Сиера Невада (Шпанија)

планински венец во Шпанија
Статијава се однесува на планински венец во Шпанија. За други места со ова име, погл. Сиера Невада (појаснување).

Сиера Невада (шпански: Sierra Nevada = „снежен венец“) — планински венец во покраините Гранада и Алмерија во областа Андалузија, Шпанија. Највисок врв е Муласен (3.478 м), кој е воедно највисок врв во континентална Шпанија.

Сиера Невада
Sierra Nevada
Поглед на Сиера Невада
Највисока точка
ВрвМуласен
Надм. височина3.478 м
Координати37°03′N 03°18′W / 37.050° СГШ; 3.300° ЗГД / 37.050; -3.300Координати: 37°03′N 03°18′W / 37.050° СГШ; 3.300° ЗГД / 37.050; -3.300
Географија
Сиера Невада (Шпанија) is located in Шпанија
Сиера Невада (Шпанија)
Местоположба во Шпанија
Местопокраините Гранада и Алмерија
ЗемјиШпанија
ПокраинаАндалузија
Матичен венецПенибетски систем

Венецот е популарно туристичко одредиште, особено поради скијачкиот центар во истото јужно средоземно подрачје познато по топло и сончево време. На подножјето се наоѓа градот Гранада, а малку понатаму се и градовите Алмерија и Малага.

На дел од венецот се наоѓа националниот парк Сиера Невада, а целиот венец е прогласен за биосферен резерват. На северните падини на планините се наоѓаат опсерваторијата „Сиера Невада“ и радиотелескопот на Институтот за милиметарска радиоастрономија (IRAM), на надморска височина од 2.800 м.

ОбразувањеУреди

Сиера Невада е создадена во текот на планинотворниот настан наречен алпска орогенеза во кој се создадени и европските Алпи на исток и венецот Атлас во северна Африка на југ. Денешниот облик планините го добиле во палеогенот и неогенот (пред 66 до 1,8 милиони години) при судирот на Африканската со Евроазиската континентална плоча.

ГеографијаУреди

Во средиштето на венецот се наоѓа срт кој се протега во насока запад-југозапад - исток-североисток. Сливното подрачје е постојано на висина над 3.000 м во поголемиот дел од својот опфат.

На јужната страна на венецот има неколку тесни и долги речми долини кон југозапад, одделени со повеќе помали сртови.

Северната страна е пострмна и покарпеста, па долините имаат понеправилна насоченост. Тука преовладува реката Хенил, која извира кај Муласен и потоа прима голем број притоки.

КлимаУреди

 
Скијачкиот центар Сиера Невада

Според Кепеновата класификација на климата, Сиера Невада има средоземна субполарна клима (Dsc), поради големата надморска височина.

Прадолјано (2.507 м)[1]
1975-1989 јан фев мар апр мај јун јул авг сеп окт нов дек Годишна
Највисока (°C) 0,3 -0,9 0,6 3,2 4,6 14,2 21,6 19,8 14,2 10,4 3,5 2,6 7,8
Најниска (°C) -6,1 -7,9 -7,5 -4,3 -2,9 5,6 11,9 10,6 5,7 2,2 -3,3 -4,0 0,0
Просечна (°C) -2,9 -4,4 -3,4 -0,6 0,9 9,9 16,6 15,2 9,9 6,3 0,1 -0,7 3,9
Врнежи (мм) 86,7 91,2 78,8 53,8 53,6 29,7 6,1 11,7 33,7 69,0 85,2 93,1 692

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Datos climátológicos de Sierra Nevada“. Phytosociological Research Center.

БиблиографијаУреди

  • Francisco Pérez Raya, Joaquín Molero Mesa, Francisco Valle Tendero, 1992: "Parque Natural de Sierra Nevada. Paisaje, fauna, flora, itinerarios". Ed. Rueda. Madrid. ISBN 84-7207-067-0
  • "Flora de la Tundra de Sierra Nevada". Pablo Prieto Fernández, Ed. Universidad de Granada. ISBN 84-600-1810-5
  • "Sierra Nevada: Guía de Montaña". Aurelio del Castillo y Antonio del Castillo. Ed. Penibética, 2003. ISBN 84-932022-3-1

Надворешни врскиУреди