Прадо
Музејот Прадо (шпански: Museo del Prado [muˈseo ðel ˈpɾaðo]), службено познат како Национален музеј Прадо (Museo Nacional del Prado), ― главниот шпански национален ликовен музеј, сместен во средиштето на Мадрид. Нашироко е сметан дека сместува едни од најдобрите светски збирки на европска уметност, која датира од 12 век до почетокот на 20 век, заснована на поранешната шпанска кралска збирка и единствената најдобра збирка на шпанската уметност. Основан како музеј на слики и вајарски дела во 1819 година, содржи и важни збирки на други видови дела. Музејот Прадо е едно од најпосетуваните места во светот и е сметан за еден од најголемите ликовни музеи во светот. Многубројните дела на Франциско Гоја, најобемно застапениот уметник, како и на Јероним Бос, Ел Греко, Петер Пол Рубенс, Тицијан и Диего Веласкес, се некои од главните претставници на збирката. Веласкес и неговото остро око и чувствителство биле исто така одговорни за носење на голем дел од прекрасната музејска збирка на италијански мајстори во Шпанија, сега најголемата надвор од Италија.
Надворешноста на Музејот Прадо | |
Основан | 1819 |
---|---|
Место | Пасео дел Прадо, Мадрид, Шпанија |
Тип | Ликовен музеј, историско место |
Посетеност | 852,161 (2020)[1] Рангиран 16. во светот (2020)[2] |
Директор | Мигел Фаломир[3] |
Јавен превоз | |
Мреж. место | www.museodelprado.es |
Музејот Прадо (предна фасада) | |
Архитект | Хуан де Виљануева |
Неважечки статус | |
Службен назив: Национален музеј Прадо | |
Тип: | Непреместлив |
Критериуми: | Споменик |
Прогласено: | 1962 |
Број | RI-51-0001374 |
Во моментов, збирката содржи околу 8.200 цртежи, 7.600 слики, 4.800 графики и 1.000 вајарски дела, како и многу други уметнички дела и историски документи. Почнувајќи од 2012 година, музејот изложил околу 1.300 дела во главните згради, додека околу 3.100 дела биле на привремен заем на различни музеи и службени установи. Останатите биле во складиште.[4]
Поради пандемијата на КОВИД-19, во 2020 година посетеноста била намалена за 76 отсто на 852.161. Сепак, Прадо бил рангиран како 16-ти најпосетуван музеј на листата на најпосетувани ликовни музеи во светот во 2020 година.[5] Тој е еден од најголемите музеи во Шпанија.
Историска структура
уредиМузејот Прадо е една од зградите изградени за време на владеењето на Карлос III како дел од грандиозната градежна шема дизајнирана да му даде на Мадрид монументален урбан простор. Зградата во која е сместен Музејот Прадо првично била замислена од Хосе Моњино и Редондо, гроф на Флоридабланка и била нарачана во 1785 година од Карлос III за реурбанизација на Пасео дел Прадо. За таа цел, Карлос III го повикал еден од неговите омилени архитекти, Хуан де Виљануева, автор и на блиската Ботаничка градина и Градското собрание на Мадрид.[6]
Прадо (значејќи „ливада“) каде што сега се наоѓа музејот го дала своето име на областа, Салон дел Прадо (подоцна Пасео дел Прадо) и на самиот музеј по национализацијата. Работата на зградата престанала на крајот на владеењето на Карлос III и во текот на Полуостровската војна и била повторно започната само за време на владеењето на внукот на Карлос III, Фернандо VII. Просториите биле користени како штаб за коњаницата и продавница за барут за наполеонските војски со седиште во Мадрид за време на војната.
Следните реновирања што ги претрпиел овој музеј, ги извршил британскиот архитект Норман Фостер. Ова реновирање било одобрено во јуни 2020 година и се очекува да трае најмалку четири години.[7]
Музеи во близина
уредиПрадо, со блискиот Музеј „Тисен-Борнемиса“ и Музејот „Кралица Софија“, го створува Златниот триаголник на уметноста во Мадрид.
Во близина е Кралската Академија за ликовни уметности „Св. Фердинанд“. Археолошкиот музеј содржи дел од уметноста на Стариот Египет, Месопотамија, Грција и Рим, порано во збирката на Прадо.
Во близина е и Поморскиот музеј, управуван од Министерството за одбрана.
Претставници на збирката
уредиИзбрани дела
уреди-
Рогир ван дер Вејден, Слегувањето од крстот, ок. 1435 година.
-
Андреа Мантења, Смртта на Богородица, ок. 1461 година.
-
Антонело да Месина, Мртвиот Христос поддржан од ангел, ок. 1475 година.
-
Албрехт Дирер, Адам и Ева, 1507 година.
