Покраини во Белгија
Белгија е поделена на три региона, од кои два се сочинети од покраини. Од создавањето на Белгија, па сè до 1995 г. постоеле девет покраини. Таа година, покраината Брабант е поделена на две покраини и престолнинското подрачје на Брисел. Ова подрачје не е покраина, туку посебна единица.
Поделбата на земјата на покраини е уредено со Член 5 од Уставот на Кралството Белгија. Покраините понатаму се делат на окрузи.
Список на покраини
уредиЗнаме | Грб | Покраина | Холандски | Француски | Германски | HASC[1] | FIPS[1] | ISO[1] | Површина (км²) | Админ. центар | Население |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Антверпен | Antwerpen | Anvers | Antwerpen | BE.AN | BE01 | VAN | 2.860 | Антверпен | 1.764.773 | ||
Лимбург | Limburg | Limbourg | Limburg | BE.LI | BE05 | VLI | 2.414 | Хаселт | 844.621 | ||
Фламански Брабант | Vlaams-Brabant | Brabant flamand | Flämisch-Brabant | BE.VB | BE12 | VBR | 2.106 | Левен | 1.086.446 | ||
Источна Фландрија | Oost-Vlaanderen | Flandre orientale | Ostflandern | BE.OV | BE08 | VOV | 2.982[2] | Гент | 1.445.831 | ||
Западна Фландрија | West-Vlaanderen | Flandre occidentale | Westflandern | BE.WV | BE09 | VWV | 3.151 | Брухе | 1.164.967 | ||
Ено | Henegouwen | Hainaut | Hennegau | BE.HT | BE03 | WHT | 3.800 | Монс | 1.317.284 | ||
Валонски Брабант | Waals-Brabant | Brabant wallon | Wallonisch-Brabant | BE.BW | BE10 | WBR | 1.093 | Вавр | 382.866 | ||
Намир | Namen | Namur | Namür | BE.NA | BE07 | WNA | 3.664 | Намир | 476.835 | ||
Лиеж | Luik | Liège | Lüttich | BE.LG | BE04 | WLG | 3.844 | Лиеж | 1.077.203 | ||
[3] |
Луксембург | Luxemburg | Luxembourg | Luxemburg | BE.LX | BE06 | WLX | 4443 | Арлон | 271.352 |
Предложена покраина
уредиПоради фактот што германската заедница е во целост сместена во покраината Лиеж, на повеќе наврати е предложено создавање на единаесетта покраина „Ојпен-Санкт Вит“ (германски: Eupen-Sankt Vith), составена од деветте општини на таа заедница.[4][5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Покраина во Белгија“. Statoids. (англиски)
- ↑ „Источна Фландрија: факти и бројки“. Покраина Источна Фландрија. Архивирано од изворникот на 2006-11-11. Посетено на 2014-02-16. (холандски)
- ↑ Тробојката е службена, но не се користи. Пругавото знаме се користи, но не е службено.„Луксембург (покраина во Белгија)“. Flags of the World. 21 март 2009. Посетено на 22 август 2009. (англиски)
- ↑ Ферди Вилемс и Дани Питерс (21 март 2000). „Предлог-закон за создавање на покраината Ојпен-Санкт Вит и германојазична изборна единица за избор на Претставничкиот дом и Сенатот“ (PDF). Претставнички дом на Белгија. Посетено на 2007-09-02. (холандски) (француски)
- ↑ Јан Лонес (VU) (13 јули 1995). „Предлог-закон за доделување на сите покраински надлежности на органите на германојазичната заедница и за претставништво на германојазичното подрачје во законодавните домови“. The Сенат на Белгија. Посетено на 2007-09-02. (холандски)
Надворешни врски
уреди„Покраини во Белгија“ на Ризницата ? |
- Покраини на Белгија — државен портал (англиски)
- Здружение на фламанските покраини (холандски)
- Здружение на валонските покраини (француски)