Региони во Унгарија
(Пренасочено од Региони на Унгарија)
Покрај на окрузи, Унгарија официјално е поделена и на региони. Унгарија е поделена на 7 региони, и тоа на географска основа. Секој од овие региони, се различни еден од друг по нивната културна и демографска историја.
Овие седум региони биле формирани во 1999 година, по законскиот акт 1999/XCII, кој ги заменил претходните од 1996 година 1996/XXI. Во секој од регионите се сместени одредени окрузи, кои се 19 на број како и главниот град Будимпешта, како посебна административна единица во склоп на округот Пешта.
Список на регионите:
Име на регионот | Административен центар | Површина (км2) |
Население | Густина (/км2) |
---|---|---|---|---|
Северна Унгарија | Мишколц | 13.428 | 1.289.000 | 96 |
Голема северна котлина | Дебрецин | 17.749 | 1.554.000 | 88 |
Голема јужна котлина | Сегед | 18.339 | 1.367.000 | 75 |
Централна Унгарија | Будимпешта | 6919 | 2.825.000 | 408 |
Централен прекудунавски регион | Секешфехервар | 11.237 | 1.114.000 | 99 |
Западен прекудунавски регион | Ѓер | 11.209 | 1.004.000 | 90 |
Јужен прекудунавски регион | Печ | 14.169 | 989.000 | 70 |
- На Северна Унгарија и припаѓаат окрузите Боршод-Абауј-Земплен, Хевеш и Ноград.
- На Северната голема котлина и припаѓаат окрузите Хајду-Бихар, Јас-Наѓкун-Солнок и Саболч-Сатмар-Берег.
- На Јужната голема котлина и припаѓаат окрузите Бач-Кишкун, Бекеш и Чонград.
- На Централна Унгарија и припаѓаат окрузите Пешта и главниот град Будимпешта.
- На Централниот прекудунавски регион му припаѓаат окрузите Комаром-Естергом, Фејер и Веспрем.
- На Западниот прекудунавски регион му припаѓаат окрузите Ѓер-Мошон-Шопрон, Ваш и Зала.
- На Јужниот прекудунавски регион му припаѓаат окрузите Барања, Шомоѓ и Толна.