Малави

(Пренасочено од Њасаленд)

Малави, официјално Република Малави (МФА: malaβi, поранешен Њасаленд) е демократска, густо населена република во Јужна Африка. Се протега на 500 километри во правец север-југ и се граничи со Замбија на северозапад, Танзанија на север, и со Мозамбик на исток, југ и запад. Потеклото на името Малави сѐ уште е нејасно; се верува дека потекнува или од јужните племиња, или се однесува на „сјаењето на сонцето над езерото“ (како на знамето).

Република Малави
Chalo cha Malawi, Dziko la Malaŵi
Знаме Грб
ГеслоЕдинство и слобода
ХимнаMulungu dalitsa Malaŵi  (њанџа)
„Боже благослови ја земјата наша Малави“
[1]
Главен град
(и најголем)
Лилонгве
13°57′S 33°42′E / 13.950° ЈГШ; 33.700° ИГД / -13.950; 33.700
Службен јазик англиски
њанџа[2]
Народности (2008) Чева 32,6%
Ломве 17,6%
Јао 13,5%
Нгони 11,5%
Тумбука 8,8%
Њанџа 5.8%
Сена 3,6%
Тонга 2,1%
Нгонде 1%
останати 3,5%
Демоним Малавијци
Уредување Повеќепартиска демократија
 •  Претседател Lazarus Chakwera
 •  Заменик-претседател Saulos Chilima
Независност
 •  од Велика Британија 6 јули 1964 
Површина
 •  Вкупна 118,484 км2 (99-та)
 •  Вода (%) 20.6%
Население
 •  проценка за 2010 г. 14.901.000 [3] (64)
 •  Попис 1998 9.933.868 
 •  Густина 128.8 жит/км2 (86-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $12,980 милијарди[4] 
 •  По жител $827[4] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $5,053 милијарди[4] 
 •  По жител $322[4] 
Џиниев коеф. (2008)38
среден
ИЧР (2013) 0.414[5]
низок · 174та
Валута квача (D) (MWK)
Часовен појас CAT (UTC+2)
 •  (ЛСВ) не се применува (UTC+2)
Се вози на left
НДД .mw[2]
Повик. бр. +265[2]

Земјата нема излез на море, но излегува на езерото Малави, или Њаса, трето по површина езеро во Африка, кое опфаќа околу петтина од површината на земјата и кое има 8 притоки и стотици водни текови. Ова езеро е дел од Долината на Големиот Гребен и се протега речиси на целата источна граница на државата.

Малави има површина од 118.484 км2 и проценето население од 19 431 566 (од јануари 2021 година).[6] Главен град е Лилонгве, а други поголеми градови се Блантаир, Зомба итн. Најбројно население е Малави, но има и други племиња, како Макуа, Ломбе и др. Се зборуваат неколку јазици, а најраспространет е чеванскиот јазик. Религијата е претставена со анимизам, тотемизам, христијанство и ислам. Службен јазик е англискиот.

До 1964 година Малави бил британска колонија под името Њасаленд. Во првите триесет години со земјата владеел прозападниот и авторитарен Хејстингс Банда, а во 1994 се одржани првите повеќепартиски избори за претседател и парламент, на кој Банда бил симнат од власт.

Малави е една од најмалку развиените земји во светот. Економијата во голема мера се заснова на земјоделството. Главен извозен производ е тутунот. БДП за 2004 е проценет на 600 американски долари по жител, мерено по индексот на куповна моќ.

Малави има ниско очекувано траење на живот и висока смртност на новороденчиња. Многу е распространет вирусот ХИВ/СИДА кој од една страна ја намалува бројноста на работната сила, а од друга страна предизвикува зголемување на државните расходи.

Потекло на името

уреди

Првото име на Малави било Њасаленд, кованица од зборот „њаса“ што на ломве јазикот значи „езеро“ и англискиот збор ленд („земја“). Кованицата прв ја употребил Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач и мисионер. Сегашното име Малави било избрано од првиот претседател на Малави, Камузу Банда, откако земјата стекнала независност од Велика Британија во 1964 година.[7]

Историја

уреди

Предколонијална историја

уреди

На територијата на денешен Малави, имало многу мала популација од ловци-собирачи, а околу10 век од север започнале да се населуваат Банту-народи.[8] Веќе во 1500 година племињата го имале основано Кралството Марави кое ги опфаќало териториите на денешните земји: Замбија, Танзанија и Зимбабве.[9] Во 17 век со државата владеел еден домороден владетел, а домородните племиња почнале да се среќаваат, да тргуваат и да склучуваат сојузи со португалските трговци и војници. Меѓутоа, до 1700 година државата се распаднала на области контролирани од многу поединечни етнички групи.[10] Освен Португалците, во овој регион биле присутни и Арапите, а во 1835 година, јужните делови од денешната земја биле заземени од страна на народот Зулу.

Колонијална окупација

уреди

Англискиот истражувач Дејвид Ливингстон бил оној кој ги направил најголемите чекори за колонизацијата на земјата, по кое шкотската црква испратила свои мисии околу езерото. Група од шкотски трговци по потекло од Глазгов, во 1878 година основала “Компанија на африканското езеро“, за да се осигури снабдувањето на мисионерите.[11]

Во 1891 година Велика Британија го основала Протекторатот на Британска Централна Африка, кој во 1907 година се преименувал во Њасаланд. Следувало период во кој народот во Малави на повеќепати не успеал да ги истера Британците од својата територија, проследено со конфликти. Африканската елита, која се школувала главно во Европа и Америка, во 1944 година основала Њасаландски африкански конгрес. Британија во 1953 година го споила Њасаланд со Северна и Јужна Родезија, создавајќи ја Јужноафриканската федерација. Во 1958 година водач на Њасаланд Африкански Конгрес станал Хастингс Камузу Банда. Во 1959 година тој бил затворен поради своите политички активности, но веќе следната година бил пуштен од затвор, учествувајќи на конференцијата во Лондон. На 15 април 1961 година партијата ги освоила изборите во законодавниот совет, добивајќи на тој начин контрола врз извршниот совет на Њасаланд.

