Хенил

река во Андалусија, Шпанија

Хенил (шпански: Genil) — река во Андалусија, јужна Шпанија, главна притока на Гвадалкивир. Во римско време се нарекувала Сингилис (Singilis), а денешното име е изведенка од Синил или Санилмаварско предавање на латинското име.

Хенил
Genil
Хенил во Гранада
Местоположба
ЗемјаШпанија
ОбластАндалусија
ГрадовиГранада, Есиха
Физички особености
Извор 
 • местоСиера Невада, покраина Гранада
 • координати37°6′34″N 3°20′27″W / 37.10944° СГШ; 3.34083° ЗГД / 37.10944; -3.34083
УстиеГвадалкивир
 • место
кај Палма дел Рио
 • координати
37°41′36″N 5°18′59″W / 37.69333° СГШ; 5.31639° ЗГД / 37.69333; -5.31639
Должина358 км
Големина на сливот8.278 км2
Особености на сливот

Течение

уреди

Реката извира од венецот Сиера Невада, северно од највисокиот врв Муласен. Тече низ градовите Гранада, Лоха, Пуенте Хенил и Есиха. Се влева во Гвадалкивир кај градот Палма дел Рио.

Главна притока на Хенил е Даро. Друга поголема притока е Касин, која се влева југозападно од Виљануева Месија.

Геолошка историја

уреди

Реката денес ја одводнува Гранадската Котлина. За време на миоценот (пред 9,0–5,3 милиони години) ова бил непроточен слив; реките дотекувале од исток и југозапад во средишно езеро кое немало истек.

За време на плиоценот, западниот дел на сливот се одводнуван од системот-претходник на Касин, кој течел на север, а потоа го напуштал сливот на запад. Источниот пат се одвонувал од аламбрискиот систем или претходниот на Хенил се напојувал од планините на исток и завршувал во мало непроточно езеро на север. Извесно време подоцна Хенил го сменил течението на запад, каде се среќавал со претходникот на Касин, со што сливот станал проточен.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. García Alix, Antonio; Minwer Barakat, Raef; Martín, José M.; Martín Suárez, Elvira; Freudenthal, Matthijs (July–August 2009), „Dating The Change From Endorheic To Exorheic Conditions In The Drainage System Of The Granada Basin (Southern Spain)“, PALAIOS, SEPM Society for Sedimentary Geology, 24 (7/8): 544–549, Bibcode:2009Palai..24..544G, doi:10.2110/palo.2009.p09-015r, JSTOR 40606444

Надворешни врски

уреди