Роберт Емет
Роберт Емет (ирски и англиски: Robert Emmet, 4 март 1778 – 20 септември 1803) бил ирски републиканец, и ирски националистички патриот, оратор и бунтовнички водач. Откако водел бунт против британското владеење во 1803 година бил заробен, а потоа бил суден и погубен за велепредавство против британскиот крал Џорџ III.[1]
Роберт Емет | |
---|---|
Портрет на Емет направен за време на неговото судење. | |
Починал | 20 септември 1803 Даблин | (возр. 25)
Држава | Обединети Ирци |
Служба | 1793–1803 |
Чин | командир |
Заповедал со | Ирски бунт од 1803 |
Битки/војни | Бунт од 1798 Ирски бунт од 1803 |
Роднини | Томас Едис Емет |
Емет потекнувал од богато англо-ирско протестантско семејство, припадник на Црквата на Ирска, која сочувствувала со ирските католици и протестантските неистомисленици, особено во Алстер, како што се Презвитеријанците и нивната недоволна застапеност во парламентот. Семејството Емет исто така сочувствувало со бунтовничките колонисти или „патриоти“, учесници во американската револуција. Додека напорите на Емет да се буни против британското владеење пропаднале, неговите постапки и говори ги инспирираа неговите сонародници.[2]
Ран живот
уредиЕммет е роден во Сент Стивенс Грин (денес е парк),[3][4] во Даблин на 4 март 1778 година. Тој бил најмладиот син на д-р Роберт Емет (1729-1802), лекар и неговата сопруга Елизабет Мејсон (1739) –1803). Еметовите биле финансиски стабилни, биле членови на протестантското потомство со куќа на Сент Стивенс Грин и селска резиденција во близина на Милтаун. Еден од неговите постари браќа бил ирскииот републиканец и националист Томас Едис Емет, близок пријател на Теобалд Волф Тон, кој бил чест посетител на куќата кога Роберт бил дете.
Емет учел во училиштето Освалд, во дворот на Допинг.[5] Емет се запишал на Колеџот Тринити во Даблин во октомври 1793 година, на петнаесет години. Во декември 1797 година се приклучил на историското друштво на колеџот.
Идеологија
уредиДодека Емет бил на колеџ, неговиот брат Томас и некои од неговите пријатели се вклучиле кон политичкиот активизам. Роберт станал секретар на тајниот Обединет Ирски Комитет во колеџ и како резултат на тоа бил протеран во април 1798 година. Истата година тој побегнал во Франција за да ги избегне многубројните британски апсења на националисти во Ирска.
Додека бил во Франција, Еммет наводно ја добил поддршката од Наполеон, кој ветил дека ќе даде поддршка кога ќе започне претстојната револуција.[6] Сепак, оваа поддршка постоела во имагинацијата на Емет, бидејќи Наполеон бил целосно вклучен во организирањето на француската инвазија на Египет. Наполеон бил во Тулон од 9 мај 1798 година, пред да започне Ирската буна од 1798 година, сепак нема запис дека Емет патувал во Тулон за да го види Наполеон.
По Ирскиот бунт од 1798 година, Еммет учествувал во реорганизација на поразеното Обединето Ирско Друштво. Во април 1799 година била распишана потерница за негово апсење. Тој избегал и набргу потоа отпатувал на континентот со надеж дека ќе обезбеди француска воена помош, но неговите напори биле неуспешни.
Еммет се врати во Ирска во октомври 1802 година. Во март следната година, тој започнал со подготовки за уште едно востание.
Посмртни останки
уредиПосмртните останки на Емет најпрво биле предадени во затворот Њугејт, а потоа назад во Килмајнхам Гаол, каде што чуварот на затворот имал упатства дека ако никој не ги побара, треба да бидат погребани во погребните места во блиската болница, наречени „Булис Екр“ во Килмајнхам. Подоцнежните истражувања не наишле на такви останки.
Се тврди дека посмртните останки на Емет биле тајно отстранети од Були Екс и биле вратени во Сент Миханс, даблинска црква со силни врски со Обединетите Ирци, иако никогаш не било потврдено тоа.[7] Шпекулациите продолжиле да се шират во врска со локацијата на останките на Емет. Имало сомненија дека тие биле закопани тајно во сводот на даблинска англиканска црква. Кога бил прегледан трезорот во 50-тите години на минатиот век, бил пронајден труп без глава, и се појавило сомнение дека е на Емет, но тоа не можело да се потврди. Нашироко прифатена е теоријата дека останките на Емет биле пренесени во црквата Сент Питерс во Сент Аунгиер по наредба на неговата сестра Мери Ен Холмс во 1804 година.[1] Денес црквата е срушена.
Галерија
уреди-
Статуа на Емет во Вашингтон.[8]
-
Статуа на Емет во Даблин
-
Статуа на Емет во Сан Франциско
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Murphy, Sean. "The Grave of Robert Emmet", Irish Historical Mysteries, Dublin, Ireland; 2010
- ↑ „Robert Emmet: Beliefs in the Arena by:Joshua Allen MacVey“. The Robert Emmet Society. 2010. Архивирано од изворникот на 2018-09-25. Посетено на 6 October 2010.
- ↑ Kilfeather, Siobhán Marie (2005). Dublin: a cultural history. Oxford University Press. стр. 108. ISBN 978-0-19-518201-9.
- ↑ Geoghegan, Patrick M (2002). Robert Emmet: a life. Gill & Macmillan. стр. 51. ISBN 978-0-7171-3387-1. Посетено на 2 September 2012.
- ↑ Webb, Alfred. A Compendium of Irish Biography, M.H. Gill & Son, Dublin, 1878
- ↑ „The Emmet Rebellion“. Triskelle. 2010. Архивирано од изворникот на 14 August 2007. Посетено на 6 October 2010.
- ↑ Sean Murphy, Bully's Acre and Royal Hospital Kilmainham Graveyards: History and Inscriptions, Dublin 1989
- ↑ „"Robert Emmet" by Jerome Connor“. Smithsonian American Art Museum. Smithsonian Institution. Посетено на 13 June 2015.
Литература
уреди- Elliott, Marianne. Robert Emmet: The Making of a Legend
- Geoghegan, Patrick. Robert Emmet: A Life (Gill and Macmillan) ISBN 0-7171-3387-7
- Gough, Hugh & David Dickson, editors. Ireland and the French Revolution
- McMahon, Sean. Robert Emmet
- O Bradaigh, Sean. Bold Robert Emmet 1778–1803
- O'Donnell, Ruan. Robert Emmet and the Rebellion of 1798
- _____. Robert Emmet and the Rising of 1803
- _____. Remember Emmet: Images of the Life and legacy of Robert Emmet
- Smyth, Jim. The Men of No Property: Irish Radicals and Popular Politics in the Late Eighteenth Century
- Stewart, A.T.Q. A Deeper Silence: The Hidden Origins of the United Irish Movement
Надворешни врски
уреди- Роберт Емет
- Роберт Емет на „History Ireland“
- Историја на Даблинскиот замок, Поглавје 13, Погубувањето на Емет
- „Еметовото прогласување на независност“
- Музеј Роберт Емет Архивирано на 16 септември 2017 г.
- Дела од Роберт Емет на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)