Кантони во Швајцарија

Швајцарија е поделена на 26 кантонисојузни единици што ја сочинуваат државата. Од Вестфалскиот мир (1648), па сè до основањето на сојузна Швајцарија (1848), секој кантон бил наполно суверена држава[1] со своја царина, војска и валута. Најнов кантон е Јура, кој се одделил од Берн во 1979 г.[2]

Поимот „кантон“ (германски: Kantone, француски: cantons, италијански: cantoni, реторомански: chantuns) е од француско потекло и значи „агол“ или „околија“.[3]

Историја

уреди

Во XVI век, стариот Швајцарски сојуз (Eidgenossenschaft) се состоел од 13 суверени држави: шест краински (или шумски) и седум градски. Иако сите технички биле дел од Светото Римско Царство, независноста де факто ја стекнале во 1497 г. кога извојувале победа над царот Максимилијан.[4] Шесте шумски кантони биле демократски републики, додека пак седумте градски кантони олигархиски републики под власта на благородниците.

Устав

уреди

Секој кантон има свој устав, законодавство, влада и судство.[5] Највеќето законодавни домови се еднодомни парламенти, со по 58 до 200 пратеници. Неколку од нив се народни собори (Landsgemeinden). Кантонските влади имаат по 5 до 7 члена, зависно од кантонот.[6]

Според Сојузниот устав на Швајцарија, кантоните се суверени за сето она што не е во надлежност на централната власт.[5] Меѓу самостојните надлежности спаѓаат и здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, како и даночењето. Уставите на поединечните кантони го уредуваат степенот на самоуправа што го уживаат општините, кој се разликува од случај до случај, но секогаш подразбира право на даночење и носење на општински закони. Според големината, кантоните се движат од 37 км2 до 7.105 км2, а според населението, од 15.471 до 1.244.400 жители.

Список

уреди
Грб Крат. Кантон Изворно име Создаден Админ. центар Население (2009) Површина (км2) Густина (жит/км2) Општини[7] Службени јазици
  AR Апенцел Аусероден Appenzell Ausserrhoden 1513 [8] Херизау[1] 53.313 &10000000000000243000000243 220 20 германски
  AI Апенцел Инероден Appenzell Innerrhoden 1513[8] Апенцел 15.789 &10000000000000172000000172 87 6 германски
  AG Аргау Aargau 1803 Арау 627.893 &100000000000000014039991,404 388 220 германски
  BS Базел-град Basel-Stadt 1501[9] Базел 194.090 &1000000000000003700000037 5.072 3 германски
  BL Базел-краина Basel-Landschaft 1501/1833[10] Листал 277.973 &10000000000000518000000518 502 86 германски
  BE Берн Bern 1353 Берн 985.046 &100000000000000059600005,960 158 383 германски, француски
  VS Вале Valais 1815 Сион 317.022 &100000000000000052240005,224 53 143 француски, германски
  VD Во Vaud 1803 Лозана 725.944 &100000000000000032120003,212 188 339 француски
  GL Гларус Glarus 1352 Гларус 39.217 &10000000000000685000000685 51 3 германски
  GR Граубинден Graubünden 1803 Кур 193.388 &100000000000000071050007,105 26 180 германски, реторомански, италијански
  GE Женева Genève 1815 Женева 472.530 &10000000000000282000000282 1.442 45 француски
  SO Золотурн Solothurn 1481 Золотурн
259.836
&10000000000000790000000790 308 122 германски
  JU Јура Jura 1979[11] Делемон 70.542 &10000000000000839000000839 82 64 француски
  LU Луцерн Luzern 1332 Луцерн 381.966 &100000000000000014940001,494 233 87 германски
  NE Нешател Neuchâtel 1815/1857[12] Нешател 173.183 &10000000000000802000000802 206 53 француски
  NW Нидвалден Nidwalden 1291[13][14] Штанс 41.311 &10000000000000276000000276 138 11 германски
  OW Обвалден Obwalden 1291[13] или 1315[15] Зарнен 35.878 &10000000000000491000000491 66 7 германски
  SG Санкт Гален St. Gallen 1803 Санкт Гален 486.981 &100000000000000020310002,031 222 85 германски
  TI Тичино Ticino 1803 Белинцона 336.943 &100000000000000028119992,812 110 157 италијански
  TG Тургау Thurgau 1803 Фрауенфелд[2] 254.528 &10000000000000992000000992 229 80 германски
  UR Ури Uri 1291[13] Алтдорф 35.382 &100000000000000010769991,077 33 20 германски
  FR Фрибур Fribourg 1481 Фрибур 284.668 &100000000000000016710001,671 141 167 француски, германски
  ZH Цирих Zürich 1351 Цирих 1.406.083 &100000000000000017290001,729 701 171 германски
  ZG Цуг Zug 1352 Цуг 116.559 &10000000000000239000000239 416 11 германски
  SH Шафхаузен Schaffhausen 1501 Шафхаузен 77.139 &10000000000000298000000298 246 27 германски
  SZ Швиц Schwyz 1291[13] Швиц 147.904 &10000000000000908000000908 143 30 германски
  CH Швајцарија Берн 7.968.705 &1000000000000004129099941,291 174 2.596 германски, француски, италијански, реторомански

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. ^ Владата и парламентот се во Херизау, но судството е во Троген
  2. ^ Парламентот Фрауенфелд и Вајнфелден

Наводи

уреди
  • Bernhard Ehrenzeller, Philipp Mastronardi, Rainer J. Schweizer, Klaus A. Vallender (eds.) (2002). Die schweizerische Bundesverfassung, Kommentar. ISBN 3-905455-70-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link) Cited as Ehrenzeller.
  • Häfelin, Ulrich; Haller, Walter; Keller, Helen (2008). Schweizerisches Bundesstaatsrecht (7. изд.). Zürich: Schulthess. ISBN 978-3-7255-5472-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) Cited as Häfelin.
  1. „Cantons, In the Old Confederation until 1798“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
  2. „Jura (Canton)“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
  3. „кантон“ — Лексикон на македонскиот јазик
  4. „Швајцарија“. Енциклопедија „Британика“. 26. 1911. стр. 251. Посетено на 2008-11-11.
  5. 5,0 5,1 „Cantons, In the Federal State since 1848“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
  6. Влада на Швајцарија со врски до секоја кантонска влада Архивирано на 19 декември 2008 г., посет. 11 ноември 2008 г (англиски)
  7. Сојузна статистичка служба (2008). „Службен список на општини во Швајцарија“ (Microsoft Excel). Архивирано од изворникот 2008-06-11. Посетено на 11 ноември 2008. (германски)
  8. 8,0 8,1 дел од Апенцел сè до 1597/1999 г.
  9. како Базел до 1833/1999 г.
  10. дел од Базел сè до 1833/1999 г.
  11. се отцепил од Берн
  12. полагал право прускиот крал Фридрих Вилхелм III сè до Нешателската криза во 1856–1857 г.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 основачки шумски кантон, основано во 1307, 1304 или 1291 г.
  14. како Унтервалден
  15. Може да се смета за основан во 1315 г. како дел од Унтервалден

Надворешни врски

уреди