Цвета Тасевска родена Аџиева ( 1924 во Дреновени, Егејска Македонија, Грција — ) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]

Цвета Тасевска (Аџиева)
Родена 1924
Дреновени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на  Грција
Народност Македонка
Занимање учесник во ДАГ и пејачка

Животопис

уреди

Семејство

уреди

Таа била учесник во Народноослободителната борба и во Граѓанската војна во Грцrија, во која како партизан загинал нејзиниот брат. И таа имала горчлива судбината по капитулацијата на ДАГ. Нејзиниот сопруг заедно со нивните две деца се нашол во Југославија, а таа останала зад граница. Кај своето семејство дошла дури во 1952 година.[1]

Костурчанки

уреди

Таа била една од иницијаторите за формирањето на групата „Костурчанки”. На Балканскиот фестивал во Охрид (1971) со Киља Шмагранова го „фаќале квасот”. Двете учествувале во изведувањето на тој обичај и на „Илинденските денови” во Битола (1971). Со групата гостувала во неколку места во СФРЈ и во Белгија. Поради домашни причини, од групата се повлекла во 1973 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 60. ISBN 978-86-373-0092-2.