Давиде Кјумиенто

италијански фудбалер

Давиде Кјумиенто (роден во Хајден на 22 ноември 1984) — швајцарски фудбалер, играч од средниот ред на Цирих.

Давиде Кјумиенто
Лични податоци
Роден на 22 ноември 1984(1984-11-22)(40 г.)
Роден во Хајден, Швајцарија
Држава  Швајцарија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција среден ред
Младинска кариера
Хајден
Ст. Гален Ст. Гален
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2007 Јувентус Јувентус 1 (0)
2004-2005Сиена Сиена 14 (1)
2005-2006Ле Ман Ле Ман 18 (1)
2006-2007Јанг Бојс Јанг Бојс 17 (1)
2007-2010 Луцерн Луцерн 88 (17)
2010-2012 Вајткапс Ванкувер Вајткапс 42 (2)
2012-2017 Цирих Цирих 106 (9)
Репрезентација
2005-2006 Швајцарија Швајцарија 21 13 (2)
2010 Швајцарија Швајцарија 1 (0)
* Ажурирано на: 3 јули 2012
** Ажурирано на: 3 јули 2012

Технички одлики

уреди

Најдобрите квалитети во играта му се дриблингот, темпото на игра и вештина. Примарната позиција му е офанзивен играч од средниот ред, но може да игра на двете крила, или како втор напаѓач. Наречен е швајцарскиот Роналдињо,[1][2][3] иако негов идол е Алесандро Дел Пјеро.

Клупска кариера

уреди

Јувентус

уреди

На возраст од 15 години Кјумиенто ја напуштил Швајцарија и ја продолжил својата кариера во младинскиот состав на италијанскиот гигант Јувентус. Откако бил еден од најдобрите играчи во Примавера тимот, кој стигнал до полуфиналето во Кампионато Примавера во сезоната 2002-03, во летото 2003 година бил промовиран во првиот тим на Јувентус и го добил дресот со број 34. Своето деби за Јуве, а воедно и во Серија А, го направил во победата против Анкона со 3-0 на 29 февруари 2004, на возраст од 19 години.[4] Тој влегол во игра од клупата за резерви во 60-тата минута од натпреварот, заменувајќи го својот идол од детството Алесандро Дел Пјеро. Во својата изјава по натпреварот, Кјумиенто истакнал: "Тоа беше мојот сон". Неколку дена подоцна го направил своето деби во Лигата на шампионите во натпреварот против Депортиво Ла Коруња, појавувајќи се во игра во 71-вата минута на местото на Мауро Каморанези во поразот на домашен терен со 0-1.[5]

Следната сезона би испратен на позајмица во Сиена, каде одиграл 14 натпревари во Серија А и го постигнал својот прв гол во кариерата во натпреварот против Месина (2-2) на 13 февруари 2005.

По сезоната во тосканскиот клуб бил позајмен на францускиот Ле Ман во Лига 1 за сезоната 2005-06. Таму одиграл 18 првенствени натпревари и постигнал еден гол против Олимпик Марсеј.

Следната сезона се вратил во Швајцарија како позајмен во Јанг Бојс, но само во сезоната 2007-2008; настапил на 17 натпревари и постигнал еден гол.

Луцерн

уреди

На 16 јуни 2007, Кјумиенто потпишал тригодишен договор со екипата на Луцерн за сума од 150,000 €.[6] Својот прв гол за Луцерн го постигнал против Базел. Во својата последна сезона во клубот (2009-2010) Кјумиенто бил одличен постигнувајќи 11 гола и помагајќи му на Луцерн да избори место во Лига Европа.

Ванкувер Вајткапс

уреди

Кјумиенто потпишал за Ванкувер Вајткапс во УССФ дивизијата во 2010 година.[7] Тој го направил своето деби за Ванкувер во УССФ на 24 септември 2010 година во поразот со 1-0 од Монтреал Импакт.[8] Тој потпишал МЛС договор со клубот на 8 март 2011 година.[9] Своето деби во МЛС за Вајткапс го направил на 19 март 2011 против Торонто, асистирајќи за два гола во победата со 4-2. Тој постигнал само два гола за време на својот престој во Вајткапс, меѓу кој и неуспешниот обид за нафрлување против Сан Хосе Ертквејкс на 11 мај. Вториот гол го постигнал против ФК Њујорк Ред Булс на прекрасен начин по асистенција на Камило Санвецо; ја подигнал топката со левата нога, се завртил 360 степени, и со десната нога погодил под пречката.[10] Голот бил кандидат за МЛС гол на годината.

Цирих

уреди

На 11 јули 2012, Кјумиенто направил трансфер во Цирих за непозната сума. Дебито за Цирих го имал во поразот на домашен терен од Тун со 0-2 на 22 јули. Во својот трет натпревар за клубот, против Лозана, бил избран за играч на натпреварот откако бил асистент за два гола и врз него бил направен пенал; Цирих победил со 4-0.[11] Кјумиенто го постигнал својот прв гол на 19 август, против Сервет во натпревар што завршил 1-1. Седум дена подоцна тој го постигнал единствениот гол во победата над Сион со 1-0. На 9 декември, постигнал два гола во победата како гостин со 5-1 против нисколигашот ФК Кениз во осминафиналето од Купот на Швајцарија. Сезоната ја завршил со 18 настапи во Швајцарската Супер лига и еден во купот и постигнал вкупно 4 гола.

Следната сезона (2013-14) била една од најмалку ефикасните за Кјумиенто во неговата кариера. Постигнал само еден гол и тоа на 1 август 2013, во поразот од Слован Либерец во Чешка со 2-1 во третото квалификациско коло за Лига Европа. Сезоната ја завршил со вкупно 40 настапи во сите турнири и само еден постигнат гол. Кјумиенто одиграл 5 натпревари во Купот на Швајцарија, вклучувајќи го и финалето во кое ги одиграл сите 120 минути, каде неговиот тим го победил Базел со 2-0 по продолженија.

Сезоната 2014-15, Кјумиенто ја започнал во добра форма. Во првото коло од новата сезона во Супер лигата, тој го решил градското дерби против Грасхопер на домашен терен со гол во 59-тата минута. Седум дена подоцна се запишал во списокот на стрелците и во гостинската победа над Вадуц со 1-4, а една недела подоцна го довел својот тим во водство против Јанг Бојс при победата со 2-1.

Репрезентативна кариера

уреди

Иако можел да игра и за италијанската репрезентација,[12] избрал да ја претставува швајцарската репрезентација под 21 година, за која настапил на Европското првенство во 2004 година. На 26 февруари 2010, селекторот на сениорската репрезентација, Отмар Хицфелд, го повикал за првпат Кјумиенто за пријателскиот натпревар против Уругвај во Санкт Гален на 3 март, за време на кој го забележал првиот настап во црвениот дрес на Швајцарија.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Швајцарија|d}}|{{Naz/  Швајцарија|c}}]]
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
03-03-2010 Санкт Гален [[ фудбалска Selezione {{Naz/Швајцарија  |d}}|{{Naz/Швајцарија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Швајцарија  |ssb}}px 0px {{Naz/Швајцарија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Швајцарија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Швајцарија  |c}}|20x16px]] 1 – 3 <span style="margin:0px {{Naz/  Уругвај|ssb}}px 0px {{Naz/  Уругвај|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Уругвај|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Уругвај|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Уругвај|d}}|{{Naz/  Уругвај|c}}]] Пријателска -   46'
Вкупно Настапи 1 Голови 0

Титули

уреди

  Цирих

уреди

Наводи

уреди
  1. Bruce Constantineau (9 March 2011). 'The Swiss Ronaldinho?' Whitecaps lock up midfielder Chiumiento with MLS contract“. Vancouver Sun. Архивирано од изворникот на 2011-04-27. Посетено на 16 July 2011.
  2. Brandon Timko (12 November 2010). "Swiss Ronaldinho" bringing skill set to Vancouver“. MLSsoccer.com. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 16 July 2011.
  3. Brandon Timko (8 March 2011). „Vancouver sign playmaker Davide Chiumiento“. MLSsoccer.com. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 16 July 2011.
  4. „Juventus - Ancona 3-0“. Посетено на 16 јуни 2007.
  5. „Juventus - Deportivo La Coruna 0-1“. Посетено на 16 јуни 2007.
  6. „LUCERN - STIGAO NOVI VEZISTA“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 16 јуни 2007.
  7. „Ambitious Whitecaps add two more players“. The Province. Архивирано од изворникот на 2010-08-21. Посетено на 2014-12-20.
  8. „USSF Division-2 Pro League“. Ussf.demosphere.com. 24 September 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 12 November 2011.
  9. „Whitecaps FC sign midfielder/striker Davide Chiumiento | Vancouver Whitecaps FC“. Whitecapsfc.com. 8 March 2011. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 12 November 2011.
  10. youtube.com (уред.). „Video: Vancouver Whitecaps FC at New York Red Bulls - Davide Chiumiento 1-0 Goal - 2011.09.10 - HD“.
  11. youtube.com (уред.). „Video: FC Zürich vs FC Lausanne-Sport 4-0 / Raiffeisen Super League / 05.08.2012“.
  12. Swissinfo.ch (уред.). „Due patrie e un pallone“.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди