Барутница (Амзабегово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Барутница

Карта

Местоположба 41°48′40″N 21°59′40″E / 41.81111° СГШ; 21.99444° ИГД / 41.81111; 21.99444
Основни податоци
Место Амзабегово
Општина Свети Николе
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Барутница — населба од неолитското време и вила рустика од римското време. Во стручната литература наоѓалиштето е познато и под имињата Амзабегово или Анза. Се наоѓа на околу 2 км јужно од селото, од левата страна на железничката пруга ВелесКочани, 33,8 км и 34,5 км, односно, наоколу 2 км јужно од железничката станица „Овче Полe“ или околу 700 метри јужно од автопатот ВелесШтип. Теренот претставува блага терасеста падина со површина од 500 метри во источниот дел на запад 250-300 метри во правец на север-југ, која е краен дел од гребенот што се спушта кон масивот Ѓуриште.[1][2]

Истражувања

уреди

Објекти за живеење и други недвижни објекти

уреди

Со ископувањата на екипата југословенски и американски истражувачи биле најдени куќи, култни објекти и јами под кои се разликувале: јами за складирање, за вадење земја за градежни потреби, јами за отпадоци и др.[3] Биле откриени 3 куќи, од кои сите биле поставени во правец од северозапад кон југоисток, а еден од американските истражувачи открил ѕид од кал кој бил премногу лошо нарушен за реконструкција. Необично е тоа што во култниот објект не се најдени култни предмети, а во надворешниот дел се најдени кршеници на керамички садови и орнаменти-триаголници обоени со бела боја, поради ова имало несигурност во првичното именување на објектот како култен.[4] Во вториот култен објект била најдена јама во која имало детски скелет. Било одредено дека скелетот бил закопан, откопан и потоа бил дигнат култниот објект. Но како и во последниот случај немало никакви култни предмети во овој објект, а ниту пак во околината, само биле откриени алати од камен и коска како секира, две спатули и три шила од коска, според што би можело да се заклучи дека називот култен објект не е соодветен.[5] Со пронајдоците биле најдени многу јами, во кои биле најдени: горевина и пепел, темна земја, куќен лепеж, сивкава земја која била помешана со фрагменти на садови и животински коски, веќе спомнатата јама со детски скелет и др. Пронајдени се и 3 огништа.

Погребување и гробови

уреди

Во истражувањата исто така биле најдени скелети кои било утврдено дека припаѓале на 34 поединци, кои имале разна полова припадност, возраст и крвна група и други разлики меѓу нив. Но во истражувањата отсуствувале податоци како на пример положбата и ореинтацијата на скелетите.<refСанев, стр. 59</ref> Првиот пронајден скелет бил на жена која умрела на возраст од 12-21, со крвна група А која имала многу лошо оштетени коски, вториот пронајден скелет бил во истиот гроб со првиот, но овој скелет бил со многу подобро зачувани коски, исто така припаѓал и овој скелет на жена од крвна група А, но се сметало дека умрела на возраст од 19 до 35 години. Необично било дека и двете скелети биле закопани на ист начин (легнати на лев образ во згрчена) и им фалеле витални коски, особено на првиот, се претпоставува дека двете скелети се блиску поврзани и начинот на кој биле закопани бил дел од некои традиции и обичаи.[6] Третиот скелет, кој бил најден во друг нов гроб, исто така припаѓал на девојка со крвна група А, и била во слична згрчена положба од возраст 4-10 години, и се сметало дека бил закопан во истиот период. Бил пронајден и четврт скелет кој бил во близината на третиот и на кој не биле определени полот, крвната група а ниту возраста.[7] Најголемиот дел на погребаните личности на кои полот можел да се одреди биле женски поединци а и најголем дел на единките со одредена возраст биле под 30 гоидини кога починале. Исто така е важно што од крвни групи А групата била најбројната, но биле присутни и други групи како B и O групата. Сите погребани биле во згрчена положба, а како народ биле вклучени поединците во групата на средоземни народи со сличен пантеон како во Анадолија.[8]

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Алексова Б., Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на Институтот за национална Историја, III-1, Скопје 1959
  3. Анзабегово — населба од раниот и средниот неолит во Македонија, Штип 2009, Воислав Санев, стр. 39
  4. Санев, стр. 42
  5. Санев, стр. 43-44
  6. Санев, стр. 60-61
  7. Санев, стр. 61-62
  8. Санев, стр. 67