-
Рафаело Санти, Портрет на кардинал, ок. 1510–11 година.
-
Тинторето, Христос ги мие нозете на учениците, ок. 1518 година.
-
Кореџо, Ноли ме танџере, ок. 1525 година.
-
Тицијан, Баханал на Андријците, ок. 1523–1526 година.
-
Тицијан, Коњанички портрет на Карло V, ок. 1548 година,
-
Тицијан, Падот на човекот, ок. 1570 година.
-
Ел Греко, Света Троица, 1577-1579 година.
-
Ел Греко, Витез со раката на градите, ок. 1580 година.
-
Паоло Веронезе, Венера и Адонис, ок. 1580 година.
-
Караваџо, Давид и Голијат, 1600 година.
-
Жорж де Ла Тур, Ciego tocando la zanfonía, 1610-1630 година.
-
Гвидо Рени, Хипомен и Аталанта, 1618–19 година.
-
Јоос де Момпер, Пејзаж со море и планини, ок. 1623 година.
-
Гаспар де Крајер, Каритас Романа, околу 1625 година.
-
Никола Пусен, Парнас, ок. 1630–31 година.
-
Рембрант, Артемизија, ок. 1634 година.
-
Антонис ван Дајк, Автопортрет со Ендимион Портер, ок. 1635 година.
-
Диего Веласкес, Предавањето на Бреда, 1634–35 година.
-
Диего Веласкес, Марс во одмор, 1639-1641 година.
-
Хосе де Рибера, Сонот на Јаков, 1639 година.
-
Петер Паул Рубенс, Парисовиот суд, 1638–39 година.
-
Клод Лорен, El embarque de Santa Paula, 1639–40 година.
-
Франсиско де Сурбаран, Господово јагне, 1635-1640 година.
-
Бартоломе Естебан Мурило, Безгрешното зачнување на душата, 1678 година.
-
Џовани Батиста Тјеполо, Безгрешното зачнување, 1767 година.
-
Франсиско Гоја, Трети мај 1808 година, 1814 година.
-
Франсиско Гоја, Куче, 1819-1823 година.
-
Франсиско Гоја, Сатурн го голта својот син, 1819-1823 година.
-
Пол Бодри, Бисерот и бранот, 1862 година.
-
Антонио Хизберт Перес, Погубување на Торихос и неговите придружници на плажата во Малага, 1882 година.
На Google Earth
уредиВо 2009 година, музејот Прадо избрал 14 од неговите најважни слики кои ќе бидат прикажани на Google Earth и Google Maps со исклучително висока резолуција, а најголемата е прикажана со 14.000 мегапиксели. Способноста за зумирање на сликите овозможува поглед одблиску на текстурата на бојата и фините детали.[8][9]
Наводи
уреди- ↑ The Art Newspaper, 31 март 2021
- ↑ Top 100 Art Museum Attendance, The Art Newspaper, 2014. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ Barrigós, Concha (21 март 2017). „Miguel Falomir, nuevo director del Prado: "Nunca, nunca pediré el traslado del 'Guernica'"“. 20 minutos. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ „The Collection: origins“. Museo Nacional del Prado. Архивирано од изворникот на 2015-09-13. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ "The Art Newspaper", 31 март 2021
- ↑ „Chronology of Museo del Prado, 1785“ (шпански). Museo Nacional del Prado. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ „Así es la ampliación del Museo del Prado de Norman Foster“. ABC. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ Tremlett, Giles (14 јануари 2009). „Online gallery zooms in on Prado's masterpieces (even the smutty bits)“. The Guardian. Лондон: Guardian News & Media Limited. Посетено на 28 декември 2021.
- ↑ „The Prado in Google Earth“. Google.com. Архивирано од изворникот на 17 јануари 2009. Посетено на 28 декември 2021.
Дополнителна книжевност
уреди- Алколеја Бланч, Сантјаго. The Prado, преведена од Ричард-Луис Рис и Анџела Патриша Хол. Мадрид: Editions Polígrafa 1991 година.
- Араухо Санчес, Сеферино. Los museos de España. Мадрид 1875 година.
- Бланко, Антонио. Museo del Prado. Catálago de la Escultura. I Esculturas clásicas. II. Escultura, copia e imitaciones de las antiguas) (siglos XVI–XVIII). Мадрид 1957 година.
- Лука де Тена, Консуело и Мена, Мануела. Guía actualizada del Prado. Мадрид: Алфиз 1985 година.
- Румеу де Армас, Антонио. Origen y fundación del Museo del Prado. Мадрид: Институт на Шпанија 1980 година.
Надворешни врски
уредиРизницата има слики и снимки поврзани со: Museo del Prado (категорија) |