Геокодирање — постапка на пронаоѓање на придружни географски координати (често изразени во географска ширина и географска должина) од други географски податоци, како улична адреса или поштенски броеви. Користејќи се со географски координати, објектите можат да се исцртаат на карта и да се внесат во географски информациски системи или пак координатите можат да се вметнат во снимки и слики како дигитални фотографии по пат на геоозначување.

Центарот на Скопје на македонската верзија на OpenStreetMap

Наспроти ова постои обратно геокодирање: пронаоѓање на здружено место во текст како улична адреса, од географски координати.

Геокодер е програм или интернет-служба што служи за геокодирање.

Интерполација на адресите

уреди

Еден прост метод на геокодирање е интерполација на адресите. Тука се користат податоците за улиците од постоечки географски информациски систем, каде улиците се веќе исцртани во географскиот координатен простор. Секој дел од улицата се поврзува со низа адреси (на пр. броевите на домовите од еден дел до друг). Системот за геокодирање зема една адреса, ја споредува со улица и нејзин дел (како на пр. градски блок). Потоа системот ја интерполира местоположбата на адресата во рамките на низата долж тој дел.

Други техники

уреди

Други начини на геокодирање: наоѓање на средишна точка на една парцела (плац), ако базата на ГИС има податоци за парцелата. Во руралните подрачја и други места без квалитетни податоци и адресирање на улиците, местата се заведуваат со GPS-уред. Сообраќајните несреќи се гекодираат со пронаоѓање на раскрсницата или средишна точка долж линијата на улицата. Автопатиштата во развиените земји имаат милјокази како помош за итни ситуации, одржување и снаоѓање. Може и да се искористи комбинација од овие техники, зависно од саканата примена.

Примена

уреди

Геокодираните места се полезни во извршувањето на разни задачи во картографијата и анализите со ГИС. Геокодирањето е доста присутно на интернет, и наоѓа примена кај службите за насоки во возењето, или пронаоѓање на најблиските продавници и услужни места. Ова е еден од неколку методи на добивање на географски координати за геоозначување на слики и снимки, како на пр. фотографии или записи за RSS.

Некои системи за геокодирање

уреди

Служби на интернет:

  • MapQuest Архивирано на 12 јуни 2011 г. - бесплатно за до 5.000 барања дневно, со лиценцни ограничувања; се нудат разни комерцијални лиценци.
  • Google Maps - бесплатно за до 2.500 барања дневно, но со голем број на ограничувања (на пр. клиентот е обврзан да истакнува слики од Google Maps).
  • Bing Maps (Microsoft) - бесплатно за мрежни места наменети за општата јавност, незаштитени со лозинки; разни можности за комерцијални лиценци.
  • OpenStreetMap - сосем бесплатно и слободно; ограничено покритие (јули 2010).

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Англиски

уреди