Ацо Јовановски

(Пренасочено од Ацо јовановски)

Александар „Ацо“ Јовановски (31 декември 1930 во Скопје - починал на 18 март 2016 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, еден од легендите на македонската драмска сцена. Ацо Јовановски припаѓа на првата генерација на дипломирани глумци. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави и филмови. Како глумец учествувал во различни жанрови како комедии, историски драми и филмови со современа тематика.

Ацо Јовановски
Роден 31 декември 1930
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 18 март 2016(2016-03-18) (возр. 85)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Фросина
Мирно лето
Црно семе
Македонскиот дел од пеколот
Црвениот коњ
Заборавени
Оловна бригада
Жед
Најдолгиот пат
Погрешно време
Болва в' уво
Занимање глумец
Сопружник Славица Јовановска
Роднини Јана Стојановска (внука)
Ана Стојановска (внука)
Ненад Стојановски (зет)
Деца Силвија Стојановска

Филмската кариера ја започнал со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Ацо Јовановски има добиено многу награди: за животно дело, за улоги и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски глумец, кој заедно со Петре Прличко, ја има добиено Наградата „Славица“.

Животопис

уреди

Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 година во Скопје, во т.н. Циган Маало. Детството, младоста, школувањето и комплетната работа ги поминал во Скопје. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Неговото семејство се состоело од шест браќа и сестри. Со големо залагање на неговиот татко успеал да ги одгледа сите. Како дете бил палав. Во детските години тој заедно со своите другари се криеле од родителите и оделе на плажа на Вардар. Тој многу сакал да оди на претстави но тогаш настапила Втората светска војна. Во 1941 година во периодот на војната, Бугарите основале ансамбал од познати бугарски уметници. Тоа било втор ансамбал по квалитет во Царство Бугарија.

По војната, во 1944/45 година, бил создаден Македонскиот народен театар, кој бил многу посетуван од народот како и од Ацо, бидејќи било зборувано на македонски. За тоа Ацо вели: „Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик“. Тогаш за првпат ги сретнал Петре Прличко, Тодор Николовски, Илија Милчин, Марија Бошкова и Илија Џувалековски.

Во 1948 година излегол конкурс за глумечка школа каде во конкуренција од околу 40-50 луѓе, бил избран Ацо Јовановски. Во овој период Јовановски го започнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа бил ангажиран во првиот македонски филм „Фросина“. По земјотресот во 1963 година, Ацо Јовановски заминал во МНТ каде се задржал 13 години, каде станува еден од најдобрите македонски глумци. До идењето во пензија во 1995 година има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1)

Глумечки дејности

уреди

За првпат Ацо Јовановски се појавува во филмот „Фросина“ каде го игра главниот машки лик Климе, синот на Фросина. Во претставата „Долго патување во ноќта“, го игра Едмонд, во „Пепелашка“ го игра главниот лик Принцот, Турчинот во „Манде“, но најважната улога за Ацо е Трепљов во атесата „Галеб“ на Чехов. Оваа се само дел од глумечките дејности на Ацо Јовановски кој во својот глумечки живот има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1)

Театар

уреди

Улоги на Ацо Јовановски:

  • Долго патување во ноќта - Едмонд
  • Пепелашка - Принцот
  • Манде - Турчинот
  • Галеб - Трепљов
  • Болва в'уво - Шандемис
  • Дон Жаун - Дол Луј

Филмографија

уреди

Ацо Јовановски во својата кариера има одиграно над 60 улоги во следните филмови и серии:

Филмографија на глумецот Ацо Јовановски
Год. Назив Улога
1950-ти
1952 Фросина ТВ-филм Климе
1955 Волчја ноќ ТВ-филм /
1959 Виза на злото ТВ-филм Цветко
1960-ти
1961 Мирно лето ТВ-филм Крле „Снагата”
1962 Крст Ракоц ТВ-филм /
1965 Денови на искушение ТВ-филм Човек на железничката станца
1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм /
1968 Планина на гневот ТВ-филм Владимир
1969 Време без војна ТВ-филм Иљуш
1969 Сеништа ТВ филм Освалд
1969 Враќање од рајот ТВ филм Ненад
1969 Бамја ТВ филм /
1970-ти
1970 Цената на градот ТВ-филм Најдо
1970 Мојсие од малото место ТВ филм /
1970 Коктел за четворица ТВ филм /
1971 Жед ТВ-филм Марко
1971 Црно семе ТВ-филм Христос
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Коста
1971 Понижени и навредени ТВ филм /
1972 Настан можеби последен ТВ филм /
1973 Недела ТВ филм /
1975 Волшебното самарче ТВ серија /
1975 Јад ТВ-филм /
1975 Селска буна 1573 ТВ-филм Татко на Петар
1975 Светецот од Слатина ТВ филм /
1975 Картотека ТВ филм /
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Трипун
1976 Војвода Спиро Црне ТВ филм /
1976 Морава 76 ТВ мини серија /
1977 Најдолгиот пат ТВ серија Трипун
1977 Сослушувањето на железничарот ТВ филм Трпе
1979 Анно домини 1573 ТВ серија Петров отац
1980-ти
1980 Учителот ТВ филм Глигор Прличев
1980 Оловна бригада ТВ-филм Сило
1981 Црвениот коњ ТВ-филм Сабрија
1982 Илинден ТВ серија Димо
1982 Јагне на ражен ТВ филм Војдан
1983 Записник ТВ филм /
1983 Црвениот коњ ТВ серија /
1984 Јуначко колено ТВ серија Јанаки Карев
1984 Случки од животот ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ серија Киро
1985 Сомнително лице ТВ филм Алекса
1985 Пријатели ТВ филм /
1985 Јазол ТВ-филм Август Рицман
1986 Обеќана земја ТВ-филм Колонист (како Александар Јовановски)
1987 Трето доба ТВ серија /
1987 Претежно ведро ТВ серија /
1987 Хај-фај ТВ-филм Проф. по танц
1988 Скопски сновиденија ТВ-филм
1989 Мугра ТВ филм Кино-операторот
1989 Еурека ТВ серија проф. Кохињ
1990-ти
1990 Трст виа Скопје ТВ серија /
1991 Болва в' уво ТВ-филм Шандемис
1992 Време, живот ТВ-филм /
1992 Сили во воздухот ТВ филм Тошо
1993 Македонска сага ТВ-филм /
1994 Пред дождот ТВ-филм
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Директорот
1995 Заборавени ТВ филм Претседателот
1998 Салон Хармони ТВ серија Илија
1998 На Балканот не се пие чај ТВ филм /
1999 Време, живот ТВ-филм
2000-ти
2000 Глас Краток филм /
2000 2001 Погрешно време ТВ серија Спасе
2006 Стрмоглави ТВ филм Стариот на Ико
2010-ти
2013 Старо купуем ТВ-филм Дедото

Награди

уреди
  • 1971 ФФАО, Ниш, награда за епизодна улога / „Црно семе“
  • 1971 ФФАО, Ниш, награда за глумечко остварување / „Жед“
  • 1977 Награда „11 Октомври“
  • 1977 Уметник на годината, според анкетата на „Екран
  • 1986 ФФАО, Ниш, Награда „Славица“ за животно дело

Надворешни врски

уреди