учествувал на Европскиот куп на 8 најдобри каратисти на Европа каде го освоил третото место. На 6 и 7 октомври 2012 година заедно со македонската репрезентација земал учество на Светското првенство за сениори кој од 5 до 7 октомври 2012 година се одржало во Лоѓ, Полска каде освоил две четврти места и тоа во дисциплините кумите и фукуго.
Награди и признанија
уредиДејан Недев е добитник и на голем број домашни награди и признанија како што се:
- Ноемвриската награда на Град Скопје во 2003 година
- Награда „13 Ноември“ во 2008 година доделена од страна на Сојузот на спортови на Град Скопје.
- Повеќе од 10 години прогласуван за најдобар каратист на РМ
- Во 2005 година бил прогласен за најдобар спортист на РМ и на градот Скопје.
- Пет пати по ред и избран меѓу 8-те најдобри каратисти на Европа и светот, каде 10 години по ред почнуваќи од 2002 до 2012 година редовно учествувал на европските и светските купови и е дел од европската и светската карате елита.
- Најдобар спортист на град Скопје за 2011 година.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Недев“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1039. Text "series " ignored (help)