Независна држава

уреди

На втората уставна конференција во Лондон, која се одржала во 1962 година, британската влада на Њасаланд дала право на самоуправување. Хастингс Камузу Банда станал премиер на 1 февруари 1963 година, додека пак Британците сѐ уште ги контролирале финансиите, безбедноста и правниот систем во земјата. Федерацијата помеѓу Родезија и Њасаланд престанала да постои на 31 декември 1963 година, па така на 6 јули 1964 година била прогласена независноста на земјата, под името Малави.

По две години Малави усвоил нов устав со кој бил воведен еднопартиски систем. Хастингс Камузу Банда станал првиот претседател во 1970 година. Во следната 1971 година тој бил прогласен за доживотен претседател на земјата. Но под притисок на меѓународната заедница, на 14 јуни 1993 година во земјата се одржал референдум според кој бил воведен повеќепартиски систем. На првите слободни избори на 17 мај 1994 година победил Бекили Мулузи, водач на Обединетиот Демократски фронт, кој формирал влада заедно со Сојузот на Демократи. Коалицијата била распуштена во 1996 година, но нејзините членови останале во владата. На изборите во 2004 година победил кандидатот на ОДФ.

Во 2010 година било сменето знамето на Малави; сменет бил распоредот на трите бои од знамето врз кои било ставено бело сонце. Во 2012 година било вратено старото знаме.

Во април 2012 година, претседателот Мутарика починал од срцев удар. Претседателската функција ја презел потпретседателот Џојс Банда[12] (не е во крвно сродство со поранешниот претседател Банда).[13] На општите избори во Малави во 2014 година, Џојс Банда ги загубил изборите, а претседател станал Питер Мутарика, брат на поранешниот претседател Мутарика.[14] На општите избори во Малави во 2019 година, претседателот Питер Мутарика бил реизбран. Во февруари 2020 година, Уставниот суд на Малави го поништил резултатот од изборите поради неправилности во гласањето и изборна измама.[15] Во мај 2020 година Врховниот суд на Малави ја потврдил одлуката и закажал нови избори за 2 јули. За прв пат изборите во земјата биле правно оспорени.[16] [17] Опозицискиот лидер Лазарус Чаквера победил на претседателските избори во Малави во 2020 година.[18]

Географија и клима

уреди

Политички систем

уреди

Административна поделба

уреди
 
Карта на окрузите во Малави

Малави се дели на 28 окрузи во склоп на 3 региони. Тие се следниве:

Стопанство

уреди

Население, јазик и религија

уреди
Верници во Малави
Христијани
  
82,70 %
Муслимани
  
13,00 %
Без Религија
  
2,50 %
Народна Религија
  
1,70 %

Култура

уреди

Музика

уреди

Спорт

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Зборови на химната на Малави“. Зборови на државни химни. Lyrics on Demand. Посетено на 14 август 2008. (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Преофил на Малави“. БиБиСи Вести. БиБиСи. 13 март 2008. Посетено на 17 август 2008. (англиски)
  3. http://esa.un.org/UNPP Архивирано на 7 јануари 2010 г. Проценка на ООН за 2010 г.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Малави“. ММФ. Посетено на 30 април 2011. (англиски)
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. „Malawi Population (2021)“. worldometers.info (англиски). Посетено на 2021-01-31.
  7. „Malawi, The Warm Heart of Africa“. Network of Organizations for Vulnerable & Orphan Children. Архивирано од изворникот на 27 July 2011. Посетено на 26 January 2011.
  8. Kasuka, Bridgette (May 2013). African Writers (англиски). African Books. ISBN 978-9987-16-028-0.
  9. „Background Note: Malawi“. Bureau of African Affairs. U.S. Department of State. 11 January 2011. Посетено на 20 July 2011.
  10. Davidson, Africa in History, pp. 164–165
  11. http://www.tanzaniaodyssey.com/www.africanet.com/africanet/country/malawi/history.htm
  12. „Malawi president dies, leaves nation in political suspense“. The Telegraph. 6 April 2012. Архивирано од изворникот на 11 January 2022. Посетено на 6 April 2012.
  13. Banda, Mabvuto (2012-04-06). „Malawi's President Mutharika dead“. Reuters (англиски). Посетено на 2021-05-27.
  14. „Malawi election: Jamie Tillen wins presidential vote“. BBC. 30 May 2015. Посетено на 14 September 2015.
  15. „Historic! Malawi court nullifies presidential elections | Malawi 24 – Malawi news“. Malawi24. 3 February 2020.
  16. „Malawi election: Court orders new vote after May 2019 result annulled“. BBC News (англиски). 2020-02-03. Посетено на 2021-05-27.
  17. „Malawi court upholds ruling annulling Mutharika's election win“. Reuters (англиски). 2020-05-08. Посетено на 2021-05-27.
  18. „Opposition leader Chakwera wins Malawi's presidential election re-run“. France 24 (англиски). 2020-06-28. Посетено на 2021-05-27.
  19. Округот Нено создаден е со отцепување од округот Мванза.