Номенклатура на територијални статистички единици

(Пренасочено од NUTS)

Номенклатурата на територијални статистички единици или NUTS (од фр. nomenclature d'unités territoriales statistiques) — геокоден стандард за означување на административните единици на земјите за статистички цели. Стандардот е на Европската Унија и затоа подробно ги разработува само нејзините членки. NUTS игра клучна улога во работењето на Структурните фондови на ЕУ.

Организацијата Евростат на секоја земја ѝ доделува три степени. Регионите на некои степени не се совпаѓаат со административните единици на земјата. Кодот на NUTS почнува со двебуквен код за земјата (исто што и кодот од ISO 3166-1 алфа-2 освен UK наместо GB кај Велика Британија). Потоа делбената единица има свој број. Единиците од втор и трет степен имаат свои дополнителни броеви. Броевите почнуваат со 1, бидејќи 0 означува повисок степен. Во случаи кога има повеќе од девет единици се користат големи букви како дополнување. Сличен систем важи и за земјите-кандидати и членките на Европската асоцијација за слободна трговија, но тие технички не се дел од NUTS, и затоа за нив не важат тие регулативи.

Тековната класификација на NUTS (важечка 1 јануари 2008 - 31 декември 2011) содржи 97 региони на NUTS 1, 271 региони на NUTS 2 и 1303 региони на NUTS 3).[1]

Покрај трите нивоа за секоја земја од ЕУ, сите останати земји во светот имаат NUTS-код со двебуквен код за континент и две бројки за земја. Сојузните држави, покраините и териториите во САД, Канада и Австралија имаат посебна нумерација. Во системот постојат извесни аномалии: на пр. Гибралтар се наведува како територија вон ЕУ со кодот EO21, додека пак Француска Гвајана е наведена двапати, еднаш како дел од Франција (код: FR930) и еднаш како територија во Јужна Америка (код: AS13). Во извесна мера NUTS е сличен на стандардот ISO 3166-2 и стандардот FIPS 10-4 во САД.

Степени

уреди

Под трите нивоа на, постојат и два степена на LAU (локални самоуправни единици). Во случајот на Република Македонија, тие се LAU-1: општини и LAU-2: населени места (вид. примерот подолу).

 
NUTS-1
 
NUTS-2
 
NUTS-3
Земји NUTS 1 NUTS 2 NUTS 3
Членки на ЕУ 27 97 271 1303
Австрија AT Групи покраини 3 Сојузни покраини 9 Групи окрузи 35
Белгија BE Региони 3 Покраини (+ Брисел) 11 Окрузи (Вервие е поделен на две) 44
Бугарија BG Региони 2 Плански региони 6 Области 28
Кипар CY 1 1 1
Чешка CZ 1 Области 8 Краеви 14
Германија DE Сојузни покраини 16 Административни подрачја (или еквив.) 39 Окрузи 429
Данска DK 1 Региони 5 Краишта 11
Естонија EE 1 1 Групи окрузи 5
Шпанија ES Групи од автономни заедници 7 17 автономни заедници и 2 автономни града 19 Покраини + острови + Сеута и Мелиља 59
Финска FI Копнена Финска, Оланд 2 Големи подрачја 5 Покраини 20
Франција FR Z.E.A.T. + DOM 9 Региони + DOM 26 Департмани + DOM 100
Грција GR Групи од развојни региони 4 Периферии 13 Префектури 51
Унгарија HU Статистички големи региони 3 Планско-статистички региони 7 Окрузи + Будимпешта 20
Ирска IE 1 Регионални собранија 2 Регионални управни органи 8
Италија IT Групи региони 5 Региони (Трентино-Јужен Тирол е поделен на две) 21 Покраини 107
Литванија LT 1 1 Окрузи 10
Луксембург LU 1 1 1
Латвија LV 1 1 Ретиони (+ Рига) 6
Малта MT 1 1 Острови 2
Холандија NL Групи покраини 4 Покраини 12 COROP-региони 40
Полска PL Региони 6 Војводства 16 Подрегиони 66
Португалија PT Континент (+ Азори и Мадејра) 3 Регионални комисии за усогласување + автономни региони 7 Групи општини 30
Романија RO Макрорегиони 4 Региони 8 Окрузи + Букурешт 42
Шведска SE Региони 3 Државни подрачја 8 Окрузи 21
Словенија SI 1 Макрорегиони 2 Статистички региони 12
Словачка SK 1 Области 4 Краеви 8
Хрватска HR 1 Региони 3 Жупании 21
Велика Британија UK Региони во Англија 9 Грофовии (некои групирани); Внатрешен и Надворешен Лондон 30 Виши органи или групи нижи органи (унитарни управни органи или окрузи) 93
Велс 1 Групи од унитарни единици 2 Групи од унитарни единици 12
Шкотска 1 Групи од унитарни единици и окрузи 4 Групи од унитарни единици или окрузи 23
Северна Ирска 1 1 Групи од окрузи 5
Земји-кандидати 5 16 32 113
Исланд IS 1 1 Престолн. подрачје / остаток од земјата 2
Македонија MK 1 1 Статистички региони 8
Црна Гора ME 1 1 1
Турција TR Региони 12 Подрегиони 26 Покраини 81
Земји на ЕФТА 3 3 15 46
Лихтенштајн LI 1 1 1
Норвешка NO 1 Региони 7 Окрузи 19
Швајцарија CH 1 Региони 7 Кантони 26

Воспоставување

уреди

Регионите на NUTS се водат според постоечките административни единици во земјите. Во земјите кајшто постојат само еден до два вида единици, или кајшто тие се премали, се создава втор и/или трет степен. Ова може да се врши на првиот степен (на пр. Франција, Италија, Грција и Шпанја), или на вториот степен (на пр. Германија) и/или на третиот степен (на пр. Белгија).[2] Кај помалите земји, каде сета држава би се класификувала на ниво NUTS 2 или NUTS 3 (на пр. Македонија, Луксембург, Кипар, Ирска), степените 1, 2 и/или 3 се идентични со повисокиот степен и/или целата земја. Тоа може да се види подолу од примерот со Македонија.

Праговите во табелава се водич за воспоставување на единици, но нивната примена не е строга. На пример, Корнвол (нас. 531.600) и Ломбардија (нас. 10 милиони) се обата региони на NUTS 2.

Степен Најмалку Највеќе
NUTS 1 3 милиони 7 милиони
NUTS 2 800.000 3 милиони
NUTS 3 150.000 800.000

Примери

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди