Отвори го главното мени

Окрузи во Австрија

второстепена управна единица на Австрија
Карта на окрузите во Австрија. Статутарните градови се со црвено.

Округот (германски: Bezirk) е второстепана управна единица во Австрија. Секој округ има своја окружна управа (Bezirksverwaltungsbehörde) задолжена за сите работи помеѓу граѓанинот и државата кои ја надминуваат надлежноста на општината како венчаници, возачки дозволи, пасоши, дозволи за собирање, ловечки дозволи, побарувања од здравствени служби и тн.

Уставот на државата разликува два вида окружни управи:

  • окружни одбори (Bezirkshauptmannschaften) — окружни управи како самостојни служби;
  • статутарни градови (Städte mit eigenem Statut или Statutarstädte) — градови ополномоштени да делуваат како окрузи покрај нивната општинска улога; подолу означени со ѕвездичка (*).

Во 2017 г. во земјата имало 94 окрузи, од кои 79 под управа на окружни одбори и 15 статутарни градови.

Многу од окрузите ги опфаќаат имаат граници кои се совпаѓаат со оние на судските окрузи, кои ги има вкупно 116 (2018)[б 1].

Статутарните градови обично не се нарекуваат „окрузи“ вон државните изданија и правната литература. Постои навика вистинските окрузи под управа на одбори да се нарекуваат „селски окрузи“ (Landbezirke), иако ова нема правно значење бидејќи многу од нив немаат изразито селски карактер.

Список на окрузиУреди

Наставката „-околина“ (-Land и -Umgebung) не претставува дел од службениот назив на округот. Се применува на обичајна основа за да се избегнат забуни кога еден селски округ дели исто име со статутарен град. Долна Австрија не го дозволува ова. Наведеното население се однесува на 2014 г.

Код Округ Создаден Рег. таб. Седиште Население
101 Ајзенштат * 1921 E статутарен град 13 485
103 Ајзенштат-околина 1921 EU Ајзенштат 41 474
102 Руст * 1921 E[б 2] статутарен град 1 942
104 Гисинг 1921 GS Гисинг 26 394
105 Јенерсдорф 1921 JE Јенерсдорф 17 376
106 Матерсбург 1921 MA Матерсбург 39 134
107 Нојзидл на Езеро 1921 ND Нојзидл на Езеро 56 504
108 Оберпулендорф 1921 OP Оберпулендорф 37 534
109 Оберварт 1921 OW Оберварт 53 573
201 Клагенфурт * 1850 K статутарен град 96 640
202 Филах * 1932 VI статутарен град 60 004
203 Хермагор 1868 HE Хермагор-Пресешко Езеро 18 547
204 Клагенфурт-околина 1868 KL Клагенфурт 58 435
205 Санкт Фајт на Глан 1868 SV Санкт Фајт на Глан 55 394
206 Шпитал на Драва 1868 SP Шпитал на Драва 76 971
207 Филах-околина 1868 VL Филах 64 268
208 Фелкермаркт 1868 VK Фелкермаркт 42 068
209 Волфсберг 1868 WO Волфсберг 53 472
210 Фелдкирхен 1982 FE Фелдкирхен во Корушка 30 082
301 Кремс на Дунав * 1938 KS статутарен град 24 085
302 Санкт Пелтен * 1922 P статутарен град 52 145
303 Вајдхофен на Ибс * 1868 WY статутарен град 11 341
304 Винер Нојштат * 1866 WN статутарен град 42 273
305 Амштетен 1868 AM Амштетен 112 944
306 Баден 1868 BN Баден 140 078
307 Брук на Лејта 1868 BL, SW[б 3] Брук на Лејта 43 615
308 Гензерндорф 1901 GF Гензерндорф 97 460
309 Гминд 1899 GD Гминд 37 420
310 Холабрун 1868 HL Холабрун 50 065
311 Хорн 1868 HO Хорн 31 273
312 Корнојбург 1868 KO Корнојбург 73 370
313 Кремс 1868 KR Кремс на Дунав 55 945
314 Лилиенфелд[б 4] 1868 LF Лилиенфелд 26 040
315 Мелк 1896 ME Мелк 76 369
316 Мистелбах 1868 MI Мистелбах 74 150
317 Медлинг 1897 MD Медлинг 115 677
318 Нојнкирхен 1868 NK Нојнкирхен 85 539
319 Санкт Пелтен 1868 PL Санкт Пелтен 97 365
320 Шајбс 1868 SB Шајбс 41 073
321 Тулн 1892 TU Тулн 72 104
322 Вајдхофен на Дија 1868 WT Вајдхофен на Дија 26 424
323 Винер Нојштат 1868 WB Винер Нојштат 75 285
325 Цветл 1868 ZT Цветл 43 102
401 Линц * 1866 L статутарен град 183 814
402 Штајр * 1867 SR статутарен град 38 120
403 Велс * 1964 WE статутарен град 59 339
404 Браунау на Ин 1868 BR Браунау на Ин 98 842
405 Ефердинг 1907 EF Ефердинг 31 961
406 Фрајштат 1868 FR Фрајштат 65 208
407 Гмунден 1868 GM Гмунден 99 540
408 Грискирхен 1911 GR Грискирхен 62 938
409 Кирхдорф на Кремс 1868 KI Кирхдорф на Кремс 55 571
410 Линц-околина 1868 LL Линц 141 540
411 Перг 1868 PE Перг 66 269
412 Рид во Инкрајс 1868 RI Рид во Инкрајс 58 714
413 Рорбах 1868 RO Рорбах 56 455
414 Шердинг 1868 SD Шердинг 56 287
415 Штајр-околина 1868 SE Штајр 58 618
416 Урфар-околина 1919 UU Линц 82 109
417 Феклабрук 1868 VB Феклабрук 131 497
418 Велс-околина 1868 WL Велс 68 600
501 Салцбург * 1869 S статутарен град 146 631
502 Халајн 1896 HA Халајн 58 336
503 Салцбург-околина 1868 SL Салцбург 145 275
504 Санкт Јохан во Понгау 1868 JO Санкт Јохан во Понгау 78 614
505 Тамсвег 1868 TA Тамсвег 20 450
506 Цел на Езеро 1868 ZE Цел на Езеро 84 964
601 Грац * 1850 G статутарен град 269 997
603 Дојчландсберг 1868 DL Дојчландсберг 60 466
606 Грац-околина 1868 GU Грац 145 660
610 Лајбниц 1868 LB Лајбниц 77 774
611 Леобен 1868 LE, LN[б 5] Леобен 61 771
612 Лицен 1868 GB, LI[б 6] Лицен 78 893
614 Мурау 1868 MU Мурау 28 740
616 Фојтсберг 1891 VO Фојтсберг 51 559
617 Вајц 1868 WZ Вајц 88 355
620 Муртал 2012 MT Јуденбург 73 041
621 Брук-Мирццушлаг 2013 BM Брук на Мура 100 855
622 Хартберг-Фирстенфелд 2013 HF Хартберг 89 252
623 Зидостштајермарк 2013 SO Фелдбах 88 843
701 Инсбрук * 1850 I статутарен град 124 579
702 Имст 1868 IM Имст 57 271
703 Инсбрук-околина 1868 IL Инсбрук 169 680
704 Кицбиел 1868 KB Кицбиел 62 318
705 Куфштајн 1868 KU Куфштајн 103 317
706 Ландек 1868 LA Ландек 43 906
707 Лиенц 1868 LZ Лиенц 48 990
708 Ројте 1868 RE Ројте 31 672
709 Швац 1868 SZ Швац 80 305
801 Блуденц 1868 BZ Блуденц 61 100
802 Брегенц 1868 B Брегенц 128 568
803 Дорнбирн 1969 DO Дорнбирн 84 117
804 Фелдкирх 1868 FK Фелдкирх 101 497
900 Виена * 1850 W статутарен град 1 766 746

БелешкиУреди

  1. Вклучувајќи го окружниот стопански суд во Виена
  2. Руст ја дели ознаката E со Ајзенштат.
  3. SW е за градот Швехат, а BL за остатокот од округот.
  4. Лилиенфелд е основан во 1868, распуштен во 1890 и возобновен во 1897 г. Од 1933 до 1938 г. бил подружница на Санкт Пелтен, а од 1938 до 1945 бил округ во Третиот Рајх. Од 1945 до 1952 г. бил повторно подружница на Санкт Пелтен. Во 1953 г. му е вратен статусот на самостоен округ.
  5. LE е за градот Леобен, а LN за остатокот од округот.
  6. GB е за подокругот (подружницата) Гребминг, а LI е за остатокот.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди