Шанон (река)
Шанон (ирски: an tSionainn / an tSionna, англиски: Shannon) — најдолгата река во Ирска со течение од 360,5 км.[1] Сливното подрачје зафаќа површина од 16.865 км2,[2] — една петтина од површината на Ирска.
Шанон Abhainn na Sionainne / Shannon | |
Поглед на Шанон од Драмсна, Литрим
| |
Земја | Ирска |
---|---|
Грофовии | Каван, Литрим, Роскомон, Лонгфорд, Офали, Вестмит, Голвеј, Клер, Типерери, Лимерик, Кери |
Извор | Шанон Пот |
- место | Даура, пл. Хилќах, Каван |
- височина | 100 м |
Утока | Устие на Шанон |
- местоположба | Лимерик |
Должина | 360,5 км |
Слив | 15.695 км2 |
Истек | |
- просечен | 208,1 м3/с |
Го дели западниот дел на Ирска (претежно покраината Конахт) од источниот и јужниот (Ленстер и најголемиот дел од Манстер). Исклучок од ова е грофовијата Клер, која е на запад од реката, но управно е дел од покраината Манстер. Шанон е значајна физичка препрека помеѓу источниот и западниот дел на островот и има помалку од триесет места на премин помеѓу градот Лимерик на југ и селото Даура на север.
Реката е наречена по келтската божица Шона.[3]
Шанон играла важна улога во водниот сообраќај уште во стариот век, за што сведочи нејзиното присуство на картите на Птоломеј (I век). Тече во јужен правец, од изворот Шанон Пот (Легнашина) во грофовијата Каван, па свртува на запад и се влева во Атлантскиот Океан преку устие долго 102,1 км, на чиј крај се наоѓа градот Лимерик.[4]. Источно од Лимерик реката добива плима и осека, која се задржува сè до основата на браната Арднакруша.[5]
Стопанско значење
уредиИако е долга 360,5 км, Шанон се издига само 76 м во надморска височина, и затоа е лесна за пловидба со малку преводници. Кај месноста Арднакруша е изградена хидроелектрана.
Сообраќајот на стоки по реката е развиен во голема мера во 1980-тите години, со вложувања вредни преку 2,5 милијарди евра. Има поголем терминал за танкери кај Гојнс, како и помало нафтено пристаниште кај аеродромот „Шанон“.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Primary Seniors - Mountains, Rivers & Lakes“. Ordnance Survey Ireland. Посетено на 28 May 2014.
- ↑ Biology and Management of European Eel (Anguilla anguilla, L) in the Shannon Estuary, Ireland [1] Архивирано на 7 септември 2014 г.
- ↑ Mícheál O Súilleabháin. „Listening to difference: Ireland in a world of music“. Во Harry Bohan and Gerard Kennedy (уред.). Global aspirations and the reality of change. Архивирано од изворникот на 2012-04-04. Посетено на 2015-03-07.
- ↑ „Facts“. Ordnance Survey Ireland. Посетено на 2014-09-09.
- ↑ „Going through Ardnacrusha“ (PDF). Inland Waterways News. IWAI (Summer 2001 - Volume 28 Number 2). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-07.
Надворешни врски
уреди- Шанон (река) на Ризницата ?
- Информации, карти и др. за течението на Шанон и пловидбата по неа Архивирано на 4 декември 2005 г. — Здружение за внатрешна пловидба на Ирска (англиски)
- „река Шанон“. Енциклопедија „Британика“. (англиски)