Амзабегово

село во Општина Свети Николе
(Пренасочено од Анзабегово)

Амзабегово (поретко како Амзибегово) — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Амзабегово

Поглед кон селото

Амзабегово во рамките на Македонија
Амзабегово
Местоположба на Амзабегово во Македонија
Амзабегово на карта

Карта

Координати 41°48′40″N 21°59′40″E / 41.81111° СГШ; 21.99444° ИГД / 41.81111; 21.99444
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 428 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2227
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24002, 24502
Надм. вис. 225 м
Слава Ѓурѓовден
Амзабегово на општинската карта

Атарот на Амзабегово во рамките на општината
Амзабегово на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Денешното име потекнува од турско лично име, а турското население селото го нарекувало Амзи-бејло. По Првата светска војна, селото било наречено Ковачевац (по презимето на убиен српски генерал во околината на Штип). Во текот на Втората светска војна, бугарските окупаторски власти го промениле името на селото во Балабаново.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото со Богословец во позадина

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Свети Николе.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 225 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 9 километри.[3]

Селото се наоѓа покрај Светиниколска Река, сместено на десниот брег. Покрај патна раскрсница, во негова непосредна близина се наоѓа и пругата Велес-Кочани, на која се наоѓа железничката станица „Овче Поле“. Околни села се: Пеширово на север и Долно Црнилиште на северозапад. Во минатото селото поседувало една чешма, која била поврзана со изворот Домуз-бунар. Пред тоа, селаните користеле вода од еден бунар, сместен покрај реката.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Гладна, Кукуљ, Сивирџе, Алчак, Барутница, Ѓерен, Шамак, Стари Лозја и Боузлар.[2]

Селото има збиен тип и не е поделено на маала. Сепак, селото поседува именувани краеви наречени по поединечни родовски групи на куќи, како што се Шутарци, Колеви, Грашови и други.[2]

Во неговиот атар се наоѓа раскрсницата на патиштата помеѓу Штип и Велес, како и оној на Штип и Свети Николе,[3] како и новиот автопат А4.

Историја

уреди

Во атарот на селото Амзабегово, на наоѓалиштето „Барутница“ е пронајдена населба од времето на неолитот.[4] Месноста се наоѓа 1000 метри јужно од селото. Во денешните ниви селаните ископувале ќерамиди, варовни камења и песок.[2]

На местото на денешното село живеело старо словенско христијанско население, но никој не знае во кој период. Доказ за ова се гробиштата на денешните селани, кои се наоѓаат западно од селото, каде селаните наоѓале остатоци на стари христијански гробови, односно камени плочи и крстови.[2]

Традицијата наведува дека денешното село било основано од турско население. Селото Амзабегово од страна на Турците било викано Амзи-бејли. Тоа доаѓало од турско лично име. Турците до 1923 година имале 70 куќи.[2]

Во XIX век, Амзабегово било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Во периодот 1923-1928, за време на Кралството Југославија, сите Турци се иселиле во Турција. Турските гробишта се наоѓаат покрај селото, во северозападна насока. Џамијата која била изградена на сретсело не е зачувана.[2]

По заминувањето на турското население, се доселиле Македонци, како и помал број на православни Роми и Власи, со што целосно се променил етничкиот карактер на селото.[2]

Стопанство

уреди
 
Стара продавница во селото
 
Земјоделска механизација во селото

Атарот зафаќа простор од 13,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 907,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 301,4 хектари, а на шумите само 16,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.[3]

Земјата, која била во сопственост на турското население, ја купиле доселените Македонци, како и помал број на православни Роми и Власи.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948510—    
1953551+8.0%
1961609+10.5%
1971602−1.1%
1981579−3.8%
ГодинаНас.±%
1991586+1.2%
1994557−4.9%
2002543−2.5%
2021428−21.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Амзабегово имало 360 жители, од кои 340 Турци и 20 Македонци.[5]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година селото Амза Бегово имало 220 Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 160 до 175 Македонци.[7]

Амзабегово е средно по големина село со незначително намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 609 жители, од кои 565 биле Македонци, 10 Срби и 34 останати. Во 1994 година, бројот се намалил на 557 жители, од кои 543 Македонци, 10 Власи и 3 Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Амзабегово живееле 543 жители, од кои 531 Македонец, 8 Власи, 3 Срби и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 428 жители, од кои 364 Македонци, 4 Роми, 2 Власи, 1 останат и 57 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 510 551 609 602 579 586 557 543 428
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Амзабегово е мешано православно село, во кое македонското население е мнозинство.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Македонски родови: Балабановци (1 к.), најстар православен род во селото, нивното потекло е ерменско, овде живеат од турско време; Колевци (3 к.), Грашовци (3 к.), Саздовци (3 к.), Начовци (3 к.), Стоиловци (1 к.), Пушка (2 к.), Даскаловци (1 к.), Митковци (1 к.), Домазетовци (1 к.), Шутаровци (5 к.) и Гавриловци (1 к.), доселени се од соседното планинско село Богословец, и таму имаат роднини кои се староседелци; Ефремовци (1 к.), Арсовци (1 к.) и Славевци (3 к.), доселени се од селото Мечкуевци, и во Мечкуевци биле доселени однекаде; Ордевци (1 к.), доселени се од селото Сопот, таму припаѓале во групата на стари родови; Трајковци (3 к.), доселени се од селото Долно Црнилиште, изгледа таму им биле род Чентеровци, подалечно потекло имаат од селото Соколарци, Кочанско; Карапанџевци (1 к.), доселени се од селото Криви Дол, изгледа таму биле староседелци; Крстовци (1 к.), Дејановци (1 к.), Велиновци (1 к.) и Бошковци (2 к.), доселени се од селото Жидилово, Кривопаланечко; Атанасовци (2 к.), Игњатовци (2 к.), Митевци (1 к.), Баба Ленка (1 к.) и Банко (1 к.), доселени се од селото Марчино; Ивановци (2 к.), доселени се од селото Железница, Кратовско; Стојиле (1 к.), доселени од селото Плесница кај Кратово; Ивановци (1 к.), доселени се од Пробиштип; Петровци (1 к.), доселени се од селото Вакуф, Кратовско; Младеновци (1 к.), Богдановци (1 к.) и Тодоровци (1 к.), доселени се од селото Петралица, Кривопаланечко; Ѓоргевци (1 к.), доселени се од селото Трново, Кривопаланечко и Јанковци (1 к.), доселени се од селото Конопница, Кривопаланечко.
  • Православни Роми: Младеновци (3 к.), доселени се од селото Долни Стубол кај Кратово и Трајковци (6 к.), доселени се од селото Петралица, Кривопаланечко.
  • Влашки родови: Јанковци (2 к.), доселени се во 1924 година, пред тоа живееле како номади и Атанасовци (2 к.), доселени се во 1955 година од селото Кадрифаково.

Општествени установи

уреди
 
Поштата во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Амзабегово, се наоѓале и селата Аџибегово, Богословец, Буриловци, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Мустафино и Пеширово. Селото било седиште на истоимената општина во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште и Пеширово.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1701 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Богословец и Делисинци.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 395 гласачи.[15]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 392 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
 
Железничката станица „Овче Поле“
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Барутница — средновековна населба;
  • Селото — населба од неолитско време и вила рустика од римско време; и
  • Сусерка — населба од неолитско време.
Цркви[18]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, изградена на местото на селскиот крст подигнат во 1930 година[2]
Џамии[2]

Во минатото во селото постоела џамија на сретсело, од која денес не е ништо останато.

Редовни настани

уреди
Слави[2]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Амзабегово

Култура и спорт

уреди

Во селото работи фудбалскиот клуб „Овче Поле“.[19]

Иселеништво

уреди

Од селото се иселил значителен дел од старото христијанско население. Забележан е македонскиот род Тутунковци и други, кои се иселиле од селото во текот на XIX век. Од денешните родови иселеници има од Стоилови во Кочани (едно семејство) и од Балабанови во Скопје (едно семејство).[2]

Од 1923 до 1928 година од селото се иселило турското население во Турција.[2]

После времето на истражувањето вршено во селото (после 1956 година) иселувањето водело кон Скопје, Штип, Велес, Свети Николе. А во поново време и кон Германија и Италија.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 698–701.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 11. Посетено на 22 март 2021.
  4. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 март 2021.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 22 март 2021.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 344. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 22 март 2021.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди