Дреновени

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Горно Дреновени)

Дреновени (грчки: Κρανιώνας, Кранионас, до 1926 Δρανοβαίνη, Драновени)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Селото има две маала — Горно и Долно Дреновени.

Дреновени
Κρανιώνας
Дреновени is located in Грција
Дреновени
Дреновени
Местоположба во областа
Дреновени во рамките на Костур (општина)
Дреновени
Местоположба на Дреновени во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°37′N 21°12′E / 40.617° СГШ; 21.200° ИГД / 40.617; 21.200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски Округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКорешта
Надм. вис.&10000000000000803000000803 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно9
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 10 километри северозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта, на 1 километар источно од истоименото село Корешта (Неос Икисмос). Селото се дели на две маала — Долно и Горно Дреновени - на грчки: Κάτω Κρανιώνας или само Κρανιώνας и Άνω Κρανιώνας. Селото се наоѓа на надморска височина од 803 метри.

Црквата во Горно Дреновени се вика „Света Петка“, а во Долно — „Свети Димитриј“. На патот кон Чрновишча северно од Горно Дреновени има параклис посветен на Света Петка, во кој според селаните се чува чудотворна икона на Света Петка. Јужно од Горното маало има мала камена црква посветена на Свети Ѓорѓи. Според селска легенда на местото на оваа црква во минатото имало голем манастир, уништен во времето на османлиското освојување. Патронот на селото во минатото бил на Ѓурѓовден.

Историја

уреди

Селото првично се наоѓало на месноста Лабана, јужно од денешното село.[3] Подоцна било преселено на местото на Горно Дреновени, додека последно било населено Долно Дреновени[4]. Лабана се наоѓа да два часа пат јужно од денешното село, на височините, одделувајќи ја Корешта од Пополе. Истражувачот на селото Лабро Королов претпоставува дека преместувањето на новата локација се одвило во текот на последниот период на османлиското освојување на регионот[5].

Се смета дека првично името на селото било Дреново, а од XVI век се нарекува Дреновени. Во отоманскиот даночен регистар од 1530 година било евидентирано како село со 49 семејства[6].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреновени се состоело од 125 семејства со 125 жители муслимани и 350 Македонци[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Дреновени имало 650 жители Македонци[7][9].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреновени се води како две чисти македонски села во Костурската каза, Горно Дреновени со 68 куќи и Долно Дреновени со 45 куќи.[10]

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во Горно Дреновени биле опожарени 55 куќи од вкупно 65, а биле убиени 8 лица: Наки Г. Королов (73 г.), поп Јани (75), Глигор Петрески (73), Геле Меанчеви (65), Лазо Сотиров (45), Крсто Калчов (57), Лазо Перелка (76), Стасо Петрески (62). Во Долно Дреновени биле опожарени 26 куќи од вкупно 30 и бил убиен Нумо Гувелов на 55 години.[11][12] Според друг извор, од вкупно 110 куќи биле опожарени 101. Во текот на востанието загинале пет револуционери: Димитар Д. Каролев, Лексо Р. Лексовски, Јани Д. Фотев, Малиј Гилев и Георги Р. Перелов[13].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Дреновени живееле 544 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, додека во Долно Дреновени 350 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работеле две училишта[14].

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 577 жители Македонци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 185 македонски семејства[15]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[16] На 13 август 1907 година во близина на селото се водела голема битка помеѓу четата на Пандо Кљашев и турски аскер, во која битка загинал самиот војвода и целата негова чета. Во близина на местото се наоѓа гробница на сите петнаесет загинати борци[17].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 810 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 723 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Кранионас.[18] Во текот на Првата светска војна, според 63 жители се засолниле во Бугарија. Во селото имало 15 политички убиства.[19].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[20], по кое било предадено на бугарските сили.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 91 деца од селото биле протерани како деца бегалци[19]

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 750 жители.[21][22], додека во 1940 година селото броело 472 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 424 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 194 жители, во 1971 година имало 132 жители, во 1981 година имало 123 жители, додека во 1991 година имало 68 жители[23]. Денеска, населението на селото е 9 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 472 424 194 132 123 68 9
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
Родени во Дреновени
Починати во Дреновени

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι
  3. Koroloff, Larry. Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering, 2014, p. 34.
  4. 4,0 4,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  5. Koroloff, Larry. Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering, 2014. p. 34.
  6. Koroloff, Larry. Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering, 2014. p. 9-10.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
  11. Автономия“, №37, 39, 45, 46, 47, цитирано по: Тзавела, Христофор „Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев“, София, 2003, стр. 23.
  12. Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 295.
  13. Илюстрация Илинден, бр.139, стр. 14
  14. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  15. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  16. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 6.
  17. Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 51.
  18. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  19. 19,0 19,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-15.
  20. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  21. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  22. Во следните пописи, селата се водат како одделни
  23. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-15.
  24. Илюстрация Илинден, книга 10, декември 1941, стр. 7.
  25. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 357.
  26. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 250.
  27. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 485.
  28. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 527.
  29. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 543.
  30. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 230.
  31. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 409.
  32. Koroloff, Larry (2014). Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering. стр. 53.
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 33,4 33,5 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 83.
  34. Koroloff, Larry (2014). Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering. стр. 47.
  35. Koroloff, Larry (2014). Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering. стр. 92.
  36. Koroloff, Larry (2014). Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering. стр. 48–50.
  37. Koroloff, Larry (2014). Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering. стр. 115.
  38. Koroloff, Larry (2014). Drenoveni. The Life and Demise of a Macedonian Village. Pickering. стр. 48.
  39. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 73.