Васил Алексовски
Васил Алексовски (1912, Дреновени, Костурско, Грција - 4 март 1944, Черешница, Грција) — македонски револуционер од Егејскиот дел на Македонија. Детството го поминал во родното село Дреновени, Костурско. На десетгодишна вораст, со родителите се преселил во градот Костур, каде завршил училиште. Таму, уште како ученик, станал припадник на ОКНЕ - Организација на комунистичката младина на Грција. Во периодот 1930 - 1936, заедно со Ташко Караџа и други Македонци и Грци, работел активно во Комунистичката партија на Грција (КПГ). Мобилизиран во грчката војска, учествувал во Грчко-италијанската војна 1940-1941 година како припадник на 32 полк. Потоа, активно учествувал во отпорот против фашистичките окупатори како член на костурскиот комитет на ЕАМ. Бил секретар на IV реон на СНОФ, Костурско. Така дошол во судир со бугарската пропаганда во лицето на „ОХРАНА“ и на 4 март 1944 година бил предаден, сардисан и убиен од комитаџии кај селото Черешница.[1]
Васил Алексовски | ||
Роден | 1912 година село Дреновени | |
---|---|---|
Починал | 4 март 1944 село Черешница убиен | |
Познат | револуционер |
Во негова чест, народот ја испеал песната „Стани, стани Алексовски“.[2]
Стани, стани, Алексовски
Стани, стани, другар Алексовски,
Стани, стани, стани, Васил Алексовски,
Да видиш да видиш твои другари,
Твоите другари по планини оде,
По планини оде, по планини,
Васил да намере, а Васил го нема,
Васил го убие, го убие,
Васил го убие проклети фашисти,
Стани, стани, другар Алексовски,
Стани, стани, стани, Васил Алексовски,
Не можа да стана за да стана,
Не можа да стана, куршум ме прениза.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- (англиски)[1][мртва врска] Кратка биографија на Васил Алексовски
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |