Административна поделба на Шкотска

сегашни или поранешни административни единици на Шкотска

Шкотска административно се дели на 32 обласни единици (англ. council areas), сите под унитарна управа[1] на совети (councils). По законот за гелски називи од 1997 г.[2] тие имаат на избор да се нарекуваат „comhairle“ ако решат да гелското име на областа да биде официјално. Досега оваа можност ја има искористено само областа Надворешни Хебриди (гел. Na h-Eileanan Siar).

Обласните единици постојат од 1 април 1996, согласно Законот за локална самоуправа на Шкотска од 1994 г.

Постарите поделбени целини и денес играат улога кај единиците на другите административни органи (опишани подолу).

Управни области

уреди
 
Карта на областите во Шкотска на англиски
КОПНЕНА Површина
(км²)
Население
(2001)
Густина
(по км²)
Абердин 182 212.125 1.164
Абердиншир 6.317 226.871 36
Ангус 2.184 108.400 50
Аргајл и Бјут 7.023 91.306 13
Глазгов 175 577.869 3.307
Хајленд 26.119 208.914 8
Дамфрис и Галовеј 6.446 147.765 23
Данди 55 145.663 2.648
Единбург 260 448.624 1.725
Западен Данбартоншир 176 93.378 531
Западен Лотијан 427 158.714 372
Инверклајд 167 84.203 503
Источен Ершир 1.275 120.235 94
Источен Данбартоншир 176 108.243 617
Источен Лотијан 666 90.088 135
Источен Ренфрушир 168 89.311 532
Јужен Ершир 1.230 112.097 93
Јужен Ланаркшир 1.778 302.216 170
Клакмананшир 158 48.077 304
Мари 2.237 86.940 39
Мидлотијан 350 80.941 231
Перт и Кинрос 5.395 134.949 25
Ренфрушир 263 172.867 659
Северен Ершир 888 135.817 153
Северен Ланаркшир 476 321.067 674
Стерлинг 2.243 86.212 38
Фајф 1.340 349.429 261
Фолкерк 293 145.191 496
Шкотски Граници 4.727 106.764 23
ВКУПНО — КОПНЕНА 73.193 4.994.276 68
ОСТРОВИ      
Надворешни Хебриди 3.070 26.502 9
Оркниски Острови 1.025 19.245 19
Шетландски Острови 1.471 21.988 15
ВКУПНО — ОСТРОВИ 5566 67.735 12
СЕВКУПНО — ШКОТСКА 78.759 5.062.011 64

Шерифства

уреди

Шерифствата се правосудни области. Денес постојат 6 шерифства, создадени на 1 јануари 1975 г:[3]

Месности

уреди

Шкотска се дели на 871 месности (civil parishes). Иако овие немаат административна функција уште од 1930 г, денес служат за статистички цели како пописи и сл. Многу поранешни месности сега играат улога на регистарски окрузи.

Заедници

уреди

Ова е најситната единица на поделба во Шкотска заедниците (communities) кои можат да бираат свои совети (community councils, CCs). Нивната главна улога е да ги застапуваат локалните потреби и гледишта во покрупните управни органи. ВО земјата постојат околу 1200 вакви заедници. Некои заедници имаат имаат заеднички совети.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Во однос на шкотска зборот „unitary authority“ има чисто описно значење. Во Британија тој поим има официјално значење само во Англија.
  2. Закон за локалната самоуправа (Гелски називи) (Шкотска) 1997 (англиски)
  3. Указ за реорганизација на шерифствата 1974 S.I. 1974/2087 (S.191)